Не дека секогаш нема шо да се гледа, туку немате желба за гледање...
Сте пуштиле ли некогаш Nat Geo Wild? National Geographic? Viasat Nature? Филмските MBC програми?
Сабота, Недела исто Телма, Sport Club... нормално дека не може секогаш да се понуди за секој човек, но од горниве секогаш има нешто да се види.
Toa се само 7-8 канали, а од цела каблоска да ги гледаш само нив, дури и срамота е.
Каблоската тв треба да ти обезбеди пренос на доста канали,а дигиталната превод, HD слика,опции за помотување запиорање и ред други корисни ствари. Нешто чекор напред идат од Т-хом со телевизијата, само се скапи и доста луѓе се жалат од услугата што ја добиваат обратнопропорционално од она што го плаќаат.
Проблемот со каналите е што кај нас, сме мала држава, а и народот не е навикнат да гледа тв. Сеуште важи правилото, тоа што ќе кажат на вестите- е точно, не сфајќајќи дека истите тие “вести“ ги пренесуваат од некој кромид-њуз медиум како трач тема. Така, ако земеме во предвид ќе видиме дека имаме просек 40тина и повеќе македонски телевизии, за кои сум сигуен, тврдам и стојам на ставот дека 90 % од нив имаат еден шаблон и ист концепт за емитување во етерот.Претежно оди во стилот:
-Вести
-Серија
-Реклами (најбитното)
-Копирана емисија со Х гостин
-Емисија за младите (дали кардашијан била гола или не)
-Некој филм
-Некоја серија од торенти
-Временска прогноза
-Владини реклами
Ова е контекстот на скоро сите телевизии што се одвиваат во нашиот досаден крај. Не се роди телевизија, да иди и да ги снима само спортските случувања низ македонија. Не се направи телевизија која ќе ги следи строго журките низ македонија со пренос и ќе известува околу музичкото поле. Ако некој ја спомне дела BOM тв е музичка, тогаш нека си стави и тенџере на глава, за да не се срами кога излегува на улица.24 вести го смена концептот, специјализирана за вести, и тоа е она што сакам да го доловам со претходниот муабет. Во ред е да се има видео-сваштарник на телвизорот, ама добро би било да се ориентира кон една насока телевизијата.
Телевизијата денес стана како што се веб сајтовите. Отворени само за да има посетеност и да се прават пари од рекламите, а она што го објавува веб-сајтот, е строго копирана вест ОД БИЛО КАДЕ. Затоа и се прават сваштарници да се копира се од секаде. Така се денес телевизиите,станати во мк.
И покрај овај детален опис што го дадов низ погорниот текст, можеме да заклучиме дека освен што ТВ каналите се шаблонски, испаѓа дека и народот работи шаблонски.Кога јас местев каблоска + интернет, фраерот што местеше ја пушти пинк и планета, фалејќи ја дека давале згодни цури и дека била “стакло сликата“. Околу 60тина канали, кои ви се на сите познати, по дифолт ги имаме на каблоска (Boomerang,Cartoon Network, Mtv, Vh1, National Geographic, Animal Planet...)
Ова се и каналите кои ги гледам, а сигурен сум дека ако би сменил пакет, не би добил којзнае-што-поразлично за теелвизијата, ама сигурно не би го имал овој добар интернет што го имам моментално.
Одма тука се поставува прашањето, зошто и двете работи не чинат? Едноставно е, корисниците ги имаат заради интернетот, додека на постарите и не им е баш битно колку канали ќе има, битно да ИМА.
Зошто би плаќале скапи канали, би ја дополнувале листата кога можат со истата за ефтини пари да те убедуваат дека мораш каблоска + нет, а кога едното е добро, другото ти иди гратис.
После се, испаѓа дека вистинското решение е местење на сателитска, или да почекаме некоја година кога ќе стигнат во мода новите ресивери.