Има ли спас од партиите?

Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
911
Македонија и македонскиот народ не ги уништиле ниту турците, ни бугарите, ниту србите... Никакви, освојувачи, империи, идеологии и пропаганди, но партиите можат да не уништат. Сите споменати закани се надворешни, но ова е внатрешна и е неограничена во растот на деструктивната моќ врз нацијата. Партискиот систем (pars - дел) во основата значи постојана поделеност и судири во народот.

24. Ако едно царство се раздели на делови, еден против друг, тоа царство не може да се одржи;
25. и, ако еден дом се раздели на делови, еден против друг, тој дом не може да опстане;
Марко 3

Ако се проучува, колку е посилна некоја западна држава-империја ќе се види дека поделбата на партиите е само привидна или покрај разградувачкото и уништувачкото дејство на партиите постојат и обединувачки елементи на политичкиот систем. Така штетните ефекти на националните поделби и судири по партиска основа се отстранети или значително ублажени, а партиското соперништво и политичките амбиции се искористени во полза на нацијата. Политичкиот систем на САД во основа е монархија, само без крал. Целата правна организираност на државата е пресликана од Обединетото Кралство. За да не излезе изневерена борбата против британскиот крал одлучиле наместо крал да постават Претседател со големи надлежности. Настрана од сенаторите и гувернерите, во САД нема избори за администрацијата. Се избира еднаш за секогаш од горе и по потреба се менува од горе. Само при појава на притисок во јавноста, при големи пропусти, оние од горе може да се „принудени“ да го сменат функционерот што потфрлил.
За разлика од тие политички системи овде имаме гол партиски систем каде правно неограничената моќ на партиите им овозможува да дојдат до ниво на збесната неодговорност во злоупотребата на моќта и изживување над граѓаните. Во изминатите 24 години правно се затворени сите дупки за било какво иницијатива одоздола за влијание врз „избраните“. Почнувајќи од избори зависни од финансиската пропагандно-медиумска моќ, се до ради реда одредби (како референдум) што се практично неостварливи.
Партиите безобѕирно и без размислување влегоа и во најсветите национално-обединувачки основи како што се: црква, бранители, врховни судски инстанци, младина, спорт и внесоа поделби и раздори во секоја сфера од живеењето.
Што ќе се случи со македонскиот народ ако не успееме да ги надминеме партиските поделби?

Не споменувајте ВМРО, СДСМ или било која партија зборуваме за суштествената слабост на системот кој потроши половина од социјалистичкиот период, а не ни профункционира во обезбедувањето ниту на основна праведност, ниту некаква економска сигурност. Кои се правните решенија кои треба да се внесат за да се ограничи партиската разградувачка моќ врз единството за да се поправи сликата во националната состојба.
 
The Love Doctor

Необичен љубовен доктор
Член од
11 јануари 2015
Мислења
956
Поени од реакции
1.289
Нема спас од партиите. Тие партии од година во година ја носат Македонија во се поголема беда и сиромаштија.
 
GreenRoot

^Зелен^
Член од
20 јули 2011
Мислења
2.341
Поени од реакции
1.719
Имат спас од партиите а се наоѓа на Марс.
 
The Love Doctor

Необичен љубовен доктор
Член од
11 јануари 2015
Мислења
956
Поени од реакции
1.289
Предложив оставете ВМРО :lut: СДСМ.
Се ежам само кога ќе ги прочитам тие комбинации од букви и затоа не ги спомнувам, и двете партии се која од која по.......
Ние обичните луѓе не видовме аир ни од едните ни од другите, а и трети да дојдат на власт јас сум 99% сигурен дека ни со нив нема да ни биде поарно.
 
Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
911
Се ежам само кога ќе ги прочитам тие комбинации од букви и затоа не ги спомнувам, и двете партии се која од која по.......
Ние обичните луѓе не видовме аир ни од едните ни од другите, а и трети да дојдат на власт јас сум 99% сигурен дека ни со нив нема да ни биде поарно.
Можеби создавањето на Горен дом во Собранието составен од (непартиски) граѓани заслужни за Македонија може да ги промени политичките вреднувања и да биде кочница за штетните закони и одлуки кои идат од собраниското партиско мнозинство (Владата). Затоа што вака Собранието е чиста форма, нема никакво влијание на Владата.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.472
Поени од реакции
3.050
Имат спас од партиите а се наоѓа на Марс.
За жал не е веќе така. Според некои кои тврдат дека се во секојдневна комуникација со Марсовците (преку сондите кои им ги напикале вонземјаниве) таму се зарчкале Унијата на античките Марсовци, Семарсовскиот сојуз и Црвеномарсовската алијанса, чии тајни служби и агенции будно следат се што се случува кај нас.

Можеби создавањето на Горен дом во Собранието составен од (непартиски) граѓани заслужни за Македонија може да ги промени политичките вреднувања и да биде кочница за штетните закони и одлуки кои идат од собраниското партиско мнозинство (Владата). Затоа што вака Собранието е чиста форма, нема никакво влијание на Владата.
Можеби. Ама таму ќе се наредат Есма Реџепова и куп академици, ракометари и Дарко Панчев, кои заедно со Трифун Костовски, Зегин и Гуштеров тешко дека ќе ни го осветлат патот. Заслужните нема ни да присмрдат во таков, скоро невозможен Горен Дом, ако воопшто некогаш истиот дојдд предвид.
 
Последно уредено:
T

templar55

Гостин
Како бе нема спас? Пример: tv-то го поклонив и одамна веќе не гледам сител мител и остали срања од мк телевизија. Вести немам гледано можеби 6-7 год.
Од мк портали ги посетувам оние на кои нема политика а на фб мислам дека имаше апликација да не се прикажуваат статии кои содржат зборови како: вмро, сдсм, рајко, петко...
Спас има само што на многу луѓе темата вемеро и сдсм им е душевна храна.
Инаку пред некој ден бев на гости и слушнав имало некоја афера со преслушкување ама не се сконцентрирав доволно да разберам кој кого дупчел, уствари не ме ни интересираше.
Барем 10% да беа како мене можеби државата и малку ке пркнеше со тоа што нема да им обрнуваме внимание и да ги ставаме на пиедестал имбецилите од вемеро и сдсм.
 
Член од
28 јануари 2015
Мислења
415
Поени од реакции
2.866
И покрај сите слабости на партиите, едно останува сигурно: без партии демократијата не може да функционира. Нашите партии се уникатни во многу погледи. Пр. ако тргнеме од идеологијата - нашите две најголеми партии ги застапуваат двете доминантни политички иделогии во Европа - демохристијанството и социјалдемократијата. Меѓутоа, тие кај нас дотолку ги измешаа вредностите на овие две идеологии што сега ние треба да ги делиме нашиве политичари на левичари и десничари во зависност од тоа кој половина од мозокот не им функционира. Друго не ни преостанува. Затоа мора прво тоа да го променат. Понатаму, неопходни се реформи во внатрепартиската демократија, што значи можност за постоење на т.н фракции, што ќе ја зголеми можноста за различност на мислењата, што пак би резултирало со нови идеи и подобри резултати на самата партија. Исто така, континуираната позиционираност на одредени ``фаци`` во партиските раководства во период од 20 години не е соодветно за партија која инаку во својата програма промовира можности за нови личности и нови идеи во рамки на својата структура. Додека не ги променат барем овие три работи ништо од напредокот, не за друго зашто Македонија е пред се млада деморкатија и место тие да се приспособуваат на промените на општеството, тие го тераат народот да се прилагодува на нив. Е затоа тука важи она ``не е до државата, до народот е``. Народот сам ако не се спаси, нема кој да го спаси!
 
Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
911
Можеби. Ама таму ќе се наредат Есма Реџепова и куп академици, ракометари и Дарко Панчев, кои заедно со Трифун Костовски, Зегин и Гуштеров тешко дека ќе ни го осветлат патот. Заслужните нема ни да присмрдат во таков, скоро невозможен Горен Дом, ако воопшто некогаш истиот дојдд предвид.
Нигде нема совршенство, зборуваме да се поправи сликата. Колку и да се редат, сигурен сум дека нема народот да ги стави пред Ефтим Гашев, Јордан Костадинов, Светомир Шкариќ, Блаже Ристоски... Битна е и воспитната мера за партиски заразените. Оној кој имал партиска функција нема право да стане член во Горниот Дом. Плус редачите ќе мора со зборови и дела да му се додворуваат на народот.
 
Последно уредено:
K

Kacar

Гостин
Прочитав ЦРКВА: АУ не..... тоа разединува, тоа не не обединува ! И црква и џамија и синагога и све друго!
 
Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
911
И покрај сите слабости на партиите, едно останува сигурно: без партии демократијата не може да функционира. Нашите партии се уникатни во многу погледи. Пр. ако тргнеме од идеологијата - нашите две најголеми партии ги застапуваат двете доминантни политички иделогии во Европа - демохристијанството и социјалдемократијата. Меѓутоа, тие кај нас дотолку ги измешаа вредностите на овие две идеологии што сега ние треба да ги делиме нашиве политичари на левичари и десничари во зависност од тоа кој половина од мозокот не им функционира. Друго не ни преостанува. Затоа мора прво тоа да го променат. Понатаму, неопходни се реформи во внатрепартиската демократија, што значи можност за постоење на т.н фракции, што ќе ја зголеми можноста за различност на мислењата, што пак би резултирало со нови идеи и подобри резултати на самата партија. Исто така, континуираната позиционираност на одредени ``фаци`` во партиските раководства во период од 20 години не е соодветно за партија која инаку во својата програма промовира можности за нови личности и нови идеи во рамки на својата структура. Додека не ги променат барем овие три работи ништо од напредокот, не за друго зашто Македонија е пред се млада деморкатија и место тие да се приспособуваат на промените на општеството, тие го тераат народот да се прилагодува на нив. Е затоа тука важи она ``не е до државата, до народот е``. Народот сам ако не се спаси, нема кој да го спаси!
Во последнава реченица гледам чиста и неопходна вистина која треба да влезе во колективната свест. Но народот кога ќе го земе зборот треба нешто да внесе во механизмот за да не ни се повторува проблемот или барем да биде решение за подолг рок или проблемот со самоволието да биде пренесен на пофини нивоа со помали последици.[DOUBLEPOST=1423961240][/DOUBLEPOST]
Прочитав ЦРКВА: АУ не..... тоа разединува, тоа не не обединува ! И црква и џамија и синагога и све друго!
Обединува ако се отстрани клерикализмот.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.472
Поени од реакции
3.050
Нигде нема совршенство, зборуваме да се поправи сликата. Колку и да се редат, сигурен сум дека нема народот да ги стави пред Ефтим Гашев, Јордан Костадинов, Светозар Шкариќ, Блаже Ристоски... Битна е и воспитната мера за партиски заразените. Оној кој имал партиска функција нема право да стане член во Горниот Дом. Плус редачите ќе мора со зборови и дела да му се додворуваа на народот.
Проблемот е во тоа што влијанието и моќта произлегуваат од политичките/партиските и економските групации. Тие се одраз на стравовите, на желбата и на волјата на народот, па со тоа и негови единствени претставници, кои одлучуваат што е најдобро за него. За жал, нема простор за друг, па уште и прилично неутрален фактор. Малку дефетистички, ама сега - засега, така изгледаат работите. Заложникот не ги поставува правилата на игра.
 
Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
911
Проблемот е во тоа што влијанието и моќта произлегуваат од политичките/партиските и економските групации. Тие се одраз на стравовите, на желбата и на волјата на народот, па со тоа и негови единствени претставници, кои одлучуваат што е најдобро за него. За жал, нема простор за друг, па уште и прилично неутрален фактор. Малку дефетистички, ама сега - засега, така изгледаат работите. Заложникот не ги поставува правилата на игра.
При протестите пред 2-3 години народот во Бугарија толку ја потресе политичката структура што тие просто прашаа кажете што сакате.
Но овие не знаеја да кажат што сакаат и што мислат дека е решението за политичкото самоволие и уништувањето на граѓаните.
Тоа беше само за момент и тој момент не беше искористен. Набрзу работите повторно ги превзедоа структурите и нештата си продолжија по старо.
Кога ќе дојде тој момент во Македонија ние треба да бидеме спремни за точно да кажеме што треба да се промени во правниот систем во Македонија. Моеето мислење тоа треба да бидат предлози кои ќе ја ограничат моќта на партиите и кои позитивно ќе ја искористат нивната амбициозност.
 
Последно уредено:
Член од
28 јануари 2015
Мислења
415
Поени од реакции
2.866
Во последнава реченица гледам чиста и неопходна вистина која треба да влезе во колективната свест. Но народот кога ќе го земе зборот треба нешто да внесе во механизмот за да не ни се повторува проблемот или барем да биде решение за подолг рок или проблемот со самоволието да биде пренесен на пофини нивоа со помали последици.[DOUBLEPOST=1423961240][/DOUBLEPOST]
Обединува ако се отстрани клерикализмот.
Епа тој дел со народот нема да деси во скоро време. Прво, заради тоа што во будењето на свеста на народот најзначајна улога имаат медиумите, а кај нас нема ни М од медиуми. Значи, народот верува во тоа што му се прикажува на телевизија и таа пропаганда што се шири ја потиснува неговата свест за тоа дека треба да има промени. И додека сите само седат дома и коменитраат лошо е, вакво е, такво, онакво, а не излегле никаде да го кажат тоа на глас пак нема да има промени... Додека народот не се крене на нога ништо не прајме ( не зборувам за насилство да се разбереме)... Пр. да ги земеме работничките права.. Не може сите да се жалат како правата на работниците не се почитуваат, платите се мали..... и ред други работи, а на први мај на денот на работниците никој да не излезе на протест - сите на скара трчат... Епа нема промени... нема ни да има!
 
Постојат процеси на лавина, каде еден, повлекува двајца, тие други. Исто така постојат моментуми. Ако се забележи.., правилно се искористи и се одржува моментумот, работата може нагло, нагло да тргне што оние кои мислеле дека може до бескрај да се изживуваат, да добијат гадно изненадување од она кое народот може да им го приреди.
 
На врв Bottom