Зошто толку му се “отвораме” на форумов?

the Consigliere

не читам дугачки постови
Член од
17 јуни 2007
Мислења
5.595
Поени од реакции
263
Има една тема за тоа во што се претворил форумот ...ме мрзи да ја барам...

Епа еве ви го одговорот...Се претворил во место за лечење нечии фрустрации, за препуцавање за најмала ситница, за оговарање кој со кого се спанџал ...
И полека почнува секоја тема да се претвора во овој вид на постирање, трагедија е тоа роџаци , некад се читаше овде, а сеа само се карате ко неизживеани малоумници кои немаат маало да се симнат и да искулираат со едно пиво ...
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Пак да си донесам заклучок - не е до отварањето туку е до тоа што како се отвараш. Џабе и за секс да се отварам коа гајле им на сите што сум пишал за сексот коа не се вклучени они во тоа. Пиши дека си ручал гравче со некој/а член/ка и одма добиваш на популарност.
 

Филозофка

Amelie Poulain
Член од
21 јануари 2009
Мислења
1.680
Поени од реакции
525
Боље е тема да ти отворат. :pos:

Ај доста. Извинете за офтопиков. Али темава отиде на тотално друга страна како што гласи насловот. Пак да си донесам заклучок - не е до отварањето туку е до тоа што како се отвараш. Џабе и за секс да се отварам коа гајле им на сите што сум пишал за сексот коа не се вклучени они во тоа. Пиши дека си ручал гравче со некој/а член/ка и одма добиваш на популарност.
Така е кога не си вклучен во некоја активност не те интересира, епа еве јас лично познавам 1 член кој претходно не го познавав(и ми се допадна:wink), инаку и бившиот си го видов тука тоа ме изненади претходниот бивш не свежиот бивш:pos:(какво лицемерие, тоа што го пишал во постовите тотално не се поклапа со тоа што го правеше во последниве месеци али нема веза,а јас знам пошто ми се исповеда) знам 2 колешки и 1 колега ама си ќутам пошто нема потреба да се усрамуваме еден пред друг, инаку непријатно е да се кажува се на форум зошто еве јас на пр, кога ги видов сликичите на овие луѓе се премислив да ставам слика пошто стварно глупо изгледа кога сите те знаат а си кажал некои интимности јас барем би се срамела после што знам:icon_roll
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.713
Поени од реакции
13.404
Интересна тема... Еден форумџија (џимеј) мислам дека добро одговори на една друга тема за фазите на рандом член за престојот на форумот. Па истотака сметајќи го тоа дека секојдневно се` повеќе луѓе се зачленуваат нормално е ваквиот тип на теми да преовладува.
Него малце забегав офтопик па ќе речам. Има еден добар дел од животот на престојувањето на форумот кога членот комплетно се отвара, мислејќи дека со тоа многу придонесува за својот живот. Нешто као почнува да го вади најинтимниот дел од животот кој е можеби најсилната карактеристика на членот (туу бе мамата малку е двосмислена реченицава). Значи што сакав да кажам, човекот трага по слава (каква и да било),
 

Шмекерот

Еден и единствен
Член од
24 мај 2008
Мислења
1.767
Поени од реакции
384
Затоа што животот ни стана виртуелен! :) Ете затоа...
Се полека се отуѓуваме од луѓето у реалноста а "поблиски" ни стануваат френдовите на форумов. На луѓево им стана полесно да се испуцат на Драга Кајгана.
Некој ќе пише дека многу учи, некој дека многу прди, некој дека многу шмека, некој дека многу ебе, некој ќе се расплаче.
Некои ќе ја истакнат својата тага дали во Драга Кајгана, дали во врска со љубовта, дали преку поезија....и на тој начин се празниме од негативните чувства! Секојдневно споделуваме убави нешта и тажни нешта, добри и лоши работи на форумов. Се смееме и се уозбилуваме. Си дискутираме и си реплицираме! Кој е во право а кој не.
Не знам тоа е некоја чудна потреба ете да пишеш и да се отвориш пред илјадници корисници кои те знаат само површно. (има исклучоци нормално доколку се стекнало право пријателство)
Или не знам....дали да ја наречам потреба. Тоа е еден вид доза. Како што кажав виртуелниов свет ептен ни влезе у животот. Почнува да станува безмислено доколку не пишеме како ни поминал денот и како се чувтвуваме преку некој пост. Онака...дури и ако не напишеме се осеќаме ко да ни фали нешто у денот! :)
Може сме поминале одличен ден...сме биле со личноста што ја сакаме...сме имале незаборавни моменти...НО сето тоа ако не го наведеме на форумов некако ко да не ни било :) Ме сфаќате шо сакам да кажам така?....:wink:
Онака...супер ни е ама чекај ај ке пишам на ДК дека ми е супер :)Или па... Денеска сум депресивен...хммм што да правам?...дали да се занимавам со нешто? аха да...ми текна! Ќе пишам на ДК...и почнуваме: Драга Кајгана....јас сум многу депресивен денес ми умре мачката бла бла бла...и тн! Не знам...ние сме форумски манијаци а ова е социјален клуб. На ваков или онаков начин...ние се поистоветуваме со форумов и го прикажуваме нашиот живот во него.
Јас сепак...имало моменти кај шо сум се отворил. Некад сум се занесол и сум кажал шо како чувствувам. Често пати...нешто ме јадело и лошо сум се чувствувал ама сепак ќе пишам ШМЕК на некоја форумџика...ќе почнам да се зезам да муабетам со дадената шмекерица и јас си го подобрувам расположението :) Тоа ми е многу подобро отколку...да кењам сеа ооо како тоа јас тажно се чувтвувам или што ме мачи....па демек читањето од страна на форумџии ќе ми помогне :) Па некои извесен ке ни пише на профил....еј брат шо те мачи глеам по постеви тажен си?...Ние: абе ми умре мачката :(...и чекаме повратен одговор со сочувство од стилот на: Ахх беше добра мачка...али ајде живот јебига...ќе најдеш ново маче! И нас ни се дава утеха....и ние сме топ :) Некој ни кажал добар збор...убаво се чувствуваме :)
(земав груб пример со мачката...може да биде било што)
Е тоа ќе да е....ваљда некоја потреба да бидеме слушнати од некого! Па макар виртуелно...:) Јебига...шо вика стариот мој такви времиња дојдоа синко! Се е на компјутер :) Па дури и животот.
Се распишав јас вака у 3 саат а?...море ај да легнам...доста се отворам по форуми :)
 
Член од
27 март 2007
Мислења
584
Поени од реакции
37
пошо умирам од досада и тука си попунуем празно време е затоа
 

Oblivion

Matt Akisson
Член од
12 септември 2007
Мислења
3.526
Поени од реакции
128
Па ако ме прашаш in real life за некоја конкретна тема на која имам овде пишано, исто ќе ти кажам. :smir:
 
Член од
4 јуни 2007
Мислења
2.885
Поени од реакции
189
Оти сте несигурни во себе, исто како што постои психијатар да му изнакажеш што ти тежи и сл. форумов е токму тоа за некои...
 

GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Стварно интересно, на форумов му иам кажано многу ствари шо моите блиски не ги знаат..зашо, незнам, највероватно како би се приклучил во некоја дискусија..
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.240
Поени од реакции
84.264
Кој се отвара бре? Ја све лажам тука што пишувам.

...а кога не лажам , оговарам.
 
Член од
18 ноември 2007
Мислења
609
Поени од реакции
41
Малку ме разочаравте со овие постови . Јас мислам секој треба да си пишува како мисли дека е најдобро ,дали ќе биде искрен или не тоа е лична работа ,ама има една позитивност во сето тоа, многу често читаме и се уверуваме дека во многу нешта сме слични , ќе видиме дека многу од нас се чувствителни ,дека многу ги мачи совеста , дека многу имале проблем со родителите,дека многу немаат самодоверба и тоа не охрабрува дека не сме сами и дека многу од нас ги имаат истите проблеми .Јас лично се отварам каде мислам дека моето искуство ќе Ви користи да можете да заземете став или одлучите нешто ако сте во дилема .Секој нека си пишува што мисли дека треба, ако тоа на некој не му е интересно нека не го чита но не смее да осудува , да поаѓа од своја гледна точка . Само продолжете ако тоа ви помага на било кој начин, мене сте ми интересни .
 

POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
645
Затоа што е виртуелно место, јас сум виртуелен лик, (скоро) никој нема да ме познае кога би ме видел во живо и нема да знае ништо за мене, затоа што поголемиот дел од луѓето се стока и дволичњаци и не можеш асален муабет да направиш за некои работи, за нешто кога ти е тешко итн...па мора овде да начрабаш нешто набрзина, демек така ќе ти олесни или ќе си најдеш уште еден виртуелен пријател од некој негов виртуелен свет.
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
Имам потреба да седнам и да си напишам мое мислење на интересни теми (сто години сум на форумов и ваљда сум навлечена де), но ги избегнувам тие кои навлегуваат во интима. Секој си има различно мислење за поимот интима, па некому може му делувам многу затворена, а некому отворена како книга. Јас сметам дека си кажувам се` во граници на нормала т.е. тоа што сакам да го споделам со моите пријатели тука. Секако тоа никогаш нема да биде каков долен веш имам во моментов, колку ми било добро или лошо во кревет со дечко ми и што се` сме правеле или од која мака сум изгубила 6 или додала 3kg на мојата тежина.
А тоа што ќе се решам да го напишам секогаш е тоа што го мислам и што би го кажала и тука и во живо, без оглед што ќе ме прочитаат и членови кои живеат за да лажат по форуми.

И да, во врска со последиците од тоа ... па имам почувствувано и јас нешто такво, но добро што сум ваква, па не биле поголеми. Често биле неосновани исмејувања со мојот јузер, "титула" и карактер, на кој дотичните би можеле само да ми завидуваат.
 

Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
Секое пишување пост е отворање. Не може да дискутираш и да дадеш мислење на одредена тема, а да не изнесеш дел од себе. Некои сакаат секој ден да пишат во „Драга Кајгана“, некои секој ден пишуваат во „Во врска со љубовта“ и сл. Разликата е во тоа што некои пишуваат само за да прочита некој друг, а некои затоа што имаат потреба да се искажат заради себе.
Има една работа која никогаш нема да се промени, а тоа е изнесување информации за мојата врска. Сум пишувала работи од мое искуство, со надеж барем еден човек кога ќе прочита дека ќе подразмисли за конкретната тема. Но нема потреба од А до Ш секој на форумов да ти знае се`.
Порано, додека имаше потреба да го средувам подфорумот Љубов и секс, ги читав сите теми, а меѓу нив и „Во врска со љубовта“. Секогаш знаев кој со кого е и до кај му е врската, кој со кого се скарал и зошто, на кој му е годишнина и што си купиле и сл. Некои работи треба да останат интимни, а ако имаш потреба да му кажеш нешто на партнерот, ете ти го.
Или, пак, некои двајца раскинале и ајде ќе си пишуваме колку се мразиме. Таквите ситуации се најинтересни за сеир и оговарање. Проблемите не се решаваат на форумов, за нив треба да се најде друго место.
 

Самара Морган

НЕ Е ВЕЌЕ ЧЛЕН НА КАЈГАНА
Член од
24 јуни 2009
Мислења
511
Поени од реакции
33
Он топик- не му се отварам на форумов.Си имам пријатели од тука , но тие пред овој форум ми беа пријатели и во реалниот живот.Тешко е дека некој ќе може да го открие моето секојдневие според постовите.Не се внесувам себе , само мрдам со прстите по тастатурава.Ако тоа е отварање ... :smir:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom