Изборни резултати од Претседателски избори 2009 (генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Адриано
  • Време на започнување Време на започнување

За кого ке гласате на следните претседателски избори?

  • Ѓорѓи Иванов (ВМРО-ДПМНЕ)

    Гласови: 313 39,0%
  • Љубомир Фрчковски (СДСМ)

    Гласови: 126 15,7%
  • Нано Ружин (ЛДП)

    Гласови: 23 2,9%
  • Mируше Хоџа (ДПА)

    Гласови: 1 0,1%
  • Љубе Бошковски (независен кандидат)

    Гласови: 141 17,6%
  • Имер Селмани (Нова Демократија)

    Гласови: 68 8,5%
  • Нема да гласам (или сеуште неопределен)

    Гласови: 74 9,2%
  • Агрон Буџаку (ДУИ)

    Гласови: 3 0,4%
  • Ќе го поништам ливчето, никој не ми се допаѓа.

    Гласови: 53 6,6%

  • Вкупно гласачи
    802
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Што конкретно ти би сакал да чуеш од евентуалниот дуел?
1. Дали сеуште стои на ставот дека името е нераздвојлив дел од националноста.

2. Доколку не, зошто од позиција на експерт и политиколог дал зелено светло за предлогот Република Македонија (Скопје).

3. Дали во неговиот мандат ќе се залага за решение на спорот со грција, или за зачувување на уставното име.

4. Дали има црвени линии.

5. Дали мисли да избега од сенката на Груевски, и како мисли да го направи тоа.



Има уште многу "дали" и "зошто" на кои ќе нема "затоа" доколку претседателските кандидати не седнат на една маса за да ги соочат своите аргументи.
Мислиш ли ти дека Ѓорѓе на овие прашања ќе одговори на гости кај Миленко, во гласот на Томиќ или во дневник на Латас ?

Како Ѓорѓе ќе се соочи со проблемите кои неминовно ќе следат во наредните неколку години, кога како што гледаме не е способен да се соочи со неговите противкандидати ?

Неизлегувањето на дуел остава сомнежи дека Ѓорѓе или крие нешто, или нема одговор на суштински прашања во врска со иднината на Македонија.

Токму на дуелите се одговара на овие прашања.

И дај немој да го перете со провидни финти од типот Фрчко не бил културен, бла бла, дрн дрн.

Доколку тој има аргументирано изградени ставови, нема од што да се плаши.

Во спротивно останува дилемата која ја спомнав погоре.
 
Абе ти уште 20 видеа да постираш.....исто ти се фаќа.

Прочитај што ти напишав погоре и одговори ми на прашањата.

Колку за информација пред некој ден го изгледав овој клип, и не најдов одговор на ниедно од прашањата кои погоре ги поставив.
 
Од каде тој твој психијатриски наод и мислење?
Свесен си дека навредуваш твои сограѓани?
Ај една мини анализа...Фрчковски:

1. злоставува / физички напаѓа жени, и тоа не еднаш, односно инцидентно.
Го имаме случајот на неговата сопруга која била малтерирана на повеќе наврати, а ја имаме и "паркинг епизодата".

Тоа укажува дека се работи за непресметлив, агресивен човек, кој лесно паѓа во афекти, притоа нансувајќи штета на околината.

Во секоја нормална земја за ова би одговарал и неговиот углед и функција би биле ставени под знак прашалник.

2. Изнесува груби невистини, односно јавно лаже.

Ќе го изнесам примерот со колумната која се однесуваше на Иванов, и која ја демантираа со писмени докази и факти професорите на Правниот факултет, инаку колеги и на Фрчковски.

Што пак не носи до заклучокот дека се работи за манипулативен и нарцисоиден егоцентрик, кој не бира средства за да добие внимание. Лагите и неправедното оцрнување други, како и нападниот, вулгарен речник кој го користи, се само дел од симптомите кои одговараат на наведените состојби/disorders.

3. Често менува ставови и нема никаква цврстина и конзистентност на делување.

Тука може да се напоменат доскорешните остри напади врз Б.Ц, чија партија сега го изнесува како кандидат, како и негирањето и потсмевањето со Хунзите, со кои, како што се дозна, инсистирал да се оствари контакт, па дури присуствувал и на вечерата во нивна чест.

Наведеното пак говори дека Фрчковски нема, односно не следи никакви принципи и е една нестабилна природа чии дела воопшто не соодетствуваат со ставовите, односно нема можност останатите да се потпрат врз истите.

Тоа би бил психолошкиот момент.

Може тука да го надоврзаме и неговото минато, кое ни укажува дека е склон кон сомнителни дејанија, како на пример, купување коњи и Рејбан наочари за полицајци од "необјасниви" причини, дубари со ЗУС околу печатење пасоши и возачки дозволи, користење досиеја на Колегите од Правниот факултет за рекет и лично позиционирање на Правен и слични ми ти аферички и криминали.

Па, после ова искрено се прашувам кој нормален би гласал за Фрчковски, односно, по обратна логика, веројатно само ненормални би гласале за ЉДФ.
 
Бараш одговор на прашања што веќе се одговорени. Со таква реторика не мислам да се замарам. А Иванов барем е доблесен категорично да каже дека неговите ставови се непроменети веќе две децении, и така и ќе остане тоа.

Второ, ти го поддржуваш Нано Ружин.

Како Нано ќе се соочи со проблемите кои неминовно ќе следат во наредните неколку години, кога како што гледаме не е способен да се соочи со неговите противкандидати ?

Дали во неговиот мандат ќе се залага за решение на спорот со грција, или за зачувување на уставното име?

Одговори ми ти на овие прашања.
 
3. Често менува ставови и нема никаква цврстина и конзистентност на делување.
Мислиш на ова:
delboy напиша:
Ѓорѓе Иванов како кандидат за претседател:

Тоа е резултат на нашата досегашна, погрешна политика во однос на ова прашање додека секој ден слушаме дека сите во Грција се обединети и имаат изградено цврст став да не попуштат ние за овие години имаме политичари кои по неколку пати ги менуваа своите ставови по однос на името, од најцврсти до најмеки од двојна, тројна формула од некои кои велеа дека треба да се прекинат разговорите а сега ни велат мора да најдеме решение,


Ѓорѓе Иванов на 28-03-2008 за предлогот Република Македонија (Скопје)

"Имаме избалансиран предлог, кој е компромис со кој се задоволуваат и македонските и грчките барања. Со него нема ниту победници ниту поразени страни. Во нашиот устав не се задира и сега е потребна само политичка мудрост со која, без еуфорија, процесот ќе се доведе до крај - оцени вчера политикологот Ѓорѓи Иванов"
 
Ајде и јас да напишам нешто за кандидатите.
Би гласал за секој кој што има свој став. Во првиот круг би гласал за Фрчкоски ако влезе во вториот круг пак гласам за него. Доколку не влезе во втор круг гласам за било кој само не за ВОСОЧНАТА ФИГУРА(Иванов).
 
Бараш одговор на прашања што веќе се одговорени. Со таква реторика не мислам да се замарам.
Или во превод, немаш одговор на моите прашања.

П.С.
Нападот не секогаш е најдобра одбрана :helou:
 
Извини дечкооо ти си па многу паметен што ќе гласаш за Иванов,размисли малце како се изјаснуваш.
Лично нема да коментирам за Иванов и останатите, ама за да гласаш за Фрле треба да си психички нестабилен ко него или партиски лоботмиран.
Таква карикатура од личност нема ниеден основ да биде претседател.

И ќе се повторам зошто:
1. злоставува / физички напаѓа жени, и тоа не еднаш, односно инцидентно.
Го имаме случајот на неговата сопруга која била малтерирана на повеќе наврати, а ја имаме и "паркинг епизодата".

Тоа укажува дека се работи за непресметлив, агресивен човек, кој лесно паѓа во афекти, притоа нансувајќи штета на околината.

Во секоја нормална земја за ова би одговарал и неговиот углед и функција би биле ставени под знак прашалник.

2. Изнесува груби невистини, односно јавно лаже.

Ќе го изнесам примерот со колумната која се однесуваше на Иванов, и која ја демантираа со писмени докази и факти професорите на Правниот факултет, инаку колеги и на Фрчковски.

Што пак не носи до заклучокот дека се работи за манипулативен и нарцисоиден егоцентрик, кој не бира средства за да добие внимание. Лагите и неправедното оцрнување други, како и нападниот, вулгарен речник кој го користи, се само дел од симптомите кои одговараат на наведените состојби/disorders.

3. Често менува ставови и нема никаква цврстина и конзистентност на делување.

Тука може да се напоменат доскорешните остри напади врз Б.Ц, чија партија сега го изнесува како кандидат, како и негирањето и потсмевањето со Хунзите, со кои, како што се дозна, инсистирал да се оствари контакт, па дури присуствувал и на вечерата во нивна чест.

Наведеното пак говори дека Фрчковски нема, односно не следи никакви принципи и е една нестабилна природа чии дела воопшто не соодетствуваат со ставовите, односно нема можност останатите да се потпрат врз истите.
 
зошто веднаш се префрливте на дуел т.е. се фаворизираат двајца. Треба да има дебата на сите 7 кандидати, а дуел може да има по првиот круг.
 
Ајде и јас да напишам нешто за кандидатите.
Би гласал за секој кој што има свој став. Во првиот круг би гласал за Фрчкоски ако влезе во вториот круг пак гласам за него. Доколку не влезе во втор круг гласам за било кој само не за ВОСОЧНАТА ФИГУРА(Иванов).
Ево ти рука за твојот пост,се покажаа вмро доволно со нивниот mindfuck на народот,па уште и председател од нивна партија,никогаш.
 
зошто веднаш се префрливте на дуел т.е. се фаворизираат двајца. Треба да има дебата на сите 7 кандидати, а дуел може да има по првиот круг.
Точно. Но работата е во тоа што седмиот и најсериозниот кандидат се плаши да излезе на мегдан со своите противкандидати.
Сите останати прифаќаат.
 
Точно. Но работата е во тоа што седмиот и најсериозниот кандидат се плаши да излезе на мегдан со своите противкандидати.
Сите останати прифаќаат.

Ако се плаши не му е место на листата. Ај баш ме интересира да почне кампањата па да видиме.

И зошто најсериозен. За мене на пр. е најнесериозен.
 
Од улога на неутрален гласач (не зборувам за мене), пожелно е да се видат сите ставови, сите мислења на кандидатите за шеф на државата, како и нивните противречности и сличности. ТВ дебата е одлична можност да се разменат ставови и да се подискутира за темите кои ќе бидат централни во предизборието.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom