Имаш 100 канали, немаш што да гледаш

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
Да де ама содржината е на англиски (пр. серии)
Иако брзо излегуваат и преводи ако не му/и иде англискиот.
Ќе се прошири, ќе има сервиси кои ќе нудат интернет телевизија со македонски превод по поефтина цена од кабелски оператор.
Зборам за легално гледање телевизија.
 
Член од
28 јуни 2011
Мислења
414
Поени од реакции
163
Па кога пуштате само Сител и Канал 5 нормално дека нема шо да се гледа :/
 

Јефто

@JeftoMKD | Јефто™
Член од
30 октомври 2011
Мислења
2.732
Поени од реакции
1.308
Па ако не се потрудат така и ќе биде за 10 години ќе има многу повеќе луѓе кои разбираат Англиски и интернет конекција која овозможува „бесплатна телевизија.“
Кога сме веќе кај интернет-телевизијата, посетете го мојот сајт www.mkpredavatel.com и гледајте над 150 ТВ канали, се надевам дека ќе има што да гледате. :) Изборот е многу голем, многу филмски, спортски, документарни, детски итн итн.
И да, целосно е бесплатен, за разлика од некои други сајтови. ;)
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Е сега знаете како ни е на нас жените кога ќе кажеме: Немам што да облечам...:icon_mrgr:
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.743
Поени од реакции
4.506
Е сега знаете како ни е на нас жените кога ќе кажеме: Немам што да облечам...:icon_mrgr:
Најискрено за ова не ве сваќам.
Кај и да одам повеќе од еден куфер не носам за разлика од припаднички од понежниот пол кој цело комбе со облека наполнија и замисли се жалеа дека „немаат“ што да облечат :pos:
 

acetetovo

Македонец!
Член од
1 мај 2007
Мислења
4.002
Поени од реакции
2.375
Од 80 канала на максот, само 5 гледам и тоа па ретко, само за фудбал и дисковери (n)
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.400
Поени од реакции
85.351
Најискрено за ова не ве сваќам.
Кај и да одам повеќе од еден куфер не носам за разлика од припаднички од понежниот пол кој цело комбе со облека наполнија и замисли се жалеа дека „немаат“ што да облечат :pos:
Поентата и беше дека кај нив тоа што е за облека кај машките е за нешто друго :)
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.743
Поени од реакции
4.506
Поентата и беше дека кај нив тоа што е за облека кај машките е за нешто друго :)
Знам де ама имав еден личен пример прилично екстремен поради тоа коментирав.
Буквално со црни вреќи од најголемите се изнесуваше облека,штикли и што уште не:)
Подобро донирај или во краен случај фрли го отколку да трупаш свашта по плакари.
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.959
Sporklub, Sportklub +, ESPN America, Europosrt 1 и 2, Fox Life i Fox Crime (иако поретко во последно време овие две и они почнаа да забушаваат со програмата) и од есенва МТВ.
Тек-тук ако уклучам National Geographic, ама и тие отекоа со едни исти документарци напорни станаа.
Заклучок од сево ова......ако не се спортските каналии телевизорот нема да го чепнам.
Ама битно Дигитална ТВ на Близу имам, абе што да ти расправам работава :)
 

Nik20

Неверификуван член од немаштија
Член од
13 јули 2009
Мислења
5.483
Поени од реакции
6.865
60 канали не се малце. Ја не глеам кривица у операторите, ви нудат 15 мкд програми, и комбинација од погледани балкански и странски канали.
Проблемот е во нашите телевизии, тоа регулаторна шо им е нив(како се вика незнам) и народот.
Прво, телевизиите не се трудат воопшто да креираат квалитетна програма, нудат потплатени вести(сите медиуми без исклучок), шпански/турски/индиски/бугарски/хрватски серии и реклами. Освен овие 3 работи, ја на телевизија(кога минам пред тв) немам видено ништо. Нели освен италијанското на телма и ЛШ, пошто за други првенства се нема желба да се купат, бубрези да продаваат дека скапи биле правата, тоа на малите деца пред спиење.
второ, тоа регулаторна што им е, што ги казнуе ако давале многу реклами. Тоа е само колку плата да зимаат батките, се собираат еднаш месечно, се караат за пред вести да има материјал, одат кафана и мируваат па еден месец. Ни преглед прават што има на телевизииве ни ништо.
Трето народот. Проста раја, му пуштиле бандини, 90 посто музика цимулкање 5 посто муабет останатите 5 посто повторување на муабетот со потресна музика. И седи проста раја зјапа у телевизор се буљи, дали бандини нозете на свекорот ќе му ги бацела.....
наместо да свртат каналот, да им ја намалат гледаноста, они се убедуваат дека ништо немало, а на дискавери со превод им даваат екстра квалитетни емисии.
 
V

Vollstandig

Гостин
Не дека секогаш нема шо да се гледа, туку немате желба за гледање...

Сте пуштиле ли некогаш Nat Geo Wild? National Geographic? Viasat Nature? Филмските MBC програми?

Сабота, Недела исто Телма, Sport Club... нормално дека не може секогаш да се понуди за секој човек, но од горниве секогаш има нешто да се види.
Toa се само 7-8 канали, а од цела каблоска да ги гледаш само нив, дури и срамота е.
Каблоската тв треба да ти обезбеди пренос на доста канали,а дигиталната превод, HD слика,опции за помотување запиорање и ред други корисни ствари. Нешто чекор напред идат од Т-хом со телевизијата, само се скапи и доста луѓе се жалат од услугата што ја добиваат обратнопропорционално од она што го плаќаат.

Проблемот со каналите е што кај нас, сме мала држава, а и народот не е навикнат да гледа тв. Сеуште важи правилото, тоа што ќе кажат на вестите- е точно, не сфајќајќи дека истите тие “вести“ ги пренесуваат од некој кромид-њуз медиум како трач тема. Така, ако земеме во предвид ќе видиме дека имаме просек 40тина и повеќе македонски телевизии, за кои сум сигуен, тврдам и стојам на ставот дека 90 % од нив имаат еден шаблон и ист концепт за емитување во етерот.Претежно оди во стилот:
-Вести
-Серија
-Реклами (најбитното)
-Копирана емисија со Х гостин
-Емисија за младите (дали кардашијан била гола или не)
-Некој филм
-Некоја серија од торенти
-Временска прогноза
-Владини реклами

Ова е контекстот на скоро сите телевизии што се одвиваат во нашиот досаден крај. Не се роди телевизија, да иди и да ги снима само спортските случувања низ македонија. Не се направи телевизија која ќе ги следи строго журките низ македонија со пренос и ќе известува околу музичкото поле. Ако некој ја спомне дела BOM тв е музичка, тогаш нека си стави и тенџере на глава, за да не се срами кога излегува на улица.24 вести го смена концептот, специјализирана за вести, и тоа е она што сакам да го доловам со претходниот муабет. Во ред е да се има видео-сваштарник на телвизорот, ама добро би било да се ориентира кон една насока телевизијата.

Телевизијата денес стана како што се веб сајтовите. Отворени само за да има посетеност и да се прават пари од рекламите, а она што го објавува веб-сајтот, е строго копирана вест ОД БИЛО КАДЕ. Затоа и се прават сваштарници да се копира се од секаде. Така се денес телевизиите,станати во мк.

И покрај овај детален опис што го дадов низ погорниот текст, можеме да заклучиме дека освен што ТВ каналите се шаблонски, испаѓа дека и народот работи шаблонски.Кога јас местев каблоска + интернет, фраерот што местеше ја пушти пинк и планета, фалејќи ја дека давале згодни цури и дека била “стакло сликата“. Околу 60тина канали, кои ви се на сите познати, по дифолт ги имаме на каблоска (Boomerang,Cartoon Network, Mtv, Vh1, National Geographic, Animal Planet...)
Ова се и каналите кои ги гледам, а сигурен сум дека ако би сменил пакет, не би добил којзнае-што-поразлично за теелвизијата, ама сигурно не би го имал овој добар интернет што го имам моментално.

Одма тука се поставува прашањето, зошто и двете работи не чинат? Едноставно е, корисниците ги имаат заради интернетот, додека на постарите и не им е баш битно колку канали ќе има, битно да ИМА.
Зошто би плаќале скапи канали, би ја дополнувале листата кога можат со истата за ефтини пари да те убедуваат дека мораш каблоска + нет, а кога едното е добро, другото ти иди гратис.

После се, испаѓа дека вистинското решение е местење на сателитска, или да почекаме некоја година кога ќе стигнат во мода новите ресивери.
 

^^GoRiLLaZ^^

Happiness...?
Член од
25 јануари 2007
Мислења
5.762
Поени од реакции
8.021
^ Проблемо е во операторите...? Затоа што земаат бесплатни ТВ програми, и некој одредени што се плаќаат.

Се сеќава некој на Premiere?



Е ова програмче беше една од најскапите... каде е сега? Исто имаше и едни филмски (не ми текнува на името, имаше мислам Canal нешто), беа во одредени боички како коцки... со црвена, зелена и жолта (три посебни програми)... и уште неколку како DSF, Animal Planet (ја не го фаќам програмов)...

А кујзнае, може и тие не нудат некоја си добра програма... ко ќе го споредам Cartoon Network од 2000-та и сега... очајни се денеска.

Единствено што вреди: Nat Geo Wild ; National Geographic ; Viasat Nature ; VH1 Classic ; MBC Max ; MBC Action ; MBC 2 ; MBC 4 ; TV 1000... бар то шо го фаќаме во Македонија. Како и за спортот во сабота и недела... Телма и Sport Club.
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.853
Јас имав кабловска и ја откажав уствари да го откажав и нетот :) па така сега на раат сум (y) и не се замарам со тоа дали имало денеска некој добар филм кој го имам гледано пред 3-4 год и сл. или пак вести да гледам боже сачувај :confused:
Ај ТВ кога сака човек и со антена обична ке гледа или на нет.... ама интернет? Има ли алтернатива за интернет освен овие понуди со 2 или 3 пакети!? Има ли нормална понуда само за интернет?
 
Член од
13 мај 2009
Мислења
687
Поени од реакции
283
Кога сме веќе кај интернет-телевизијата, посетете го мојот сајт www.mkpredavatel.com и гледајте над 150 ТВ канали, се надевам дека ќе има што да гледате. :) Изборот е многу голем, многу филмски, спортски, документарни, детски итн итн.
И да, целосно е бесплатен, за разлика од некои други сајтови. ;)
Да не е твојава страна мислам дека ќе полудам, башка тоа шо немам веќе кабловска и макств. А онака да пуштам на тв ќе остаам единствено на алфа или мтв1 (кои ја збогатија програмата)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom