Иран - MAKЕДОНИЈА (18.11.2009) во Техеран (1-1)

Член од
13 септември 2007
Мислења
267
Поени од реакции
4
проблемот со нас е пред се нападот. Едноставно сите се гледаат помеѓу себе кој да шутне. Честопати сакаат со топка да влезат во гол.

Одбрана имаме релативно добра. Новевски, Митрески, Седловски (иако застарува). Попов. Средниот ред малце ни фали. Шуми како дефанзивен, а Тасевски со малце креативност можат добро да изиграат. Еве и деспотовски добро игра.

Арно ама освен Пандев нема кој што да направи. Немаме играч кој од 15 метри би можел да шутне и да даде гол. Голем дел од головите ни се од 3-4 метра "tap ins" кога веќе голманот е совладан.

Еве во овој кваликациски циклус видете ги головите кои сме ги дале. Или пандев дал гол, или одбиената на Наумовски со шкотска. Тука ние изгубивме и не се пласиравме, со Норвешка и Шкотска, имавме шанси но не ги истористивме. Холанѓаните го покрија пандев и толку беше нашата игра. Еднолични сме.


Не знам зошто тасевски не се проби во репрезентацијата. Има телент со топката, ама можеби не знае кога треба да подаде. Таков еден плејмејкер со Пандев да се врзе и после тоа ни треба само еден истурен шпиц. Нас двајца шпицови не ни требаат бидејќи пандев ќе биде тој втор шпиц во дадени ситуации.
 

Кавадарчанец

Бадр Хари фан
Член од
18 декември 2007
Мислења
4.156
Поени од реакции
29
Од тие што гледале дали може некој да ми каже дали играл Мојсов и колку :helou:
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.990
Поени од реакции
7.133
До кога бе ќе примаме вакви ефтини голови? До кога? Па ова не треба да се случува ни на пријателски натпревари. Дефинитивно немама асален голман. Исто вака Пачовски згреши и против Болтон (или тоа беше Маџовски?). А нашиот гол 5-ка, каква акција како англиски фудбал, во три потега. За тоа алал им вера. Сепак се на се добар резултат, ќе се кренеме на ФИФА листата.
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.445
Поени од реакции
8.573
еве копилината од газди на тв не дадоја помочани 4500 евра за да ја гледаме утакмицата
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=111891049109&id=19&prilog=0&setIzdanie=21840
Во услови кога за ТВ-правата за странските фудбалски првенства приватните телевизии даваат и над 500 илјади евра годишно, сега скапа им била цената од 8.500 евра за да го пренесуваат денешниот пријателски меч Иран - Македонија, па пренос нема да има

Денешниот пријателски фудбалски натпревар Иран - Македонија, закажан за 15.30 часот во Техеран, нема да биде пренесуван директно на ниту една македонска национална телевизија, поради тоа што газдите на медиумите не сакале да одвојат сума од околу 8.500 евра за да ги откупат ТВ-правата за преносот.

Македонските љубители на фудбалот, особено кога станува збор за националната репрезентација, денеска ќе може да ги гледаат Пандев, Седло, Попов и другарите, но само на сателитската програма на иранската телевизија. Среќа што иранската ТВ не е со кодиран пристап, па може да се гледа слободно, со каква било сателитска антена која ја фаќа нивната фреквенција.

Но, тоа е варијанта што може да ја искористат мал број луѓе, а другите веројатно ќе ги наполнат обложувачниците, каде што сигурно ТВ-приемниците ќе бидат вклучени на иранскиот сателит. Но, сепак, останува горчина во устата, кога се знае дека на ниту една наша телевизија, особено на националната МТВ, нема да има пренос од дуелот.

- Линиите за трасата чинат 4.500 евра, зашто станува збор за една линија, не за „унилатерал“. Тоа значи дека линијата би одела само до Македонија, како единствена заинтересирана за да го преземе преносот. Отприлика уште толку чинат и ТВ правата, но ниту една телевизија не беше заинтересирана да ги откупи. Сакам да разјаснам дека пониска цена не може да се добие, зашто толку пари бараа носителот на ТВ-правата за иранската репрезентација, а тие пари ним мора да им ги платиме - вели Драган Живковиќ од Спорт Фајф, компанија која ги поседува ТВ-правата за македонската репрезентација.

Тој вели дека тешко може да се случи некоја телевизија во последен момент да се премисли и да плати, зашто „кој би сакал да влета во таков трошок, а притоа да нема ниту еден ден за да си го рекламира преносот“.

- Сопственикот на А1 телевизија Велија Рамковски вели дека тој поддржува македонски спорт, имаше најави дека ќе се даваат милиони евра инвестиции, но за ова нема никаков фидбек. Сител досега купи многу преноси од македонската репрезентација, за овој меч можеби немаат финансиски интерес. Но, не би сакал да им навлегувам во нивниот бизнис, или да кројам уредувачка политика на телевизиите. Пренос нема да има, зашто никој не пројавил интерес за ТВ-правата, кои да бидеме искрени, воопшто не се скапи, ако се знаат цените на другите натпревари - вели Живковиќ.

Комерцијалните македонски телевизии годинава ги урнаа сите можни бариери нудејќи баснословни суми на пари за странските првенства. Така, според неофицијалните информации, за една сезона од англиската Премиер лига Сител одвои 650.000 евра, Алфа и Алсат платија еден милион евра за три години емитување на шпанското првенство, Телма за Серија А годишно плаќа 250.000 евра, а најмалку чини француското првенство, за кое МТВ одвои 70.000 евра. Рекордот го држи Канал 5 кој, за две години за преносите од Лигата на шампионите, треба да плати сума од два милиони евра.




Репрезентативците оптимисти дека можат да победат

Македонската фудбалска експедиција продолжува според планот пред денешниот настап против Иран. Вчера, во терминот на одигрувањето на натпреварот избраниците на Јонуз го одржаа и вториот тренинг, а фудбалерите се оптимисти и со нетрпение го очекуваат дуелот со една од најсилните азиски селекции.

- Овие два дена одлично ни дојдоа да се приспособиме на условите во Техеран, но и да се одмориме од настапот со Канаѓаните. Иран е противник за респект, репрезентација која во своите редови има одлични играчи и интернационалци од Осасуна и од Фулам. Нема дилеми дека нé очекува тежок натпревар, вистински тест, кој треба да ја потврди нашата добра форма во овој момент. Потребна ни е добра серија резултати и пред сé да се обидеме да бидеме ефикасни и на гости, нешто што ни недостасуваше во претходните квалификации. Илчо Наумоски и Игор Митрески сигурно ќе ни недостигаат, но имаме алтернативи и се надевам дека одбраната ќе биде на потребното ниво - изјави најискусниот во нашиот тим, Гоце Седлоски, кој доколку го почне натпреварот ќе ја носи капитенската лента, во спротивно таа останува кај Шумуликоски.

Голем оптимист е и голманот Томе Пачовски, кој успеа првпат во својата репрезентативна кариера да одбрани удар од белата точка, во саботата против Канада.

- Против себе имаме одлична репрезентација која сигурно ќе бара реванш за поразот од пред неколку години, но и ни дава можност да потврдиме дека резултатите од претходните средби не се случајни. Очекувам сигурно да имам многу повеќе работа од средбата со Канада, но верувам дека во одбраната ќе бидеме добро организирани и нема да дозволиме да примиме гол - вели Пачовски.




натпреварување сума телевизија
Премиер лига 650.000 Сител
Примера дивизија 1.000.000 Алфа/Алсат
Серија А 250.000 Телма
Лига на шампиони 2.000.000 Канал 5
Лига 1 70.000 МТВ
Македонија 8.500 нема заинтересирани

# сумите се неофицијални
па и интернетот ми се потроши се да му ебам малер невиден :uvo:
 
K

kaiser soze

Гостин
Од тие што гледале дали може некој да ми каже дали играл Мојсов и колку :helou:
Изигра околу 20 минути,ама не на стандардната за него позиција стопер,туку како дефанзивен играч за врска.
Инаку Пандев и денес ни беше главен играч.Добро се градеше,ги разигруваше другите напаѓачи,ствараше шанси,за на крајот по одлична асистенција на Лазаревски,да даде гол со глава.
Јонуз го почна мечот со Савиќ и Ивановски,во партнерство со Пандев,а вториот дел го изигра со Ибраими и Стојков.
Со шанси бевме егал,прво плувреме иранците немаа ниту една,ама по очајната интервенција на Пачовски,примивме многу евтин гол.Второ,уште на почеток постигнавме погодок,а потоа следуваше препознатливиот за нас пад во играта,со две шанси за иранците,кои сепак не завршија со гол.Ние имавме една зрела прилика преку Пандев и една полушанса на Ибраими,кои голманот ги одбрани.Најинтересниот момент беше во последните минути од средбата,кога тие ја погодија пречката,а ние веднаш во контранапад,имавме огромна прилика преку Стојков,кој беше очи в очи со голманот,но за жал овој одбрани.
На крај,реален исход на овој натпревар,солидна контролка и за нас,а и за иранците.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Убава акција направија нашите, браво.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.076
Поени од реакции
74.810
Како моше Пачовски на некои мечеви да брани супоер на други тапанарија. Значи слободниве удари му се хаос:nesvest: Колку гола сме примиле на негова душа. Уште ми текнува на ланските киксови кои ги правеше во Вардар. Голот во автокомнда од слободен просто му помина низ раце топката, мада теренот беше крш. И никако нема да го заборавам мечот со Милано, кога направи три катастрофални кикса. И како заслужи да добие место во националниот дрес по ланската катастрофална сезона не ми е јасно:toe:
 
Член од
6 април 2009
Мислења
6.147
Поени од реакции
2.988
Како моше Пачовски на некои мечеви да брани супоер на други тапанарија. Значи слободниве удари му се хаос:nesvest: Колку гола сме примиле на негова душа. Уште ми текнува на ланските киксови кои ги правеше во Вардар. Голот во автокомнда од слободен просто му помина низ раце топката, мада теренот беше крш. И никако нема да го заборавам мечот со Милано, кога направи три катастрофални кикса. И како заслужи да добие место во националниот дрес по ланската катастрофална сезона не ми е јасно:toe:
Епа некој мора да добие место, со оглед на тоа колку дооообри голмани имаме.:ija:
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.076
Поени од реакции
74.810
Епа некој мора да добие место, со оглед на тоа колку дооообри голмани имаме.:ija:
Mаџовски бранеше истотака солидно во репрезентација требаше да остане на местото прв голман:smir:
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.015
Поени од реакции
5.680
Маџовски да не правеше излети од по 20 метри можеби и ќе останеше да брани за репрезентација. Гледаш обична акција, вртат, лево-десно и гледаш голман кај што трча на дваесетина метри... па нормално не сака никој таков голман, добро, освен во Манчестер Јунајтед, имаат тие мерак по такви голмани. Пачовски и јас мислев дека не е којзнае каков голман, денес имаше лош кикс, но очигледно е тоа што брани во странство го има доста подобрено :)
 
Член од
22 март 2009
Мислења
2.356
Поени од реакции
454
Не ја гледав утакмицата али по ова што го видов скоро изедначени смо биле со шансе.
Добар центаршут на Лазаревски и супериорна реализација на Пандев.
И дегененов Пачовски мора да направи грешка,како само му се испушти од рука..али тоа идемо даље :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom