Сите смеееее, сите сме курви, сиииите смееее обични куууурвии
За да го имаме скандинавскиот систем на функционирање, треба многинството од народот да има свест и совест, морални принципи. Затоа што менталниот стадиум на мнозинството секогаш одредува какво е општеството. Дури и во Северна Кореа. Што е еден Ким према милионски народ ако му се сипа? Кога кај мнозинството е застапен страв, сервилност, подаништво, националистичка и идеолошка (комунистичка) затупеност, тогаш нормално еден да ги ебе сите.
Во земјите како Шведска на пример, не е чисто по улици, само затоа што има закони или слично. Ако сакаш да фрлаш ѓубре по улици или паркови без последици, секогаш и секој може да најде место и време кога никој нема да го види. Норвежанецот што чека на црвено на пешачки премин во 3 саат сабајле е свесен дека нема ни ебана кола ни ебан џандар на радиус од километар и дека може да помине, ама сепак не поминува. Во такви земји ако има ред за чекање на некој шалтер, а ти го пресечеш и пробаш да се убуташ од сите ќе бидеш третиран како последно гомно и секако ќе бидеш вратен на крајот од колоната. Мнозинството од самиот систем те доведува до ред и ти го покажува местото. Не се доволни само закони, не можеш ти да ставиш џандар на секој квадратен метар површина. Ако 3 од 10 не фрлаат ѓубре во река, а 7 фрлаат реката ќе биде загадена.
Иначе технички ако гледаш и кај нас го имаш тој принцип 20 на 20. Знаеш колкава е платата на премиерот? Испод 1500 евра.
Како дел од заложбите на Владата за поголема дигитална транспарентност, на оваа страница можете да ги проверите висините на платите на Претседателот на Владата, Замениците на Претседателот на Владата и на министрите во Владата. Висината на платата на министрите е јавен податок.
vlada.mk
Значи потребни се 2 работи:
1. Високо ниво на свест кај мнозинството
2. Закони кои ќе бидат насочени против прекршителите
Џабе е што во САД за време на прохибицијата имало строги закони кога колективно сите сакале да љокаат.
Пак, како сакаш врти го до народот е. И никакви привилегии да нема, ќе најде начин да ја злоупотреби својата моќ. Прво затоа што е расипан, второ затоа што никој нема да му замери пошто сите истото го прават и трето и да го фатат ќе фати некој врска ќе потплати некој и ќе пројде со тапшање по рамо.
Во Шведска прво има повисок стадиум на морал, второ мнозинството го почитува системот и веднаш ќе бидеш забележан порано или покасно и трето ќе го јадеш прописно. А ќе го јадеш прописно, прво затоа што судијата има повисок морален стадиум, второ ако отстапи од фер и законско судење во земја каде што тоа е дефолтот, веднаш ќе биде обележан како престапник и трето ќе го јаде прописно ради тоа од своите колеги, а ќе го јаде прописно од своите колеги...
Гледаш дека е циклично и дека џабе се и мамки и закони и 20 на 20 и немање привилиегии? Мнозинските начела одредуваат како ќе биде, ако сакаш имај ги најдобрите закони, ако сакаш стави Јапонци министри во влада, ако сакаш направи Меси да игра за македонска репрезентација. Ако останатите 10 се Величиња Шумуликовски џабе е се.