realen_07
Опозиционер
- Член од
- 12 април 2008
- Мислења
- 3.636
- Поени од реакции
- 134
1. Дали сеуште стои на ставот дека името е нераздвојлив дел од националноста.Што конкретно ти би сакал да чуеш од евентуалниот дуел?
2. Доколку не, зошто од позиција на експерт и политиколог дал зелено светло за предлогот Република Македонија (Скопје).
3. Дали во неговиот мандат ќе се залага за решение на спорот со грција, или за зачувување на уставното име.
4. Дали има црвени линии.
5. Дали мисли да избега од сенката на Груевски, и како мисли да го направи тоа.
Има уште многу "дали" и "зошто" на кои ќе нема "затоа" доколку претседателските кандидати не седнат на една маса за да ги соочат своите аргументи.
Мислиш ли ти дека Ѓорѓе на овие прашања ќе одговори на гости кај Миленко, во гласот на Томиќ или во дневник на Латас ?
Како Ѓорѓе ќе се соочи со проблемите кои неминовно ќе следат во наредните неколку години, кога како што гледаме не е способен да се соочи со неговите противкандидати ?
Неизлегувањето на дуел остава сомнежи дека Ѓорѓе или крие нешто, или нема одговор на суштински прашања во врска со иднината на Македонија.
Токму на дуелите се одговара на овие прашања.
И дај немој да го перете со провидни финти од типот Фрчко не бил културен, бла бла, дрн дрн.
Доколку тој има аргументирано изградени ставови, нема од што да се плаши.
Во спротивно останува дилемата која ја спомнав погоре.