Има ли спас од партиите?

Член од
2 јули 2009
Мислења
295
Поени од реакции
158
Еден и единстврен спас од партиите е
намалуваење на "Државните плати" за 50%
јас би рекол 100% во одредени институции или минимална плата 9500 со процент од завршена работа па да видиш како сите ке бегаат од администрација или ке треба да испотат газот за да извадат плата е тогаш ке имаме администрација :)
 
Член од
28 мај 2014
Мислења
1
Поени од реакции
1
Нема спас - Тие што се способни нешто да променат се веќе надвор од Македонија или ќе си заминат набрзо. Тие што ќе останат или им е сега добро или не се способни да си заминат...
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.127
Поени од реакции
17.916
Целиот набој што се создава, се создава заради идеолошки несогласувања. Имаме идеолошки несогласувања ама баш секаде.

И баш заради тоа не се среќни и тие што се финансиски стабилни, како вработените во администрација. Непријатна ситуација е да се најдеш како мета на две пропагандни машинерии кои доведуваат во прашање буквално се. Во Македонија денес немаш цврсто тло. Нема принцип кој не е релативизиран или доведен во прашање. Целосно се согласувам со тоа. Затоа и констатирам дека нема врска со финансиска сигурност.

Само не се согласувам со промени. Не може да се промени, може да заврши. Треба да се симнат ракавиците, да се испрлаат рацете и конечно да се стави точка на ова. Затоа што луѓето ќе почнат да си ги преиспитуваат и сопствените мисли. Што генерално не е лоша работа, ама не секој може да издржи.
Значи сакаш да ми кажиш дека не се чувствувам лошо заради лошите закони, огромните казни за приватниве фирми, лошото здравство, лошото судство...

... туку заради "идеолошкиот" спин кој што во моментов го прават двете најголеми партии?
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.719
Поени од реакции
15.594
Можеби создавањето на Горен дом во Собранието составен од (непартиски) граѓани заслужни за Македонија може да ги промени политичките вреднувања и да биде кочница за штетните закони и одлуки кои идат од собраниското партиско мнозинство (Владата). Затоа што вака Собранието е чиста форма, нема никакво влијание на Владата.
Англиски систем, Кралица со апанажа, Горен дом - волонтери ,( богати бизнисмени, уште пред 100 години еден услов бил и да имаш куќа со 16 прозорци на главна улица) и Долен дом со плати = на учителски... и се тоа е поевтино и подобро од ова бескрајна политичка пропаганда и саботажи...
Но не е можно ни да се скрати бројот на пратениците, законите се такви да треба тие самите да решат а тоа е потешко одколку да се растури државата... сега пратенек може да не оди на работа, може да земе калашников и да се бори против државата или да шири пропаганда за странска држава мува не го лазе, апанажа оди...
 
Член од
28 јануари 2015
Мислења
518
Поени од реакции
2.870
Спас од партиите...? Лесен одговор: "Нема". Зборувам за нашата земја, народот премногу е поделен кога станува збор за партија, а и голем дел се и членови на некои си политички структури. Барем денес е лесно да се забележи благодарение на интернетот, ако им ја навредиш (или кажеш нешто против) нивната партија, тоа тие го сваќаат како мајка да си им опцул, и одма се преобразуваат во неандарталци, човеколики мајмуни итн... се со цел да те направат од гомно подолу. Да, и пред 20 години имало вакви случаеви, ама ова денес ти е Боже сачувај, нажалост :/. Пример деновиве се актуелни "бомбите", и не ми се верува како можат да постојат толку заслепени лица во земјава... абе еден, ЕДЕН не излезе со став да престанат двеве најголеми политички партии во земјава да си играат курот со народов. Сите завземаат страна. Дел од вината тука завземаат и телевизиите, поточно уредничката политика, секојдневно сме мета на најразлични платеници од партиите како водат вести и емисии и се обидуваат уште толку да го исперат и онака исперениот мозок на народот. Вака-така кој и да дојде на власт, исти курац ќе биде, нема ништо да се промени во земјава.
Голем недостаток е тоа што фали трета партија на политичката сцена, вака сме осудени на статус кво ситуација во државава, нажалост
Таа трета партија на претходните избори беше ГРОМ и интересно беше тоа што за кратко време успеа да се актуелизира, да привлече внимание, па дури и освои еден пратеник. Само во последно време не се нешто посебно активни или барем ги нема во јавноста. Тоа е најголемата грешка на опозициските партии, што пред избори трчаат наваму - натаму, ветуваат се и свашта, а после се повлекуваат и си работат за свој интерес. Епа не можеш да добиеш гласови ако дремеш цело време во позадина, треба постојано да се дејствува, да му се нуди нешто на народот, да се задоволат барем неговите минимални потреби.....
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.125
Поени од реакции
25.516
Значи сакаш да ми кажиш дека не се чувствувам лошо заради лошите закони, огромните казни за приватниве фирми, лошото здравство, лошото судство...

... туку заради "идеолошкиот" спин кој што во моментов го прават двете најголеми партии?
Не знам заради што ти се чувствуваш лошо, тоа си е твое. Овде говориме за генералната слика. Познавам луѓе што се материјално сигурни, немале потреба ни од здравство, ни од суд (ко и 90% од граѓаните во државава), па пак се чувствуваат нелагодно.

Едноставно, луѓето сакаат мир. Македонија е во состојба на конфликт во последниве 20 години. Ништо не е едноставно и ништо не можеш да прифатиш од прва. А тоа е ситуација која во најмала рака збунува.
 
Последно уредено:
Член од
19 февруари 2009
Мислења
1.373
Поени од реакции
1.945
Не се проблем патриите, проблем е народот. Оваа наша кревка и млада држава не знае што е тоа политика и свои права. Ќе изгласаат некој и тој ќе ги дупи 4 години(некогаш и повеќе) и ќе се жалат вака тајно. Додека не ја земи народот државата во свои раце, не смени 3 влади за една година ќе имаме вакво однесување од партиите.
Тое е тоа..
Кога власта ќе се плаши од народот,ќе има некои шанси за подобрување.
Додека народот се плаши од власта,ја сфаќа и прифаќа како господар,нема да има никаква надеж за било какво подобрување.
 
Член од
28 јануари 2015
Мислења
518
Поени од реакции
2.870
Во Република Македонија доминира поданичкиот тип на политичка култура што подразбира висок степен на подршка на власта. Граѓаните имаат респект кон политичкиот ситем и неговите институции, покажувајќи висок степен на лојалност пред сé кон државата (власта), а во извесна мера и кон сите други субјекти во политичкото живеење. Граѓаните имаат мала доверба во можноста, со своето учество, да влијаат врз политичките процеси. Меѓу народните маси преовладува мислењето дека политиката е, исклучиво, раководена од страна на политичките елити кои самостојно ги донесуваат одлуките и врз кои е многу тешко да се влијае. Кај нас тоа се потврдува со фактот што изминативе осум години истата политичка опција победува на локалните, претседателските и парламентарните избори. Земајќи го во предвид фактот што суштинските проблеми како што се сиромаштијата, невработеноста и лошата економска состојба со коишто се соочуваат граѓаните на Република Македонија и натаму остануваат нерешлива енигма, сосема е јасно дека подршката кон постојната политичка елита на власт се темели врз популистичките методи коишто, засега, политичките елити на власт мошне успешно ги имплементираат во комуникацијата со граѓаните. Несомнено е дека Македонија е сеуште многу далеку од партиципативната политичка култура којашто е типична за западно европските развиени демократии и се карактеризира со плурализам, активен однос кон општествената стварност, толеранција и рационален пристап во прифакањето и признавањето на легитимитетот на власта. Во овие држави, граѓаните имаат висок степен на доверба во институциите на системот и развиена свест, како за своите можности да влијаат врз политички процеси, така и за институционалните механизми што ги имаат на располагање за активно да влијаат врз политичкиот живот во општествената заедница во која егзистираат. Едноставно кажано живееме во време кога се спроведуваат реформи без притоа да се има свест за промените, содржините и последиците кои што треба да произлезат од нив.
 
POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
644
Таа трета партија на претходните избори беше ГРОМ и интересно беше тоа што за кратко време успеа да се актуелизира, да привлече внимание, па дури и освои еден пратеник. Само во последно време не се нешто посебно активни или барем ги нема во јавноста. Тоа е најголемата грешка на опозициските партии, што пред избори трчаат наваму - натаму, ветуваат се и свашта, а после се повлекуваат и си работат за свој интерес. Епа не можеш да добиеш гласови ако дремеш цело време во позадина, треба постојано да се дејствува, да му се нуди нешто на народот, да се задоволат барем неговите минимални потреби.....
Тек сега почнува градењето на ГРОМ, со нови лица, реорганизација и активно, на терен промовирање на програмата. Особено се спрема за локални избори иако има време за нив, со неделни активности низ општините, акции, хуманитарни акции како досега, актуелизирање на локалните проекти итн.[DOUBLEPOST=1424022470][/DOUBLEPOST]

Тек сега почнува градењето на ГРОМ, со нови лица, реорганизација и активно, на терен промовирање на програмата. Особено се спрема за локални избори иако има време за нив, со неделни активности низ општините, акции, хуманитарни акции како досега, актуелизирање на локалните проекти итн.
 
Можно е да, немам информации. Ма да, сметам дека имаат потенцијал барем колку - толку да ја раздрмаат политичката сцена, ама ќе треба доста да се потрудат.
 
POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
644
Можно е да, немам информации. Ма да, сметам дека имаат потенцијал барем колку - толку да ја раздрмаат политичката сцена, ама ќе треба доста да се потрудат.
Така се почнува, сепак 1 годима се само формирани, не можеме да ги споредуваме со сдсм или вмро, нела логика. Полека со стратегија, така се прави политика.
 
Член од
28 јануари 2015
Мислења
518
Поени од реакции
2.870
Така се почнува, сепак 1 годима се само формирани, не можеме да ги споредуваме со сдсм или вмро, нела логика. Полека со стратегија, така се прави политика.
Така се почнува, сепак 1 годима се само формирани, не можеме да ги споредуваме со сдсм или вмро, нела логика. Полека со стратегија, така се прави политика.
Така е, се согласувам. Спомнав јас дека за кратко време успеаја да привлечат внимание посебно околу претходните избори, баш беа појава тогаш. Е сега, ги немам одамна анализирано шо праат, како праат така да не можам повеќе да кажам.
 
POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
644
Така е, се согласувам. Спомнав јас дека за кратко време успеаја да привлечат внимание посебно околу претходните избори, баш беа појава тогаш. Е сега, ги немам одамна анализирано шо праат, како праат така да не можам повеќе да кажам.
Имаат заменик министер за локална, дииректор за хидромет. работи, Фонд за осигурување на депозити и директор на една клиника, сега за сега. Останува центристичка партија, посекако.
 
Член од
28 јануари 2015
Мислења
518
Поени од реакции
2.870
Имаат заменик министер за локална, дииректор за хидромет. работи, Фонд за осигурување на депозити и директор на една клиника, сега за сега. Останува центристичка партија, посекако.
И пратеник....
 
Kajgana Shop

На врв Bottom