Има ли реално некаква ТРЕТА ОПЦИЈА?

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
Трета опција ... Во државава постојат две големи и моќни профитерски политички организации т.е. султан-партии, а сета онаа ситна боранија од третиот блок никако да пркне. Лидерите на помалите партии од т.н. трет блок ги обвинуваат овие две големи партии за мајоризација и цензура бидејќи нели сите медиуми, богатство и моќ биле во рацете токму на тие најголеми партии, но дали е навистина причина за неуспехот на овие партии тоа или нешто друго. Во ред игра улога и тоа, медиумите се во рацете на ДПМНЕ/СДСМ, во ред и изборниот модел е катастрофален за тие помали партиички, бидејќи нивните и онака мал број освоени гласови расеани низ шесте изборни единици не вредат ама баш ништо, па скоро на сите парламентарни партии имаме иста состојба некоја мала партија освоила вкупно 20 - 30 илјади гласови на ниво на цела држава, арно ама освоила 0 пратенички мандати.
Но сепак основната причина за неуспехот на партиите од третиот блок е менталитетот на народот, бидејќи Македонецот и покрај сите пљачки, манипулации, лаги и предавства изминативе 3 децении пак ќе ги гласа истите тие Курто и Мурто на избори, едноставно народот е врзан за тие партии, се чувствува сигурно и не сака да експериментира со нови партии, што би се рекло лошо е и со овие, само да не е уште полошо со некои нови !
 
Член од
12 март 2015
Мислења
1.569
Поени од реакции
3.215
Како за кого!
А кој преферираш ти? се разбира не мора да одговараш, сепак не сме на испит ама би било интересно да се слушне непристрасно видување!
Најде црква да се крстиш, билбо и непристрасно видување (особено за политика).
:popce::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos:
 
Член од
23 мај 2019
Мислења
3.684
Поени од реакции
4.344

:(
...а ти си слушнал за сарказам, де провери тоа детекторот да не ти е исклучен?
(ова изгледа добро било скрито штом си промашил)
 
Член од
5 февруари 2013
Мислења
228
Поени од реакции
102
Левица не ви одговара... а таа е единствена што излезе и јавно повика на БОЈКОТ на референдумот, единствена што го осудува Преспанскиот договор и промената на името, единствена што поведе постапка на уставен суд за Референдумското прашање.....

ама просечно македонче.....
 
Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
5.702
Поени од реакции
22.065
Во Македонија нема ни втора опција. Има опција на апашите во плаво и опција на апашите во црвено. Било какво политичко чудо со појавување на трета опција која би постанала доволна моќна да освои пратеници ќе биде само опција на апашите во трета боја. Суштински ништо нема да се смени затоа што народот е таков каков што е. Во блато од гомна можеш да бираш само меѓу нијанси на гомна. И да истуриш чиста вода во блатото со гомна, и таа ќе стане дел од блатото.
 
Член од
23 мај 2019
Мислења
3.684
Поени од реакции
4.344
На мое а се надевам и на изненадување на многумина кои ја сакаат Македонија, на политичката сцена очевидно се профилира препознатлив трет пат.
(темата со прашање има ли реално трета опција е одговорено, има! за оние кои не се слепи и глуви и имаат нешто меѓу уши, за останатите се е исто)
Оваа политичка сила за сега настапува по принцип секој за себе сите за Македонија но по првата лекција се надевам ќе ја сватат пораката и ќе создадат фронт кој би можел да води автентична македонска политика почитувајќи проекција на силите а од аспект за Македонија и Македонизмот.

Пред неколку месеци напишав ама и самиот не верував дека постоечкиве политиканти многу брзо би можеле да завршат на буниште и во Идризово на еден долг и бесплатен одмор, и дека можен спас е нивна коалиција за сочувување на проектот северџистан а со тоа и на нивниот капитал стекнат со грабеж и криминал до сега невиден на овие простори!

Денес, ако го следиме само настапите на Ристовски од Интегра се добива впечаток дека самиот тој без учество на Единствена Македонија, Глас за Македонија, Родина и Левица би можел да ги загрози интересите на новата профилирана политичка и економска класа северџгани.
Ако кон ова го додадеме нстапот на Палевски (со сите фалинки), Бачев со веќе воспоставената структура, Солза и

Вака остра реторика мислам дека никој не очекуваше, Ристоски отворено им порачува на сите оние кои би гласале на наредните избори за СДСс не можат себе да се сметат за добри Македонци а за ...

“Таа врата на злото!
ја отвори Социјалдемократскиот сојуз
...
сега на овие избори да го сбедеме на 2%.....
Не смее Македонец да гласа за СДСс, повеќе НИКОГАШ во својата историја,

затоа што велепредавството на македонскиот стрратешки интерес....“

директно на цитаотот погоре, https://youtu.be/gBovYGlMW5g?t=734

Постои ли можност, северџганите со обединети сили да оневозможат межеби насилно спречат македонска пролет?
Мислам дека не, Северџганите кои стекнаа капитал ќе бидат исцедени од нивните газди а подоцна ќе бидат пуштени низ вода, претходно ќе им се одземе капиталот стекнат со грабежи, продажба на македонски национални интереси и велепредавства на Македонците (и тоа од нивните газди со неутрална и нивна правда која ја тренираат со векови), а го изнеле надвор од Македонија...

П.С.
Да нема недоразбирање имам целосно исти ставови во однос на Македонија и македонските национални-државотворни интереси, но ова и понатаму не е агитирање во полза на Интегра и Ристовски, затоа што имам забелешка на нивните искажани ставови во однос на мега-корпорацијата наречена ЕУСА (некои а и самите се нарекуваат запад) за која сметам дека е декадентна творба на изгубени луѓе и вредности!
 
Член од
13 септември 2008
Мислења
541
Поени од реакции
284
integra e formitana so pari od cia i mosad, samo za da ostane sds na vlast, oni cel im se razocarani glasaci na vmro. Inaku jas ne sum ni za ednite ni za drugite, gledam im uspeva da privlecat narod, za zal. rabotat po instrukcii, jbg
 
Сериозно, не сум знел дека Интегра е инсталација на АлЦИАда+БНД+МИ6+Мосад и нивните компании, а што велиш цел им е да опстане Северџистан со Црпе на начин што овој Ристовски вака екстремно настапува и јавно говори дека за 100 дена ќе ги поништи сите квислиншки направии, интересно, а и оваа околу привлекувањето на разочарани гласачи на ДПсНЕ зарем има такви е зошто се џанам разочарани па зарем овие не им ги штитат националните права?!

Туку коа веќе спомна сигурно знаеш со чии пари некој од квислинзиве е финансиране, кои се твоите сознанија со чии пари е “формирана“ северџганска багра која се лажно претставува како ДПсНЕ и СДСсс?

П.С.
Претпоставувам дека поради некаква наклонетост кон ДПсНЕ така и гледаш на работите, е па еве како некои размислуваат, ако раководството на ДПсНЕ и понатаму игра: давам цензус, распродавам македонска држава, не повикавме на референдум, и се клања во Берлин и Вашингтон и сл нема долго да мине кога таа партија ќе заврши исто како и квислиншкава секта СДСс која по избориве кога и да се ќе си се самораспуштат од срам.

...се шири вест дека денес бил приведен Палевски, абе мора да си бетер од Црпе ако не си свесен дека над 80% од Македонците се против Северџиостан и инсталациите кои се претставуваат како партии! Со таква постапка само дополнително ќе им расте рејтингот на патриотскиот блок а и решеноста кај Македонците својот глас да го дадат токму на некоја од партиите во тој блок.
 
Извинете вака што ви упаѓам во дискусија, но зар не ви е јасно дека СЕКАКО дпмне нема да направи референдум па тие имаа 10+ години и ништо не сторија, сдсм уште повеќе. И да дојде дпмне сега на власт ништо нема да сторат и ќе биде истата приказна ко до сега Сдсм, во поглед на името 100% дпмне нема ништо да стори...

Интегра е секако партија која е формирана да земе солиден дел од гласовите на партија како вмро, а се откажани од сдсм поради предавствата и продажбата на државата... пушти го што збори овој ја сакал државата патриот ала бала, бошковски ти е чист пример ист таков (дури од поголем калибар политичар) па на крај го виде на видеа како си се договара и зема пари за кампанја, а на митинзи глуми лудило...

смешен е македонскиот народ со убедуванјата и размислуванјата.... Левица е засега единствено светло во оваа дупка во која се наоѓаме ама медиумите го испрале овој народ до крај
 
Слободно упаѓај, ова е форум токму затоа и постои, да се разменат мисли, да пласираш своја пропаганда, да се нешто поднаучи или да си прашаш како да станеш Балгарин и како да дојдиш до пасоше (ова не се однесува на тебе ако не си влезен во северџганискава шема, коа је скрита зад секој агол и само вреба, ѓаолчиња се тие), за секого по нешто демонкратија е ова а не заебанција, од толку демонкрација мамето и еб*вме на државата Македонија!

Зошто ДПсНЕ би распишувал нов референдум?
За име на народ и држава не се распишува референдум, мислев дека е тоа јасно ама изгледа бајааги не биле на часови.
И повторно грешиш, ДПсНЕ стори многу, велепредавството не можеше да се изврши без нивно соучесништво, и за оваа сметав дека секој кој следи барем малку му е јасно. Учеството на ДПсНЕ беше многукратно и на повеќе нивои, и секако дека нема ништо да стори, јас не очекувам ништо од нив освен да некој друг Црпе во ликот на Мицика излезе со предлог за конфедерација со Бугаристан, ете до толку се Македонци.

Зошто е создадена Интегра, да бидам искрен ниту знам ниту ме интересира до толку за да истражувам, она што е јасно и на сите на увид е дека Ристовски има многу патриотска реторика и сето она што го изјавува е онаа што го посакуваат Македонците.

Бошковски е слаткар а не политичар, не се шегувај на сериозни теми или барем истакни дека се работи за шега.

Македонците, македонскиот народ не е смешен туку е окупиран, при што му се инсталирани квислиншки инсталации кои со помош на слободните медиуми му го перат мозокот 24/7/365, на толку манипулација дури и сум изненаден како сеуште има здраво ткиво кое опстанува!

Левица, Единствена Македонија, Интегра и останатите кои се рекламираат како трет пат покажаа еден мал недостаток, не се дораснати на даденото време и ситуација, затоа што наместо да создадат единствен патриотски опозиционен блок, тие, би рекол свесно одработуваат за севрџганија во редовите на СДСС+ДПсНЕ и со тоа на своевиден начин учествуваат во бетонирањето на Северџистан.
 
Последно уредено:

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.397
Поени од реакции
7.846
Автоматски споено мислење:

Прпа да не излезе во јавноста пазарењето :icon_lol:
 
Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Се' додека ги гледате работите дека „таа и таа партија е формирана за да земе нечии гласови“, нема да има ништо второ. сдс-дпне-учк се едната опција, а ние треба да збориме за втора, а не за трета.
Се работи за артикулација на колективна свест, која ја нема едноставно. Главниот муабет се врти околу Левица и Интегра. За Левица имам пишувано на големо порано....Интегра, морам да кажам дека одамна не следам активно политички дебати исл., не знам каков кадар има околу себе, ама за некоја конзервативна варијанта, делува релативно елоквентно професоров. Јас би се радувал кога би постоела таканаречена конзервативна опција која ќе го почитува континуитетот на ВМРО и АСНОМ подеднакво, ќе се отараса од оние антички бајки и и ќе почива на секуларен конценпт и ќе прави баланс во смер на незаситните барања на малцинствата, пред се на косоварската окупаторска банда. Краткогледо е ако се гледа од позиција дека сега една ваква опција, на овие избори „ќе му украде еден глас на дпне“ - ако покажат зрелост и активност во Собрание и ако не се предмет на трговија со пратеници, нормално дека ќе добијат повеќе на следните избори.
Левица...
Морам да кажам дека на почетокот, кога се јави движењето Солидарност, од кое произлезе Левица, познавајќи дел од активистите, јас лично им сугерирав да се активираат политички, меѓутоа и тогаш и сега, го имам истиот став, дека се работи за големи суети, за немање сенс за колективна цел, колективно добро и посебно што како интелектуалец ме разочарува е покажувањето на некаков триумфализам на уште незавршена работа што им се тресна од глава на претходните избори. Друг проблем е што во немањето на средства, се насочија, уште кога немаше вируси и срања, на фејсбук кампања, која е тотално погрешно фокусирана - нивна цел требаше да бидат луѓето без интернет, без пат до дома, без струја, обесправени работници, манипулирани земјоделци....они се фокусираа на хипстерај на кого му е интересна таа иконографија и паролите. Друго, изборот на кадрите - неизбежна беше таа опортунистичка жичка и случаите како со Бране, ама ете....не е работата само да се препознае добра желба кај луѓето - треба сериозна проверка на позадината, посебно при формирањето и почетокот. Квалитетна партија не се формира со разочарани, исфрустрирани.....да, треба да се има мотив, ама прво квалитет на образование и личен интегритет, доследност до ставови.
Може кој како сака да ги гледа работите - по мене секој глас за некоја од овие партии е против сдс-дпне-учк туморот. Избориве што следат веројатно ќе бидат најлошите од кога е султанот османлиски отиден од овде. Тајмингот е прецизиран, поддржан од Берлин, слично како српскиот покољ пред некој ден, така да, црни црнила само да очекуваме.
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.397
Генерално партиите функционираат на следниов начин:
Членство кое бира структура во месен комитет која се состои од претседател, секретар и потесно членство, може тука да се додадат ветерани, унија на жени и млади сили. Станува збор за најмалку 10 активни членови на МК.
Постои ОК општински комитет кој се состои од членови и претседатели на МК-ти.
ОК има претседател секретар и членови, претседатели на унија на жени, млади сили, ветерани и т.н.....потоа советници, и функционери по општина што се, тоа се негде 50 души зависи од општината.
Има после тоа како во црква што се владиците посебен клир, така и делегатите(членовите) во ЦК. Пола од нив никој не ги знае :D а тука се членови и претседателите на ОК-ти негде околу 500 души. Они имаат структура во која влегуваат претседател на партија, секретари, потпретседател и т.н. не можам да ги меморирам.
Ова се ствара со години и не може да бараш гласови без оваа структурална подреденост и членство. И наместо да одат од куќа на куќа да ги молат да влезат во партија луѓето и да фрлаат пари сакаат од ФБ на избори да одат....не оди тоа така.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom