проблемот со нас е пред се нападот. Едноставно сите се гледаат помеѓу себе кој да шутне. Честопати сакаат со топка да влезат во гол.
Одбрана имаме релативно добра. Новевски, Митрески, Седловски (иако застарува). Попов. Средниот ред малце ни фали. Шуми како дефанзивен, а Тасевски со малце креативност можат добро да изиграат. Еве и деспотовски добро игра.
Арно ама освен Пандев нема кој што да направи. Немаме играч кој од 15 метри би можел да шутне и да даде гол. Голем дел од головите ни се од 3-4 метра "tap ins" кога веќе голманот е совладан.
Еве во овој кваликациски циклус видете ги головите кои сме ги дале. Или пандев дал гол, или одбиената на Наумовски со шкотска. Тука ние изгубивме и не се пласиравме, со Норвешка и Шкотска, имавме шанси но не ги истористивме. Холанѓаните го покрија пандев и толку беше нашата игра. Еднолични сме.
Не знам зошто тасевски не се проби во репрезентацијата. Има телент со топката, ама можеби не знае кога треба да подаде. Таков еден плејмејкер со Пандев да се врзе и после тоа ни треба само еден истурен шпиц. Нас двајца шпицови не ни требаат бидејќи пандев ќе биде тој втор шпиц во дадени ситуации.
Проблемот не е во Нападот, одбраната, или шо ти ја знам.
Проблемот е во ФФМ, организирањето на натпревари, мотивацијата.............. и ред други такви работи.
Не може Фудбалска репрезентација, да оди на наптревар во Техеран како туристи, уште да земат сами да си ги вадат билетите и визите.
ПО 14-ЧАСОВНОТО МАЛТРЕТИРАЊЕ...
Репрезентативците револтирани пристигнаа во Техеран
Не е никаква новина дека репрезентацијата е далеку од третманот кој треба да го има најдобриот национален тим, меѓутоа согласно долги години жалниот начин на водење на мак-фудбалот, не е никакво изненадување што македонските репрезентативци крајно револтирани пристигнале вчера рано наутро во Техеран каде утре ги очекува пријателскиот натпревар со Иран.
Од 13 часот во неделата на скопскиот аеродром, националите во Техеран се сместилие дури вчера во 3 часот наутро по средноевропско време, односно 5:30 часот по локално време, откако претходно цели три часа "дремеле" на аеродромот во Техеран за да се докомплетираат техничките визни формалности за нивен влез во Иран. Меѓутоа, нивниот револт бил дополнително "загреан" откако потоа се забележани повеќе од скромните сместувачки капацитети кои во главниот град на Иран биле одбрани за нашата "А" селекција.
"Навистина не знаеме дали и другите репрезентации го добиваат истиот третман, да се малтретираме безмалку на секое наше патување на овој начин со 'дремење' на аеродроми по неколку часа. Има ли, се прашуваме, нашата федерација доволен авторитет па соодветно да го добиеме третманот како поканети гости на еден официјален меѓудржавен натпревар? Посебна приказна е хотелот каде отседнавме...", револтирано ни коментираа вчера неколку репрезентативци со кои контактиравме, истакнувајќи дека во секој случај за нив без исклучок останува максималниот ангажман на утрешната средба како и секогаш на крајот сите негативности да бидат избришани со триумф на зелениот терен.
Ова не смее да се случува на Фудбалска Репрезентација на Македонија. Ова е срамно, нека земе Дон Хари вака да дреме по аеродромите.
Ѓуровски веке колку време не може добие пасош, заради тоа шо сеа се ангажирани СИТЕ околу изборите и к*р ги боле за “овче поле“.
Туку..... и ние сме за стап шо дозволуваме вакво нешто, та не превземеме нешто!
ПС. Тасевски Е веке стандарен до пред некој меч пред да се повреди, така да .........
Да играа во Струмица ќе ги тепавме 3-0 ама еве то ти е то.
И да ни судеа Бугарските судии!:pos2:
Пачовски дефинитивно не е голман за репрезентација (без разлика што има и добри денови). Сепак во моментов најспремен мислам дека е Јане, а не знам зошто никогаш Ока Николов не доби вистинска шанса иако е со години прв голман на Ајнтрахт.
Респект за Пачовски, истото мислење и ја го иам! не верувам да сме имале после Репрезентативен голман досега, секогаш сме имале голмани за почит.
Но за Ока Николов ЕПТЕН не се согласувам. Тој ја да сум, има да ја забрави Македонија како земја (шо он одамна и го стори тоа). Кога требаше да игра за Македонија, неможеше да игра ради Германскиот Пасош, и замисли Џукелата им рекол Чим не бива не бива, ја не можам да го откажам Германскиот пасош!!!!
![Тапшање :tapp: :tapp:](/styles/default/xenforo/emot/tapp.gif)
Значи него забрај го, такви играчи ама воопшто не ни требаат!