Се отвараат луѓе што немаат на кого да му зборат во реланост ,
нема кој да ги слуша , па мора некаде тоа да го прават ...
Интересно е што форумот за СЕКС е многу активен ...
Верувај, има многу луѓе што ме трпат и им ги правам истите муабети што и ги правам и на Драга Кајгана.
Форумов, е место кое можеш да се скриеш позади еден глупав ник, и да измислиш скроз различна личност од таа што си. Отварањето е тоа. Ќе бидеш друга личност. Ќе се претставиш во различно светло, подобро од досегашното.
Има луѓе на форумов, што ќе се заинтересираат за тебе и ќе ти побараат фб, мсн, штоидае.
Се се сведува, на познанства.
Се организираат собиранки, се запознаваат форумџии, се дружат, зафрканции едно-друго. Нема ни „д“ од „дискусија“, целта за која е направен форумов.
Повеќето форумџии на форумов се зачленети баш поради таа причина, да се запознаат со нови фаци (оние што пишуваат во Општи муабети. Не дека им се дискутира, туку сакаат нови познанства).
Социјална мрежа, не? Нема ништо поразлично од facebook или некоја слична таква.
Јас барем, признавам дека, можеби не кога се зачленував на форумов ама таа желба ми се јави подоцна, познанствата за многу луѓе од форумов ми се exciting, т.е. ми станаа.
Како и да е, сум приметила дека има една група на луѓе на форумов, кои се дружат меѓусебно надвор од границите на форумов и прават муабет за други форумџии.
Сум била дел од такво оговарање, уште кога бев нова на форумов (не дека сеа не сум).
Баш поради тој факт, избегнувам да се упознавам со многу фаци онлајн, а и да се дружам со нив. Веднаш кружат муабети помеѓу таа „група“ форумџии.
Секаде ги има таквите, истите оние што ќе ти побараат мсн и ќе се заинтересираат за тебе.