Некогаш одамна, мажите биле тие кои требало да им доближат на жените и да го направат првиот потег..
Се смениле времињата, се сменила и општата слика за мажите и жените во општеството, ама во женската глава останало тоа дека мажите треба да бидат агресорите.
Денес е многу популарна и промовирана сликата за независна и силна жена на која не и треба маж (Опра, трт мрт...), што по се изгледа само делумно била прифатена и жените сеуште немаат отфрлено вакви минорни и небитни традиции од типот на
Машкото треба прво да пријде или
Машкото треба да побара телефонски број.
Секоја жена сака да се почувствува барана, потребна, да предизвика восхит итн.. Нормално

Ама ако веќе сакаш да оставиш слика на независна девојка, зашто да чекаш на типот што ти се допаѓа да ти се приближи?
Така бил редот. Маж бил, кавалер.
Е како не

Ако ти се допаѓа, идеш и викаш Здраво, нема да седиш на маса и да се молиш да те забележи..
Незнам, ја спаѓам у групата на девојки што не се срамат/плашат да направат потег и ова никогаш не го сфатив.