Комуњарите и Албанците во власта требаше досега да поднесат милион оставки после сите скандали и трагедии што се случија. Тие за случајот со онкологија каде што имаше десетици, ако не и СТОТИЦИ жртви не поднесоа оставка или за гламјосаните луѓе во нивните шкарт ,,болници" во Тетово, а камоли за ова. Затоа што нивното поднесување на оставките заради морални или етички причини ќе доведе до нивниот прекин на власта. А тоа не го сакаат, но со оглед на тоа што народното незадоволство спласна, тие може да си дозволат ваквиве пропусти да се протнат до јавноста затоа што и онака нема да одговораат, ниту па ќе бидат дигнати на клоци. Факт е дека овие пропусти штом власта дозволи да се протнат (штом им дозволија и на опозицијата да ги преземат), значи дека се вистински и посочуваат на најстрашното, а тоа е дека сево ова можеше да се избегне. Впрочем можеше и пред многу години, ако конечно се испозатвореше Палчо, бидејќи неговото досие е дебело, а според тоа што читав за него, пишува дека никогаш не лежел затвор. Тоа најдиректно кажува дека тој ја навјасувал власта секогаш, односно или ја поткупувал или нешто појак бил. Ама ако гледаме поопширно околу македонското општество, ќе забележиме дека има еден куп Палчовци што си се на слобода, затворот не ги допира, а некои дури се странци (Пекер).