Има ли спас од партиите?

Т

Триптико

Гостин
Демократија е најлош систем на владеење, но не знаеме за подобар.
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
8.875
Поени од реакции
7.260
Има ли спас од партиите?
Секако дека има а тоа е земање пасошот и бегање од овие "наши " власти дали од едните или од другите!
Друга опција е да си сончоглед партија и да гледаш интерес а не идеологија и да си го бараш чарето меѓу и со нив...
Трета опција е да се бориш со сите сили без разлика на последиците против овие наши партии со твоја(трета опција)партија и со нивни камења да маваш по нив
Тие се трите избори друго чаре нема иако може да бидеш дух кој хода или безрбетник и како ѓупците да бидеш купи ден помини со мизерните плати а со тоа да се претопиш во сивилото од "владеењето" на сите до сега!
 
Т

Триптико

Гостин
„Дај боже Америка да ти ја демократизира земјата.“ – најнова национал-шовинистичка клетва.
Свашта :facepalm: Се уште мислам дека може да преговараме да ни дадат некоја територија. И така сме 2 милиони +- и не би им сметале којзнае колку. Ние оваа територија, тие некаде кај нив. Мирна глава :)
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
@sardaukar
Самиот факт што постои Факултет за политички науки укажува дека се работи за сложени прашања
Дали она што мнозинството го одбрало е добро за мене како поединец?
Не секогаш .....
Она што мене ми е потребно како поединец е да имам човекови слободи и права. За мене е добра само онаа власт која обезбедува човекови права
А власт која дозволува да се ставаат лисици на колите, ако не им платиш на зонашите и власт која им овозможува на криминалците од Топлификација да ме тужат и да наплатуваат иако ништо не ми дале - за мене не е добра власт
А власта тврди дека тоа го прави за интерес на Македонија. Тврди демек многу било лошо ако не користам парно.
Така и Хитлер - тој ги ставил интересите на нацијата пред човековите права на поединецот
Тој велел - за Германскиот народ е добро да нема умоболни, инвалиди и хедикепирани - и ги убивал таквите
Затоа го мразам Хитлер
 
Последно уредено:

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.397
Дали некој е доволно глуп, слеп, неписмен и т.н. да помисли дека еден апарат со 1000 милијарди само воен буџет и 100 000 и повеќе вработени само у шпиунски служби ќе остави една држава со буџет од 2 милијарди да владее самостојно?
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.813
Поени од реакции
15.735
Македонија и македонскиот народ не ги уништиле ниту турците, ни бугарите, ниту србите... Никакви, освојувачи, империи, идеологии и пропаганди, но партиите можат да не уништат. Сите споменати закани се надворешни, но ова е внатрешна и е неограничена во растот на деструктивната моќ врз нацијата. Партискиот систем (pars - дел) во основата значи постојана поделеност и судири во народот.

24. Ако едно царство се раздели на делови, еден против друг, тоа царство не може да се одржи;
25. и, ако еден дом се раздели на делови, еден против друг, тој дом не може да опстане;
Марко 3

Ако се проучува, колку е посилна некоја западна држава-империја ќе се види дека поделбата на партиите е само привидна или покрај разградувачкото и уништувачкото дејство на партиите постојат и обединувачки елементи на политичкиот систем. Така штетните ефекти на националните поделби и судири по партиска основа се отстранети или значително ублажени, а партиското соперништво и политичките амбиции се искористени во полза на нацијата. Политичкиот систем на САД во основа е монархија, само без крал. Целата правна организираност на државата е пресликана од Обединетото Кралство. За да не излезе изневерена борбата против британскиот крал одлучиле наместо крал да постават Претседател со големи надлежности. Настрана од сенаторите и гувернерите, во САД нема избори за администрацијата. Се избира еднаш за секогаш од горе и по потреба се менува од горе. Само при појава на притисок во јавноста, при големи пропусти, оние од горе може да се „принудени“ да го сменат функционерот што потфрлил.
За разлика од тие политички системи овде имаме гол партиски систем каде правно неограничената моќ на партиите им овозможува да дојдат до ниво на збесната неодговорност во злоупотребата на моќта и изживување над граѓаните. Во изминатите 24 години правно се затворени сите дупки за било какво иницијатива одоздола за влијание врз „избраните“. Почнувајќи од избори зависни од финансиската пропагандно-медиумска моќ, се до ради реда одредби (како референдум) што се практично неостварливи.
Партиите безобѕирно и без размислување влегоа и во најсветите национално-обединувачки основи како што се: црква, бранители, врховни судски инстанци, младина, спорт и внесоа поделби и раздори во секоја сфера од живеењето.
Што ќе се случи со македонскиот народ ако не успееме да ги надминеме партиските поделби?


Не споменувајте ВМРО, СДСМ или било која партија зборуваме за суштествената слабост на системот кој потроши половина од социјалистичкиот период, а не ни профункционира во обезбедувањето ниту на основна праведност, ниту некаква економска сигурност. Кои се правните решенија кои треба да се внесат за да се ограничи партиската разградувачка моќ врз единството за да се поправи сликата во националната состојба.
Има потреба од уште една тема а во врска со ова, Како да го запреме Говорот на омраза , посебно заканите и и застрашувањата;
http://www.ohridnews.com/vesti/80502

Ова не е доволно, треба строги законски санкции. Со декриминализацијата на клеветата новинарите си земаа премногу слобода во подбуцнување, а во говорот на омраза предничат партиските активисти и тоа посебно разни плакетолепачи кој мислат дека со тоа ќе се пробијат во партијата. Лајкање и разумно коментирање е едно, а ова што го има сега, посебно на ФБ е катастрофа. А има можност полицијата да побарат од ФБ ИП адреси и кривично да се гонат и анонимусите што се закануваат. Мислам 2-3 ца да се притворат и казнат барем парично ќе се намали ова лудило на социалните мрежи...
Патем, иако каубојот Миленко лани го биеше лош глас за говор на омраза ( повици за линч), сега како да се сменил, во последната емисија за новинарската менажерија беше без никакви закани, само изложување на негови факти ( б.т.в., интересно нема коментари за ова негова бомба во порталите на сдсм).
 
Т

Триптико

Гостин
@Ireal од кога напишано на фб е предмет на кривично гонење? Само плачко може да донесе таков закон.
 
Член од
28 јануари 2015
Мислења
518
Поени од реакции
2.870
@sardaukar
Самиот факт што постои Факултет за политички науки укажува дека се работи за сложени прашања
Дали она што мнозинството го одбрало е добро за мене како поединец?
Не секогаш .....
Она што мене ми е потребно како поединец е да имам човекови слободи и права. За мене е добра само онаа власт која обезбедува човекови права
А власт која дозволува да се ставаат лисици на колите, ако не им платиш на зонашите и власт која им овозможува на криминалците од Топлификација да ме тужат и да наплатуваат иако ништо не ми дале - за мене не е добра власт
А власта тврди дека тоа го прави за интерес на Македонија. Тврди демек многу било лошо ако не користам парно.
Така и Хитлер - тој ги ставил интересите на нацијата пред човековите права на поединецот
Тој велел - за Германскиот народ е добро да нема умоболни, инвалиди и хедикепирани - и ги убивал таквите
Затоа го мразам Хитлер
Само што кај нас на факултетот за политички науки баш и не можеш да научиш нешто за политика.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.813
Поени од реакции
15.735
@Ireal од кога напишано на фб е предмет на кривично гонење? Само плачко може да донесе таков закон.
http://www.24sata.hr/crna-kronika-news/glavasa-istrazuju-zbog-javnih-istupa-i-objava-na-facebooku-406370

има и 101 други, башка педофили... а и кај нас ако се договараат за некој нереди МВР дејствува...
 
Член од
22 јули 2012
Мислења
115
Поени од реакции
30
Најбитно е да не се дозволува по 2-3 мандати да се фаќа корени во тие пријателства, да се шири врската помеѓу лоповите , а кога се менува власта тие врски се кинат едни на други брзо очи вадат се комсишуваат префрлаат едни кај други ..
Незнам кој начин би бил прав за искоренување на тој крупен Криминал и Беда на Нардот.
 
Т

Триптико

Гостин
@Ireal сакаш да кажеш дека треба да пазам што зборам во кафана? Нека се носат сите што го поддржуваат тоа.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Само што кај нас на факултетот за политички науки баш и не можеш да научиш нешто за политика.
Навистина не знам, што студираат судентите
Веројатно си во право ако се погледа програмата на факултетот
http://www.pf.ukim.edu.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=724
На тој факултет предава и Тања Каракамишева и е коавтор на учебникот „ Политички партии и интересни групи",
Од професор кој е против автономијата на универзитетот што можеш да научиш?
Но еве за споредба што се учи на истиот факултет во Загреб
http://www.fpzg.unizg.hr/studiji/preddiplomski/politologija
 
Член од
28 јануари 2015
Мислења
518
Поени од реакции
2.870
Навистина не знам, што студираат судентите
Веројатно си во право ако се погледа програмата на факултетот
http://www.pf.ukim.edu.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=724
На тој факултет предава и Тања Каракамишева и е коавтор на учебникот „ Политички партии и интересни групи",
Од професор кој е против автономијата на универзитетот што можеш да научиш?
Но еве за споредба што се учи на истиот факултет во Загреб
http://www.fpzg.unizg.hr/studiji/preddiplomski/politologija
Се учи кој што кажал, некогаш и негде, теории углавно од филозофи, што значи воглавно идеали кои не можат да се спроведат во пракса, барем не кај нас... Понатаму, книгите не се доволно добри и не се со содржина која би одговарала на предметот што се изучува... Имаш скрипти кои се критики од некои си политиколози, најчесто американци, што е само по себе несфатливо зашто си на факултет на кој сам треба да развиеш критичко мислење, а не да учиш нечие мислење... Многу малку се учи за Македонија, онака секаде се спомнува во 2-3 реченици, додека главното внимание се посветува на политичките системи на САД, Британија, Германија и Швајцарија како поспецифични...Многу непотребни предмети, пракса никаква, многу ретко дебати и тоа е... А за Каракамишева ипак не е се така како што изгледа. На предавање ок е и го предава тоа шо треба и реално оценува... Тоа што ја хејтаат за други работи друго е....
За во Загреб не знам, не сум запознаена. За во Белград знам дека е јак факултетот.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.813
Поени од реакции
15.735
@Ireal сакаш да кажеш дека треба да пазам што зборам во кафана? Нека се носат сите што го поддржуваат тоа.
друго е вокално зборење, иако и таму има кривични дела ако има закани кон интегритет на некое лице или правен субјект; инаку погледни секаде каде пишуваш во некој коментари вели дека вашаата ИП адреса е позната итн..., т.е. медиумот ако има некој проблем го открива лицето...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom