Имаш 100 канали, немаш што да гледаш

Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Добар вовед во темава би бил написот во еден дневен весник


Имаш 100 канали, немаш што да гледаш


Во основните пакети на повеќето оператори се нудат приближно по 60 канали. Повеќе од половина од нив отпаѓаат на домашни и на регионални канали, но и меѓу преостанатите ретко се нуди канал што е посакуван меѓу корисниците
ТВ-ОПЕРАТОРИТЕ НУДАТ КВАНТИТЕТ БЕЗ КВАЛИТЕТ
Бројката од 357 странски програмски сервиси, кои според регистарот на Советот за радиодифузија (СРД) се емитуваат на територијата на Македонија преку близу 80 обезбедувачи на ТВ-услуги, на прв поглед звучи импозантно. Сепак, ТВ-понудата во земјава е далеку од атрактивна. Последниот „удар“ го почувствуваа љубителите на фудбалот, кои сезонава ќе имаат скратен пристап до натпреварите од Лигата на шампионите и од Лига Европа, како и до шпанска Примера, освен ако не се корисници на „Макс ТВ“ на „Ти хоум“, и тоа на пакет со доплата.
ОБВРСКА ИМ Е САМО МРТВ

Но, настрана од ова, понудата на ТВ-канали и генерално ни е бедна. Во основните пакети на повеќето оператори (без оглед дали се кабелски или од друг тип) се нудат приближно по 60 канали. Повеќе од половина од нив отпаѓаат на домашни и на регионални канали. Остатокот го сочинуваат информативни, филмски, спортски, детски и забавни канали, но ретко кој од нив е особено посакуван меѓу корисниците. Освен неатрактивноста, заедничко за најголемиот дел од нив е тоа што се слободни за емитување (free-to-air), односно операторите за нивното преземање не трошат ни денар, а наплаќаат.

- Операторите се единствено обврзани да ги реемитуваат програмските сервиси на јавниот радиодифузен сервис, Македонската радио-телевизија. Не постои подзаконски акт со кој се определува какви канали ќе реемитуваат, односно нема никаква обврска кога станува збор за реемитување странски програмски сервиси - објаснува Борче Маневски, раководител на Секторот за европска и меѓународна соработка и односи со јавноста на СРД.

ЕДНО НА ХАРТИЈА, ДРУГО ВО ЕТЕР

За да биде оператор на ТВ-услуги, деловниот субјект што сака да влезе во овој бизнис треба само да се нотира во Агенцијата за електронски комуникации (АЕК). За оваа дејност не постојат лиценци. За да емитуваат, пак, одредени канали, операторите треба да регистрираат пакет во СРД.

- При регистрирањето пакет, операторите треба да го приложат во СРД договорот со емитерот или со правниот застапник на авторските права со кој потврдуваат дека имаат дозвола за емитување. Некои телевизии им ги отстапуваат правата бесплатно, други со рок, временски ограничен, а за трети е потребно да се плати - објаснува Сеад Џигал, комуниколог и експерт за медиуми.

Дополнително, кај некои оператори се евидентни разлики меѓу пакетот што го пријавиле во СРД и тој што фигурира на нивните сопствени интернет-страници. За жал, листата неретко не се совпаѓа и со каналите што реално стигнуваат до корисниците.



И ДА СМЕНИШ ОПЕРАТОР - ЏАБЕ

И покрај тоа што нема законска пречка за развој на конкуренцијата меѓу обезбедувачите на реемитувани ТВ-услуги, барем засега корисниците немаат ништо од сето тоа. Понудите на различните оператори се горе-долу исти. Разликите се сосема несуштински и се сведуваат, на пример, на избор меѓу српската ДМ САТ и бугарската Планета (и двете емитуваат турбофолк).

Освен тоа, операторите своеволно ги менуваат каналите во понудата, па лесно може да се случи корисникот, по месец-два, да остане токму без оној канал поради кој го сменил операторот.

Не се многу далеку од општиот впечаток ниту пакетите за кои се плаќа дополнителна сума. Тоа што прво паѓа в очи е дека некои канали се во основната понуда на еден оператор, а во дополнителната на друг.
Оттука, операторите генерално и не можат да се пофалат дека во овие пакети нудат нешто за што вреди да се плати екстра сума.

- Не би рекол дека на операторите им е скапо да платат авторски права и да воведат нови пакети. Не го прават тоа зашто немаат потреба, пазарот сѐ уште не им е заситен - објаснува Роберто Беличанец, експерт за медиуми.
Законски не сме далеку од светот
Медиумските експерти се согласни дека во поглед на легислативата што се однесува на ТВ-операторите не сме далеку од светот.
- Во Велика Британија и во Германија, на пример, каде што сѐ е дигитализирано, корисникот од провајдерот добива рисивер, го изнајмува или го откупува. Со рисиверот добива пакет, кој влегува во претплатата, а дополнително се нудат пакети (спортски, филмски, забавни, ХД, по барање итн.) со фиксен број програми за кои се плаќа. Програмите во самиот пакет можат и да се сменат, но бројот мора да биде ист како во договорот. Ова е така поради динамичноста на самиот пазар - објаснува Џигал.
Сепак, она што го заштитува корисникот е факторот конкуренција, кој кај нас сѐ уште не е ни во зачеток.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=9111285066&id=9&prilog=0&setIzdanie=22676
На подфорумов има доста теми кои се занимаваат со кабловските тв оператори но нема ниедна која ја разгледува во целост заедничката понуда на сите оператори.. квалитетот на понудата, придржувањето на понудата ...број и избор на канали.. и нивно своеволно менување и намалување, колку плаќаме за таквите не/услуги, што можеме да направиме за да се заштитиме и не дозволиме да кабловските дистрибутери си играат со нас како што сакаат?!?
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.113
ова е лошото
операторите своеволно ги менуваат каналите во понудата, па лесно може да се случи корисникот, по месец-два, да остане токму без оној канал поради кој го сменил операторот.
 
Член од
20 март 2012
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.366
Е, баш така...Сега телевизијата вистински си го оправда називот ТЕЛЕ - ВИЗИЈА:D
Пошто мразам турски серии, а богами и Вести, си реков дај да видам низ ТВ програма што има, може има асална програма, ама јас мрчам, или не знам термин да погодам....или Ш класа филмови, или едни те исти филмови по 100 пати ги даваат!
Исто е и со документарците, па не се гледа еден исти документарец на Discovery повеќепати. Досадно станува, веќе однапред знам што ќе кажат:LOL:
Ако станува збор за саглам амерички серии, ќе почнат, ќе ги прикажуваат донекаде, ќе прекинат, и пак отпочеток.
God bless the Internet, телевизорот само прашина ми собира.
А искрено, веќе не знам ни за што служи истиот, освен за кукање и плачење на турски серии и стресови предизвикани од Вестите.
--- надополнето: 14 септември 2012 во 23:23 ---
ова е лошото
операторите своеволно ги менуваат каналите во понудата, па лесно може да се случи корисникот, по месец-два, да остане токму без оној канал поради кој го сменил операторот.
Ех, кај мене толку своеволно си менуваат канали, што мислам дека секој ден морам да штелувам станици јово наново, за да нели, бидам во тек со програмската шема:tapp:
 
Член од
11 септември 2012
Мислења
69
Поени од реакции
38
Тие можат да менуваат како ќе им текне без мое одобрение веќе склучен договор и да не одговараат.Јас треба едн месец однапред да им кажам,а ако го раскинам еднострано договорот веднаш ме даваат на суд.
Во иднина треба да вметнат и амандман дека ако они направат промена без мое одобрение на потпишан договор да плаќаат пенали.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
Домашните кабловски/тв оператори = Дежа ву :)

Ама добри се само за едно нешто...за интернетот!
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Тие можат да менуваат како ќе им текне без мое одобрение веќе склучен договор и да не одговараат.Јас треба едн месец однапред да им кажам,а ако го раскинам еднострано договорот веднаш ме даваат на суд.
Во иднина треба да вметнат и амандман дека ако они направат промена без мое одобрение на потпишан договор да плаќаат пенали.
Па тие во договорите и те како си се заштитиле од тоа...
сите имаат нешто како... операторот го задржува правото на измена на каналите без најава ...
..друго нигде не пишува имаш на пример 60. 100, 120 канали сегде стои ...до 60. 100, 120 канали..

..е сега тоа до е многу растеглива категорија, ние како конзументи обично мислиме на +- три четири канала ...а во стварност ни се случува да се многу помалку, за пример ќе го земам Близу ..од декларирани 120 канала по договор без никакви додатни плаќања тие испорачуваат едвај 90 канали..е па минус една четвртина што е многу многу е..
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.399
Поени од реакции
85.349
Најпаметно е наместо ТВ да гледаш да излезеш да се шеташ цел ден безцелно многу позабавно може да ти биде отколку да вртиш по каналите без да најдеш квалитетна ТВ програма
 

^^GoRiLLaZ^^

Happiness...?
Член од
25 јануари 2007
Мислења
5.755
Поени од реакции
8.013
Не дека секогаш нема шо да се гледа, туку немате желба за гледање...

Сте пуштиле ли некогаш Nat Geo Wild? National Geographic? Viasat Nature? Филмските MBC програми?

Сабота, Недела исто Телма, Sport Club... нормално дека не може секогаш да се понуди за секој човек, но од горниве секогаш има нешто да се види.
 
L

.Lost Angel.

Гостин
Јас имав кабловска и ја откажав уствари да го откажав и нетот :) па така сега на раат сум (y) и не се замарам со тоа дали имало денеска некој добар филм кој го имам гледано пред 3-4 год и сл. или пак вести да гледам боже сачувај :confused:
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.735
Поени од реакции
4.485
Разбирам англиски.
ПЦ + ХДМИ кабелче + Телевизор = Цел свет на дланка.
Ако чекав тв серии,филмови или компјутерски игри да стигнат кај нас да се емитуваат/продаваат ќе цркнев башка на интернет на некој начин ГАГА се.
Во името на светиот ЦТРЛ АЛТ ЕНТЕР.
Да живее интернетот :cuc::cuc::cuc: сега и во вечни векови.
--- надополнето: 15 септември 2012 во 00:14 ---
Не дека секогаш нема шо да се гледа, туку немате желба за гледање...

Сте пуштиле ли некогаш Nat Geo Wild? National Geographic? Viasat Nature? Филмските MBC програми?

Сабота, Недела исто Телма, Sport Club... нормално дека не може секогаш да се понуди за секој човек, но од горниве секогаш има нешто да се види.
Има бе друже ама не е финтата еднаш месечно да начекам асолна програма.
Да бидеме искрени од 200-300 канали што ги имам дали 10 ги гледам.
Тоа е поентата на темава дека џабе е квантитетот ако нема квалитет.
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.735
Поени од реакции
4.485
Иднината е во интернет-телевизијата.
Па ако не се потрудат така и ќе биде за 10 години ќе има многу повеќе луѓе кои разбираат Англиски и интернет конекција која овозможува „бесплатна телевизија.“
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
Па ако не се потрудат така и ќе биде за 10 години ќе има многу повеќе луѓе кои разбираат Англиски и интернет конекција која овозможува „бесплатна телевизија.“
Англиски е најмал проблем. Новите паметни телевизори веќе имаа андроид софтвер и можност за следење телевизија преку интернет :)
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.735
Поени од реакции
4.485
Англиски е најмал проблем. Новите паметни телевизори веќе имаа андроид софтвер и можност за следење телевизија преку интернет :)
Да де ама содржината е на англиски (пр. серии)
Иако брзо излегуваат и преводи ако не му/и иде англискиот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom