Како форумски лик имало моменти кога сум пишувала затоа што никој не ме познавал, затоа што тие што треба ме познавале, затоа што немало на кој друг да му кажам или затоа што сум сакала на некој посебно нешто да му пренесам, секако имаше и фази кога кажував се и кога не кажував ништо.Со текот на времето научив дека нема потреба никој да знае што ми се случува во животот освен избрани три персони кои што навистина имаат поим што ми се случува во животот.
Секако, сите на различен начин ги кажуваме работите, но да ми е жив Бада на една тема многу убаво ги кажа некои работи, нормално дека пола од нас ќе се изразуваат во завиена форма затоа што пола форум ќе не оговара ако ги кажеме така како што навистина се, не дека без тоа нема да се случи собиранката во парк.
Личен совет кон оние што сега се впуштиле во некои води ми е да си ги држат прстите под команда и устата затворена ако не сакат да бидат форумски Казанови и Примадони, иако, ако некој нешто сака да каже, ќе го измисли без некој воопшто да се наоѓа во градот.:wink:
На крајот се се базира врз потреба за внимание и желба за промена, некои од нас се контролираат, некои не, битно сите сакаме да пренесеме порака, да насликаме лик кој што е доволно интересен, моите ставови се комплетно исти во реалноста, но Лејди Сатори и Вајо не се истата личност и е нормално да не бидат, зошто тогаш дошло до претопување на виртуелниот со вистинскиот лик а тоа не верувам дека е психички здраво.
Затоа, сите треба да прифатат дека сме дел од еден тип на виртуелна комуна и да не се жалат за тоа дека премногу се отвориле а некој тоа го искористил, т.е. во кратки црти: