Има ли реално некаква ТРЕТА ОПЦИЈА?

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.668
Поени од реакции
4.397
Во Македонија нема ни втора опција. Има опција на апашите во плаво и опција на апашите во црвено. Било какво политичко чудо со појавување на трета опција која би постанала доволна моќна да освои пратеници ќе биде само опција на апашите во трета боја. Суштински ништо нема да се смени затоа што народот е таков каков што е. Во блато од гомна можеш да бираш само меѓу нијанси на гомна. И да истуриш чиста вода во блатото со гомна, и таа ќе стане дел од блатото.
Сум размислувал и уште размислувам на оваа тема и доста сум наклонет да делам исто мислење само што има и ред други примери во многу поголеми земји каде што реално имаат многу повеќе избор, а изборот знае да се сведе на најсрање кандидати.

Колку е ситуацијата резултат на системски проблеми т.е кој номинира, како се групираат гласовите, колку се битни финансиските средства и ред други променливи, а наспроти ова колку е народот срање(читај нема капацитет)
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.378
Поени од реакции
5.840
Трета опција само со сила е можна, пример, хипотетички, фантазија ова она :D Џон Битов или рандом дијаспора мултимилионер зема 300-400 платеници од Сендлајн или било кои, закоравени професионални војници, најмува неколку Ми-26 хеликоптери као за парада демек, испод радар внесуваат оружје, муниција и на даден знак ги заземаат неколку стратешки точки, истовремено апсејќи ја владата и праќајќи ја на непозната локација. После тоа Џон или Џими објавуваат воспоставување влада на национален спас, се апсат олигарси и со методи "Лубјанка" им се соопштува да ги пренесат парите од оф-шор во новооснована национална банка на РМ, во супротно прво им се праќа уво од ќерка или син па до понатаму дури не си ја држат вилицата во раце.
Дакле државен удар, афрички стил :)
Али нема таков дијаспорец :)
 
Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Генерално партиите функционираат на следниов начин:
Членство кое бира структура во месен комитет која се состои од претседател, секретар и потесно членство, може тука да се додадат ветерани, унија на жени и млади сили. Станува збор за најмалку 10 активни членови на МК.
Постои ОК општински комитет кој се состои од членови и претседатели на МК-ти.
ОК има претседател секретар и членови, претседатели на унија на жени, млади сили, ветерани и т.н.....потоа советници, и функционери по општина што се, тоа се негде 50 души зависи од општината.
Има после тоа како во црква што се владиците посебен клир, така и делегатите(членовите) во ЦК. Пола од нив никој не ги знае :D а тука се членови и претседателите на ОК-ти негде околу 500 души. Они имаат структура во која влегуваат претседател на партија, секретари, потпретседател и т.н. не можам да ги меморирам.
Ова се ствара со години и не може да бараш гласови без оваа структурална подреденост и членство. И наместо да одат од куќа на куќа да ги молат да влезат во партија луѓето и да фрлаат пари сакаат од ФБ на избори да одат....не оди тоа така.
Затоа е ова што Е.
И затоа се чудиме зошто не ја бива работава.

Посебна димензија има моментот што секоја партија инсистира да има дел од партијата со специјална намена - фукара, што со непослушни членови и симпатизери разговара со боксови и со ќутек. Последниве 20 години, трите банди се предводени од такви луѓе. 90ти години, тие беа у сенка, а сега битангите се у сам врв.

Друга посебна димензија е намерно бирање на кадар без интегритет затоа што истиот не може да те загрози на позиција, туку можеш слепо да го манипулираш.

Клучот лежи во две работи: финансирањето и постоечката инфраструктура. Второво иде до таму да двете партии имаат тотална покриеност со штабови, средства, користат државни ресурси кога се на власт и ја користат УЈП и финансиска полиција за да рекетираат кога им требаат пари. Финансирањето многу често иде од евергрин "бизнисмени" кои си плаќаат и на едните и на другите само за да се одржат у живот со полусумљиво плаќање даноци и уште посумљиво добивање тендери. Мала партија може да гледа како куче што гледа у излог на месарница.

Дуалниов систем е на очиглед стаен по "западни" манири и тој е само формален. Нити сдс е социјал-демократски, нити пак дпне е демохристијански. Фигурира така, како земјава не би привлекувала светско внимание како некој тоталитаризам и самите граѓани не би биле вознемирени. За да се пробие некоја силна "трета" идеологија, таа треба да се роди некаде у странство, а такво нешто на повидок нема у наредните 1000 години. На некој начин, кога се збори за нова сериозна политичка опција, се збори за еволуција, да не речам и револуција, која, заборавате дека збориме уште за вреќи брашно, 100 евра, сендвичи, партиски вработувања.....е научна фантастика.
 
Член од
23 мај 2019
Мислења
3.659
Поени од реакции
4.318
Трета опција само со сила е можна, пример, хипотетички, фантазија ова она :D Џон Битов или рандом дијаспора мултимилионер зема 300-400 платеници од Сендлајн или било кои, закоравени професионални војници, најмува неколку Ми-26 хеликоптери као за парада демек, испод радар внесуваат оружје, муниција и на даден знак ги заземаат неколку стратешки точки, истовремено апсејќи ја владата и праќајќи ја на непозната локација. После тоа Џон или Џими објавуваат воспоставување влада на национален спас, се апсат олигарси и со методи "Лубјанка" им се соопштува да ги пренесат парите од оф-шор во новооснована национална банка на РМ, во супротно прво им се праќа уво од ќерка или син па до понатаму дури не си ја држат вилицата во раце.
Дакле државен удар, афрички стил :)
Али нема таков дијаспорец :)
ауууууу човече 3 пати го читав сценариото, како само ти дојде ваква брилијантна идеја, браво!
Само една работа остана да виси во воздух, зошто таа владата да се носи на непозната локација?
Мислам дека секој еден ќе ти постави прашање затоа побрзај со деталите околу тоа, зошто некому би била потребна влада која по своја природа е квислиншка и составена од Црпки, не е ли многу поедноставно истата пред ... да се изведе... па рокај, па филмот со народен суд, држ-недај, рекет2, рекет5, бомба с-лева бомба с-десна, Мирко пази метак! Хвала ти Славко спасио си ми живот!!!
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.397
Затоа е ова што Е.
И затоа се чудиме зошто не ја бива работава.

Посебна димензија има моментот што секоја партија инсистира да има дел од партијата со специјална намена - фукара, што со непослушни членови и симпатизери разговара со боксови и со ќутек. Последниве 20 години, трите банди се предводени од такви луѓе. 90ти години, тие беа у сенка, а сега битангите се у сам врв.

Друга посебна димензија е намерно бирање на кадар без интегритет затоа што истиот не може да те загрози на позиција, туку можеш слепо да го манипулираш.

Клучот лежи во две работи: финансирањето и постоечката инфраструктура. Второво иде до таму да двете партии имаат тотална покриеност со штабови, средства, користат државни ресурси кога се на власт и ја користат УЈП и финансиска полиција за да рекетираат кога им требаат пари. Финансирањето многу често иде од евергрин "бизнисмени" кои си плаќаат и на едните и на другите само за да се одржат у живот со полусумљиво плаќање даноци и уште посумљиво добивање тендери. Мала партија може да гледа како куче што гледа у излог на месарница.

Дуалниов систем е на очиглед стаен по "западни" манири и тој е само формален. Нити сдс е социјал-демократски, нити пак дпне е демохристијански. Фигурира така, како земјава не би привлекувала светско внимание како некој тоталитаризам и самите граѓани не би биле вознемирени. За да се пробие некоја силна "трета" идеологија, таа треба да се роди некаде у странство, а такво нешто на повидок нема у наредните 1000 години. На некој начин, кога се збори за нова сериозна политичка опција, се збори за еволуција, да не речам и револуција, која, заборавате дека збориме уште за вреќи брашно, 100 евра, сендвичи, партиски вработувања.....е научна фантастика.
Може да се проба....желба ми е тоа од пред 15 год. трета опција. Секогаш сум бил спремен и да се жртвувам ако треба....сите привилегии што ги имам моментално, а и трошење на слободно време па и нешто ресурси ако треба. Нема здрава основа, треба да се почне од идеологија прво, па статут и т.н. може да се искористи и виртуелниов свет како форумов на пр.
Кој би го направил тоа?
Забораваш на една работа, дека позади ВМРО и СДС има идеологија која е билдана 50 год. во Југославија. Стои цифра на народ кој се идентификува со истата, без разлика кој бил лево а кој десно.
 
Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Забораваш на една работа, дека позади ВМРО и СДС има идеологија која е билдана 50 год. во Југославија. Стои цифра на народ кој се идентификува со истата, без разлика кој бил лево а кој десно.
Кои се тие „идеологии“?
Раководствата си се пазат и меѓусебно не се гонат, не се судат, не се затвараат.
Членствата, на основно ниво, меѓусебно се мразат, се пцујат, се колнат на фејсбук и во живо.
Која е таа социјал-демократија што поддржува олигарси? Кои се тие конзервативци што се непоправливи популисти? Нигде на свет го нема тоа.
Две банди што стојат позади некои имиња што ништо не значат.
Да не зборам за перцепцијата на историјата - едниве се као сфрј-носталгичари и го слават НОБ (жими к***в, бегаат од него како од црн ѓавол), а другиве го слават ВМРО и тоа во континуитет со џелатите од автономистичка.....нон-сенс, булшит....прав Македонец подеднакво ја цени борбата на својот народ и гледа херои и во едните и во другите - тоа е израз на сопствена желба за државност, самоуправување, независност, интегритет - на страна каков бил исходот. Тоа се две борби од различни историски периоди, не истовремено спротиставени струи.
Права патриотска варијанта треба со бесилка да им пресуди на овие две банди, што за неполни 30 години економски, демографски, меѓународно, секако го уништија народот....не што ја испокрадоа државата - тоа е проблем што и се оправа (тешко, ама се оправа), ама емиграцијата, негативниот прираст, квалитетот на живеење, понижувањето - тоа никој не го враќа.
99% е опортунизам, прилика да се профитира.....каква идеологија, какви глупости...муртинецон да го прашаш шо значи социјализам, демократија нити чул, нити знае, нити го интересира....да не зборам за будалите што му веруваат.
 
Замислена идеологија.....некои нестварни работи кои стојат у колективна потсвест, лага е се тоа. Ама за таа цел врши работа, идеологијата не мора да биде стварна......уствари скоро никаде не е стварна. Тоа е основа која ја имаат тие две партии.

Која е идеологијата на левица, на пример?
Умрена идеологија е тоа, барем по дефиниција....кај на куров со такви називи, ќе глуми ли Че Гевара?
 
Стев

Rockscourge Stevahn
Член од
19 декември 2019
Мислења
4.418
Поени од реакции
4.249
Замислена идеологија.....некои нестварни работи кои стојат у колективна потсвест, лага е се тоа. Ама за таа цел врши работа, идеологијата не мора да биде стварна......уствари скоро никаде не е стварна. Тоа е основа која ја имаат тие две партии.

Која е идеологијата на левица, на пример?
Умрена идеологија е тоа, барем по дефиниција....кај на куров со такви називи, ќе глуми ли Че Гевара?
Трава дефинивно не иде под умерена идеологија.
Автоматски споено мислење:

Да не викате дека сум измислувал....под 13.
Мање више ова звучи како пародија него озбилна програма
 
Последно уредено:

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Ќе го поништеле Преспанскиот договор.

Кој е овој адут? И мали деца знаат дека тоа не може Грција да го напраи, не па ние...глупости.
И како може со ваков плиток популизам да оддават сериозен впечаток за фамозна трета опција? Многу наивно, многу...
 
Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
5.668
Поени од реакции
21.754
Сум размислувал и уште размислувам на оваа тема и доста сум наклонет да делам исто мислење само што има и ред други примери во многу поголеми земји каде што реално имаат многу повеќе избор, а изборот знае да се сведе на најсрање кандидати.

Колку е ситуацијата резултат на системски проблеми т.е кој номинира, како се групираат гласовите, колку се битни финансиските средства и ред други променливи, а наспроти ова колку е народот срање(читај нема капацитет)
Секако. За да се бавиш со политика "проституцијата" е незаобиколива точка на дневен ред. Ако сакаш да правиш кариера со тоа моралните принципи закопај си ги веднаш. За да си успешен ќе бидеш соочен со такви гадни препреки и проблеми што не постои чист начин да излезеш од нив. Колку погадно е општеството, толку и проблемите ќе бидат погадни. Неколку пати имам кажано The Wire серијата е лекција за тоа како функционираат внатре работите и како дури и да влезеш со најчесни намери самиот систем те потопува. Сите тие задкулисни процеси, финансии, гласови, масови, се е дел од играта, и нив ги играат пак истите луѓе од истото општество што решиле да се бават со тоа. Срањето е дефолтно. Кога во САД претседатели станале дупло Ве Буш и Трамп на пример, а втората опција ти е Хилари, што да очекуваме ние во Северен Фиром? Како сакаш врти го, на крај базата, темелот е пак народот. Се друго е манифестација од истиот. Корупција, битност на финансиски средства (а не на образование, углед, интелект и слично), лактање, кој превари тој товари, сето тоа се народни манифестации, дефолтни народни мајндсети, постапки и одлики.
 
Тоа ми беше муабетот, но во прошлиот пост повеќе ми беше поентата што доколку имаш систем каде не само морално добрите туку морално лошите луѓе се поттикнати да прават коректни/општо-корисни одлуки?

На пример кај нас „курвите“ се мотивирани да влезат во политиката пошто им одговара тој живот. Во Шведска на пример јавен службеник има канцеларија 20х20 и никакви останати привилегии, а за тоа каква е ситуацијата кај нас нема потреба да објаснувам.

Муабетов ми е нешто во стил ако мамката ти е г*мно ќе се налепат муви па ако сакаш да ги избркаш курвите треба да го тргнеш златото.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
..Во Шведска на пример јавен службеник има канцеларија 20х20 и никакви останати привилегии, а за тоа каква е ситуацијата кај нас нема потреба да објаснувам.
Кај нас јавните службеници се откажуваат од привилегијата канцеларија 20х20 за да ги имаат другите привилегии. :oleee:
 
Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
5.668
Поени од реакции
21.754
Тоа ми беше муабетот, но во прошлиот пост повеќе ми беше поентата што доколку имаш систем каде не само морално добрите туку морално лошите луѓе се поттикнати да прават коректни/општо-корисни одлуки?

На пример кај нас „курвите“ се мотивирани да влезат во политиката пошто им одговара тој живот. Во Шведска на пример јавен службеник има канцеларија 20х20 и никакви останати привилегии, а за тоа каква е ситуацијата кај нас нема потреба да објаснувам.

Муабетов ми е нешто во стил ако мамката ти е г*мно ќе се налепат муви па ако сакаш да ги избркаш курвите треба да го тргнеш златото.
Сите смеееее, сите сме курви, сиииите смееее обични куууурвии

За да го имаме скандинавскиот систем на функционирање, треба многинството од народот да има свест и совест, морални принципи. Затоа што менталниот стадиум на мнозинството секогаш одредува какво е општеството. Дури и во Северна Кореа. Што е еден Ким према милионски народ ако му се сипа? Кога кај мнозинството е застапен страв, сервилност, подаништво, националистичка и идеолошка (комунистичка) затупеност, тогаш нормално еден да ги ебе сите.

Во земјите како Шведска на пример, не е чисто по улици, само затоа што има закони или слично. Ако сакаш да фрлаш ѓубре по улици или паркови без последици, секогаш и секој може да најде место и време кога никој нема да го види. Норвежанецот што чека на црвено на пешачки премин во 3 саат сабајле е свесен дека нема ни ебана кола ни ебан џандар на радиус од километар и дека може да помине, ама сепак не поминува. Во такви земји ако има ред за чекање на некој шалтер, а ти го пресечеш и пробаш да се убуташ од сите ќе бидеш третиран како последно гомно и секако ќе бидеш вратен на крајот од колоната. Мнозинството од самиот систем те доведува до ред и ти го покажува местото. Не се доволни само закони, не можеш ти да ставиш џандар на секој квадратен метар површина. Ако 3 од 10 не фрлаат ѓубре во река, а 7 фрлаат реката ќе биде загадена.

Иначе технички ако гледаш и кај нас го имаш тој принцип 20 на 20. Знаеш колкава е платата на премиерот? Испод 1500 евра.

Значи потребни се 2 работи:

1. Високо ниво на свест кај мнозинството
2. Закони кои ќе бидат насочени против прекршителите

Џабе е што во САД за време на прохибицијата имало строги закони кога колективно сите сакале да љокаат.

Пак, како сакаш врти го до народот е. И никакви привилегии да нема, ќе најде начин да ја злоупотреби својата моќ. Прво затоа што е расипан, второ затоа што никој нема да му замери пошто сите истото го прават и трето и да го фатат ќе фати некој врска ќе потплати некој и ќе пројде со тапшање по рамо.

Во Шведска прво има повисок стадиум на морал, второ мнозинството го почитува системот и веднаш ќе бидеш забележан порано или покасно и трето ќе го јадеш прописно. А ќе го јадеш прописно, прво затоа што судијата има повисок морален стадиум, второ ако отстапи од фер и законско судење во земја каде што тоа е дефолтот, веднаш ќе биде обележан како престапник и трето ќе го јаде прописно ради тоа од своите колеги, а ќе го јаде прописно од своите колеги...

Гледаш дека е циклично и дека џабе се и мамки и закони и 20 на 20 и немање привилиегии? Мнозинските начела одредуваат како ќе биде, ако сакаш имај ги најдобрите закони, ако сакаш стави Јапонци министри во влада, ако сакаш направи Меси да игра за македонска репрезентација. Ако останатите 10 се Величиња Шумуликовски џабе е се.
 
Член од
14 јули 2017
Мислења
604
Поени од реакции
1.166
Што мислите за Солза Грчева и за нејзината партија Глас за Македонија?
 
D

Deleted member 12196

Гостин
Што мислите за Солза Грчева и за нејзината партија Глас за Македонија?
Што да мислиме?
Ситни човек-партии кои не можат да најдат 20 асолни кандидати во една изборна единица за да формираат листа на кандидати. Тука ја вбројувам и Солза со нејзиниот Глас.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom