Има ли реално некаква ТРЕТА ОПЦИЈА?

Член од
12 март 2009
Мислења
14.224
Поени од реакции
8.755
https://www.youtube.com/embed/Jqg6vZbfNJ0?start=1&feature=oembed
не е за тука, Душко Млекарот беше со СДСМ... но бидејќи тој се тргна од нив, тој спаѓа во третите,а тие требаше сега да застанат зад него, против овој невиден државен ТЕРОР... побаран е екстрадициски притвор !! ... пресудата е за учество во демонстрациите на ШАРЕНИТЕ !!
Ало, има ли некој од јавноста да реагира... не е исто со паричната казна што ја доби баба Најче за фрлање боја за време на шарената револуција, сега имазатворска пресуда !!, се бара екстрадиција од Германија
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.174
Поени од реакции
3.742
Сите смеееее, сите сме курви, сиииите смееее обични куууурвии

За да го имаме скандинавскиот систем на функционирање, треба многинството од народот да има свест и совест, морални принципи. Затоа што менталниот стадиум на мнозинството секогаш одредува какво е општеството. Дури и во Северна Кореа. Што е еден Ким према милионски народ ако му се сипа? Кога кај мнозинството е застапен страв, сервилност, подаништво, националистичка и идеолошка (комунистичка) затупеност, тогаш нормално еден да ги ебе сите.

Во земјите како Шведска на пример, не е чисто по улици, само затоа што има закони или слично. Ако сакаш да фрлаш ѓубре по улици или паркови без последици, секогаш и секој може да најде место и време кога никој нема да го види. Норвежанецот што чека на црвено на пешачки премин во 3 саат сабајле е свесен дека нема ни ебана кола ни ебан џандар на радиус од километар и дека може да помине, ама сепак не поминува. Во такви земји ако има ред за чекање на некој шалтер, а ти го пресечеш и пробаш да се убуташ од сите ќе бидеш третиран како последно гомно и секако ќе бидеш вратен на крајот од колоната. Мнозинството од самиот систем те доведува до ред и ти го покажува местото. Не се доволни само закони, не можеш ти да ставиш џандар на секој квадратен метар површина. Ако 3 од 10 не фрлаат ѓубре во река, а 7 фрлаат реката ќе биде загадена.

Иначе технички ако гледаш и кај нас го имаш тој принцип 20 на 20. Знаеш колкава е платата на премиерот? Испод 1500 евра.


Значи потребни се 2 работи:

1. Високо ниво на свест кај мнозинството
2. Закони кои ќе бидат насочени против прекршителите

Џабе е што во САД за време на прохибицијата имало строги закони кога колективно сите сакале да љокаат.

Пак, како сакаш врти го до народот е. И никакви привилегии да нема, ќе најде начин да ја злоупотреби својата моќ. Прво затоа што е расипан, второ затоа што никој нема да му замери пошто сите истото го прават и трето и да го фатат ќе фати некој врска ќе потплати некој и ќе пројде со тапшање по рамо.

Во Шведска прво има повисок стадиум на морал, второ мнозинството го почитува системот и веднаш ќе бидеш забележан порано или покасно и трето ќе го јадеш прописно. А ќе го јадеш прописно, прво затоа што судијата има повисок морален стадиум, второ ако отстапи од фер и законско судење во земја каде што тоа е дефолтот, веднаш ќе биде обележан како престапник и трето ќе го јаде прописно ради тоа од своите колеги, а ќе го јаде прописно од своите колеги...

Гледаш дека е циклично и дека џабе се и мамки и закони и 20 на 20 и немање привилиегии? Мнозинските начела одредуваат како ќе биде, ако сакаш имај ги најдобрите закони, ако сакаш стави Јапонци министри во влада, ако сакаш направи Меси да игра за македонска репрезентација. Ако останатите 10 се Величиња Шумуликовски џабе е се.
Делумно се согласувам, но научен факт е дека не само ние влијаеме на околината туку и она влијае на нас. Нормално дека не е паметна идеја да го копираш нордискиот или било кој друг систем на балканот за такво нешто треба адаптација.

Меѓутоа јасни и недвосмислени норми се чекор напред, т.е она што го пиша во точка два.

Дека секогаш ќе има луѓе што манипулираат и злоупотребуваат луѓе/ресусурси и др е непобитен факт, но тоа не е ни тема на дискусијава, а кај нас мислам дека повеќе е проблем неспроведување на закони отколку свеста која може да се смени.

Друга работа е што на пример нема потреба од некој тоталитарен систем за контрола на населението туку доволно е одредени клучни точки да се контролираат и од таму да се прати порака што е во ред, а што не.

П.С Јасно ми дека за промени потребно е време меѓутоа кај нас мислам дека повеќе е проблем што имаме тотална стагнација на секое можно поле во комбинација со масовна апатија дека ништо не може да се смени.
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
6.833
Поени од реакции
16.669
Немав време денеска ништо да отворам од вести, го искролав фејсбукон....пичкарање левици, социјалистички левици, ленки, менки...твитери, постови....абе мислиш едниве 200 миљона, другиве 250.
Шака суетни говеда...да ги стаиш на извршна функција, на првите 500 евра ќе им се отвори шупакот. Поише партии се од живи луѓе.
И после владееле муртински сељандури и чопави патори...ко скроени ни се. И тие тројца "опозиција" ги ситнат сам по сам.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
6.847
Поени од реакции
1.895
https://www.youtube.com/embed/Jqg6vZbfNJ0?start=1&feature=oembed
не е за тука, Душко Млекарот беше со СДСМ... но бидејќи тој се тргна од нив, тој спаѓа во третите,а тие требаше сега да застанат зад него, против овој невиден државен ТЕРОР... побаран е екстрадициски притвор !! ... пресудата е за учество во демонстрациите на ШАРЕНИТЕ !!
Ало, има ли некој од јавноста да реагира... не е исто со паричната казна што ја доби баба Најче за фрлање боја за време на шарената револуција, сега имазатворска пресуда !!, се бара екстрадиција од Германија
Душко има 2 правосилна пресуди. Едната за напад врз службено лице, другата не сум сигурен, мислам дека е за вандализирање на општ имот. Во што е грешката, теророт? Ако се мисли дека пресудите не се реални, нека се направи нешто околу тоа, инаку, за секој се бара екстрадиција.
 
Член од
8 јули 2008
Мислења
3.809
Поени од реакции
5.783
Од една страна е добро што сепак мислам на овие парламентарни избори се дава поголемо влијание од обично на вонпарламентарните мали партии (кои не се дел од ниедна коалиција)... бидејќи тоа може да биде некаков преседан за во иднина, за да имаме поголема размена на "идеи и програми".

Само, се надевам доколку некоја од нив влезе во парламент, нема да биде дел од никаква коалиција, бидејќи како што покажала праксата во Р.М, секоја мала партија колку год и да е произлезена од некоја објективна и "релативно чиста" побуда на гласачите, секогаш завршувала во бот-партија, продолжена рака на СДС/ВМРО.

Мислам дека најдобра long-term опција за некоја парламентарна партија (за нив самите) во моментов е да не прави коалиција со СДС/ВМРО и со тоа да биде заборавена во историјата. Напротив, на нив највеќе би им одговарал токму таа неутралност. Оттаму нивна добра тактика би била да "јаваат на незадоволството и преку-курството кон СДС/ВМРО/ДУИ" со гола (и квалитетна) парламентарна реторика, со што би пораснале и би се етаблирале на политичката сцена како релевантен играч.

Од друга страна, лошо е што партииве во очи на овие парламентарни избори се или удбашки, Кале-креирани или суптилно поддржани од СДС/ВМРО за да се анулираат "незадоволните/разочараните" кај едните или другите. Исто така, со такви некои ботови се привлекуваат неутралните, младите или пак оние кои ќе гласаат само за казна на едните/другите и голем дел од "неопределените на кои им е преку кур од сдс/вмро/дуи".

Кај Албанскиот блок се случи нешто такво и ете ги, имаат повеќе сериозни играчи, не е само ДУИ. Кај и да е тој bullying од ДУИ ќе биде избришан и маргинализиран, ова со албански кандидат им е сламка за спас и џокер кој може да ги врати на старата моќ од пред една декада.

Секако, овој процес на (повеќе од вообичаеното) етаблирање и промоција на малите партии на овие парламентарни избори наоѓа поддршка кај странците кои и самите го форсираат ова. Мислам дека со нивното инсистирање, реално имаат и добри и лоши намери (бидејќи искрено и фалат на Македонија повеќе големи политички големи играчи за напредок), ама ни самите не очекуваат какви идолопоклоници се овие во вукојебинава за 1/2/3 мочани пратенички места, и од Македонска и од Албанска страна. Све тоа на клик работи. И тоа не дека до толку западниве сакаат да ги контролираат, туку ради тоа што овие се тешки послушници, ботови, подлизурковци, неспособни и проклети.
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
304
Поени од реакции
400
Ако човек не проба, сигурно нема да има некаква промена или некаква трета опција. Тоа е исто како она "нема да играм лото, зошто нема да ми падне" или "нема да аплицирам за школарина, нема да ја добијам" и "нема да аплицирам за ова работно место, веќе е наместено или бараат 150 години работно искуство". Ако нема да пробаш, нема ни да ти упали.
Мене ме чуди како нема коалиција измеѓу СДСМ-ВМРО ДПМНЕ онака формално, не зад бифе и по кафани. А овие партииве како трети опции сигурно се подобри од бљувотините на СДСМ-ВМРО ДПМНЕ.
 
Член од
6 февруари 2007
Мислења
1.312
Поени од реакции
699
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
6.833
Поени од реакции
16.669
Овие Интегра потрошија миљони по фејсбук. Ме попарија со спам кај отворам....и тие како Левица циљаат на некоја малоумна иреал-група од општеството ама у друга крајност. Ветуваат некакви брзи железници од Битола до Струмица, од Крива Паланка до незнам каде...тие свртеле ли еден круг у тие градови да видат дали има живи луѓе у нив? Па некои рендерирани видеа професионално склопени, ко некој јапонски ултра град, а не исселено мртвило у кое останате зомбија црнат у некој sweatshop.
Друг апсурд, некакви радарски системи, набавка на black hawk хелихоптери....боже, боже...па читаш у коментари, ок, ботови се, ама како тоа ни требало, тоа било основата...
Очигледно пленот го гледаат во разочараната вморонска малоумњачина шо сфати дека дпне и сдс се копродукција, две страни на исто срање и сега ќе им обеќаваат брда и долини.
А исто, ќе заборавев, од Кокино и Алшар ќе праеле опсерватории, атракции...кое Кокино чоече, у време кога немаш болници, персонал, амбулантни коли, шофери на истите...образованието ти е мизерија, немаш никаква економија....Алшар и Кокино јеботе...на заразениве со корона да им баеме со лорандитот од Алшар у Кокино?
Да е ситуација дпне да победи, уште од сега ги гледам како први кандидати да им се приклучат у некоја влада која ќе и доебе мајката на државава, не дека не е кец-у-кец дека која и да е наредна влада ќе продужи да го праи тоа.
 

Sasa Ilic

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
2.449
Поени од реакции
5.812
Следни избори ако опстанат ке ветат спејс шатлови, летечки автомобили, автопатишта какви и Германија може да сонува...
 
Член од
30 јануари 2009
Мислења
309
Поени од реакции
203
Само заради тоа што некој има некаква визија што може да биде, треба само да се плука без да му се даде никава шанса да креира подобар свет со нашите пари, шо убаво сме навикнати да живееме со 200/300 евра шо неможеме да видиме подалеку од сопствениот нос.
Мала земја како нашата со би требало 2 милиони жители ама незнаеме колку жители зошто на некој тоа не му одговара,
може да живее само од две примарни гранки земјоделство и туризам, арно ама тие гранки прво треба да се модернизираат, ама зошто да ги инвестираме парите кога можеме да бидеме апатични како досега и да дозволиме да ни ги крадат парите па и истовремено да бидеме благодарни шо не ни го бапнале у газ.

Реално нема трета опција а нема ни да има, само затоа што како нација ги имаме најлошите можни особини што може да ги има едно човечко суштество.
И да се случи чудо и идеалистички настроени партии како Левица и Интегра да станат позиција и опозиција или обратно ќе ни требаат генерации и генерации организирано работење за само да ги подмириме кредитите и да се постават темели на којшто една вукоебина како нашава некогаш да почне да напредува мисловно,економски и општествено.
 
Член од
22 јули 2011
Мислења
478
Поени од реакции
434
Зошто генерално кај нас скоро сите главатари на политичките партии кога зборуваат и имаат јавни настапи, говори и митинзи не зборуваат умерено, тивко, разборито и нормално?

Туку се дерат како магариња?

Нека го погледнат Андреј Пленковиќ од ХДЗ од Хрватска. Човекот зборуваше на митинзите умерено, тивко, без да дигне гласот и не урлаше човекот.

А овие кај нас скор сите, со чест на исклучоци како магариња урлаат кога зборуваат.

Одбивни ми се поради тоа.

И овој главатарот на Интегра ист случај.
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
2.348
Поени од реакции
4.549
Шансите за Интегра да земе пратеник се 0,00001%. Уствари такви се шансите на сите македонски партии од "третата опција" освен можеби Левица.
 
Член од
23 мај 2019
Мислења
1.552
Поени од реакции
1.300
Овие Интегра потрошија миљони по фејсбук. Ме попарија со спам кај отворам....и тие како Левица циљаат на некоја малоумна иреал-група од општеството ама у друга крајност. Ветуваат некакви брзи железници од Битола до Струмица, од Крива Паланка до незнам каде...тие свртеле ли еден круг у тие градови да видат дали има живи луѓе у нив? Па некои рендерирани видеа професионално склопени, ко некој јапонски ултра град, а не исселено мртвило у кое останате зомбија црнат у некој sweatshop.
Друг апсурд, некакви радарски системи, набавка на black hawk хелихоптери....боже, боже...па читаш у коментари, ок, ботови се, ама како тоа ни требало, тоа било основата...
Очигледно пленот го гледаат во разочараната вморонска малоумњачина шо сфати дека дпне и сдс се копродукција, две страни на исто срање и сега ќе им обеќаваат брда и долини.
А исто, ќе заборавев, од Кокино и Алшар ќе праеле опсерватории, атракции...кое Кокино чоече, у време кога немаш болници, персонал, амбулантни коли, шофери на истите...образованието ти е мизерија, немаш никаква економија....Алшар и Кокино јеботе...на заразениве со корона да им баеме со лорандитот од Алшар у Кокино?
Да е ситуација дпне да победи, уште од сега ги гледам како први кандидати да им се приклучат у некоја влада која ќе и доебе мајката на државава, не дека не е кец-у-кец дека која и да е наредна влада ќе продужи да го праи тоа.

Добро е се спаси, ти не си во таа група малоумни, сигурно си бањат и свежо ......!
Ебати севреџганската логика, има ли некој што ја разбира?
 
На врв Bottom