Убаво е тоа што може човек да се отвори негде и напиши се што го мачи. А уште поубаво е тоа да го читаш и знаеш. Така можеш да научиш слаби точки на некого и да ги искористиш во своја полза, или да дознаеш за што мечтае некое чупе па да си ја фатиш и ќариш на некоја нејзина слабост.
Зошто? Зошто сме тапа, вечити пациенти што мораат да се изразат негде. Фората е што дневник пишувам ретко зошто премногу време ми зема, пријателите не ги гледам толку често колку што имам "кризи" - не дека не си ги преживувам сама со себе своите дилеми, него сакам понекогаш да добијам фидбек како мислење или критика за тоа, како тоа изгледа од друга гледна точка. Нема везе, и да признавам нешто, а тоа е ретко, не пробувам да им се допаднам на форумџиите. Имам неколку што ми се блиски и кои ме познаваат добро и знаат како да интерпретираат нешто што сум пишала, додека тие другите гајле ми е што слика си создаваат врз база на тие 2,3 реченици. Сепак воглавно избегавам да изнесувам лични работи, а најверојатно, меѓу другото и затоа не сум доволно активна на форумов. Во идеален случај, ова би било едно виртуелно кукалиште и советувалиште.
од разни причини се прави некој да се направи фраер олку онолку женски а во стварност зеро некој да споделат некое болно искуство а знае дека идентитетот никој не му го открива чисто човечки си ја празни душата и добро е што го има форумов на разни теми се гледаат разни мислења и слично
Не знам колку сте свесни за тоа, ама форумов е еден вид на школа, некој вид начин на живот до некојси степен. Прво се ти е интересно, постираш, читаш постови, се запознаваш со форумџии, се забавуваш. После тоа, полека-полека се навлекуваш на форумов, еден период стануваш целосен форум-зависник...После некое време го сфаќаш тоа, па се тргаш од форумов... и после тоа не сакаш да си дел од него зашто као демек се се сменило, ништо не е исто како што беше порано... и те нема некое време, те нема...ама на крај пак му се враѓаш на форумов, дали активно-дали пасивно, дали само да потпрашаш нешто, како и да е пак си тука.
Тоа се фазите на еден активен форумџија сакале ние да признаеме или не...(А може има и плус некои други ама јас не ги знам ) . Како и да е, живеејќи толку долгу време на форумов, сакал- нејќел, еднаш ќе се отвориш и изнакажеш се што ти лежи на срцето, а што е најважно нема ни да бидеш свесен за тоа.
Па бидејки можам да си кажам што мислам, да споделам некои мои чувства, мислења со другите корисници на форумов а никој да не знае кој е кој всушност... Мислам дека на ниту еден форум не можам да се отворам како на овој, не знам зошто xaxaa
Зависи од темата.
Имаш тема што носи наслов ,,Омилена секс поза,,, ,,Искуства орален секс,, дрн дрн дрн.
Кога некој прашува за искуство, очигледно е дека зборуваш за себе, а не за комшијата.
Ама раскажување детали, не се потребни.
Не за друго, оти никој не го интересираат.
jas i se otvoram na kajgana zasto koga pisuvam na forumov se osekam kako da zboruvam so psihijatar-nema osuudvanje a ima samo razbiranje i zabava.i e bez pari,se razbira
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.