Спас од партиите...? Лесен одговор: "Нема". Зборувам за нашата земја, народот премногу е поделен кога станува збор за партија, а и голем дел се и членови на некои си политички структури. Барем денес е лесно да се забележи благодарение на интернетот, ако им ја навредиш (или кажеш нешто против) нивната партија, тоа тие го сваќаат како мајка да си им опцул, и одма се преобразуваат во неандарталци, човеколики мајмуни итн... се со цел да те направат од гомно подолу. Да, и пред 20 години имало вакви случаеви, ама ова денес ти е Боже сачувај, нажалост :/. Пример деновиве се актуелни "бомбите", и не ми се верува како можат да постојат толку заслепени лица во земјава... абе еден, ЕДЕН не излезе со став да престанат двеве најголеми политички партии во земјава да си играат курот со народов. Сите завземаат страна. Дел од вината тука завземаат и телевизиите, поточно уредничката политика, секојдневно сме мета на најразлични платеници од партиите како водат вести и емисии и се обидуваат уште толку да го исперат и онака исперениот мозок на народот. Вака-така кој и да дојде на власт, исти курац ќе биде, нема ништо да се промени во земјава.
Голем недостаток е тоа што фали трета партија на политичката сцена, вака сме осудени на статус кво ситуација во државава, нажалост