Не е страшно да му се отвориш на форумот и да истипкаш 3-4 реда околу тоа каков ден си имал ,што тргнало наопаку а што било во ред,да се самопофалиш...
Страшното се членовите кои го читаат тоа
Порано не беше толку глобализирано местенцево,но сега речиси секој со секого се знае,од поактивната маса на форумџии ,па и оние закриените под ''неприметливи'' никови,за да читаат,затоа што само тоа им преостанало од мешањето во животот на нивната бивша/бивш/соперник/конкуренција. :S
Не премногу,повоздржан пристап. За се друго имате споменари,хартија се трпи ем е подискретна. Водете дневник ,be retro.
A зошто му се отвораме,од разни причини...можеби нема кој да не сослуша,сакаме сожалување,внимание,2 минути слава...
Или едноставно,не ни се допаѓа ракописот