Зошто повеќето девојки чекаат машкото да им пријде?

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Во овие времиња на лична независност и еднаква еманципација, дали вие девојките сеуште очекувате од мажите да го прават првиот чекор?
Не дека очекувам, ама ако не ми пријде он прв, јас никогаш нема да пријдам. :) Премногу сум стегната и срамежлива за јас да го направам првиот чекор. Ако некој чека јас да го викнам, ќе остаре од чекање...:icon_lol:

Знам дека жените во денешно време се ’’еднакви’’ со мажите, но колку од вас би викнале машко на кафе на пример? :)
На другарско кафе, да, би викнала и сум викала, ама некој што ми се свиѓа никогаш не би имала храброст да го викнам.

До девојките, дали некогаш би пристапиле први? (и зошто не? :icon_lol: )
Знам многу девојки што ги канат машките што им се допаѓаат без око да им трепне, јас никогаш не сум била, нема ни да бидам од тие девојки...
.
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.283
Да ме викне девојка да искочиме или на пиво или кафица ми е сосема ок и ништо чудно и страшно. Ама девојка да дојде и да ми клекне на колена и да ме запроси, неможам да прифатам. Колку и да е модерно време, колку и некои девојки да се либерте, сепак некои чекори треба машките да ги превземат.
 
PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
Нема врска тоа што сме модерно време, 21 век, полова еднаквост(барем така викаат) ........... факт е дека сеуште се чека на машките први да пристапат и да го скршат мразот, е сега има и женски(не сите) кои го прават тоа, ама тие се од оние... ај не е битно ! :P:LOL:
 
831

רַב אושר של חוכמה
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.946
Поени од реакции
12.546
е сега има и женски(не сите) кои го прават тоа, ама тие се од оние... ај не е битно ! :P:LOL:
Од кои се м`ре тие ај кажи...ај м`ре. До кога бе до кога:вонзем:

Иначе зошто чекаат затоа што им вадат муабети и со право чекаат.
Е сега јас ретко прв пријдувам поради затоа што на моменти сум искомплексиран женомразач и инаетчија (затоа што често мислам дека ретко која ко заслужува моето внимание...затоа другарски, запознавање па ондак чекор ако се јави нагон за тоа).
А од каде чувство дека сум го напишал ова претходно се прашувам!?
 
Expecto Patronum

Citizen Erased
Член од
13 јули 2011
Мислења
1.331
Поени од реакции
3.281
Не дека очекувам, ама ако не ми пријде он прв, јас никогаш нема да пријдам. :) Премногу сум стегната и срамежлива за јас да го направам првиот чекор. Ако некој чека јас да го викнам, ќе остаре од чекање...:icon_lol:

На другарско кафе, да, би викнала и сум викала, ама некој што ми се свиѓа никогаш не би имала храброст да го викнам.

Знам многу девојки што ги канат машките што им се допаѓаат без око да им трепне, јас никогаш не сум била, нема ни да бидам од тие девојки...
.
E па треба да знаете дека постојат и срамежливи машки кои исто како тебе никогаш не би направиле нешто конкретно. И да знаеш многу е потешко да си срамежливо машко него срамежливо женско, затоа што како што кажав 90% од женските чекаат на машките да направат нешто, ако си срамежливо женско кога тогаш ќе се најде некој што ќе го скрши мразот, ако си срамежливо машко ќе бидеш форевр алоун.
А сум слушнал и муабети од девојки дeмек колку и да е срамежлив кога тогаш ќе собере храборст да направи нешто конкретно ако доволно му се допаѓаш... Е па не е така ете кажувам како машко... колку време чекам и се двоумам... во Гинис ќе влезам :ROFLMAO: не знам како не и здосадив до сега, ама мислам дека сум веќе длабоко “ин д френд зоун“ и нема враќање назад...
 
Член од
22 август 2009
Мислења
615
Поени од реакции
221
Да ме викне девојка да искочиме или на пиво или кафица ми е сосема ок и ништо чудно и страшно. Ама девојка да дојде и да ми клекне на колена и да ме запроси, неможам да прифатам. Колку и да е модерно време, колку и некои девојки да се либерте, сепак некои чекори треба машките да ги превземат.
Нека ме запроси ако планира да ме земе кај нејзе, за кај мене во детска соба само со покана примам.;)

Ако чекаш некој да ти пријде може нема да дочекаш или ќе ти дојде другарка и на таа со сиските. Ако одиш прв ќе одиш одма кај сиските.
 
Не реков дека вас ви е лесно. Како срамежлив човек, ги разбирам срамежливите машки, посебно што јас од страна воопшто не делувам срамежливо...:) Ама тоа е тоа. Посилна е вкочанетоста од мене, ми пречи доста и ме пресекува...
Знам дека им е тешко на срамежливите машки, ама ете ќе се погоди девојче што не е срамежливо и што ќе ви пријде, исто ко шо на нас ќе ни се погоди машко што ќе собере храброст да пријде. Среќа не се сите срамежливи. :)
 
Нека те запроси и нека те носи домазет. А што е муабетов со собава твоја како грчка граница за време на ембаргото е. :pos:
Приоѓам и ми приоѓаат, ама за некои чекори сепак треба машките да ги направат. Напишав погоре на што мислам.
 
S

Shellshock nam67

Гостин
Не реков дека вас ви е лесно. Како срамежлив човек, ги разбирам срамежливите машки, посебно што јас од страна воопшто не делувам срамежливо...:) Ама тоа е тоа. Посилна е вкочанетоста од мене, ми пречи доста и ме пресекува...
Знам дека им е тешко на срамежливите машки, ама ете ќе се погоди девојче што не е срамежливо и што ќе ви пријде, исто ко шо на нас ќе ни се погоди машко што ќе собере храброст да пријде. Среќа не се сите срамежливи. :)

sekogas ide - so +
+ so + ne odi :)
 
S

Shellshock nam67

Гостин
Да ме викне девојка да искочиме или на пиво или кафица ми е сосема ок и ништо чудно и страшно. Ама девојка да дојде и да ми клекне на колена и да ме запроси, неможам да прифатам. Колку и да е модерно време, колку и некои девојки да се либерте, сепак некои чекори треба машките да ги превземат.
abe ako e ubava ce ja odibies :) aman :cautious:
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.283
abe ako e ubava ce ja odibies :) aman :cautious:
Незнам хипотетичко ми е сеа прашањево не е пресудна само убавината, ама ќе се подмочам од срам. Замисли пред сите да те побара, на плоштад на рекорд, сеа тоа у мода е. Ќе отвори некој тема на кајгана има да го јадам хахахахах
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
9.265
Поени од реакции
5.045
За да може да изглумат пи4ки и да го корпнат пред сите :))))

/Troll mode off
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.321
Од мое искуство мене ми приоѓале женските а пак ја тоа не сум го ценел, а чекаат ти да направиш прв потез пошто они веќе со појавата го направиле инаку стварно најмалку сум ги ценел оние кои апла ми приоѓале први со јасни барања, ама ете тоа е искуство.
 
Член од
27 септември 2011
Мислења
240
Поени од реакции
337
Од мое искуство мене ми приоѓале женските а пак ја тоа не сум го ценел, а чекаат ти да направиш прв потез пошто они веќе со појавата го направиле инаку стварно најмалку сум ги ценел оние кои апла ми приоѓале први со јасни барања, ама ете тоа е искуство.
И јас многу помалку ги ценам мажите што апла приоѓаат, неподнесувам кога некој е премногу нападен.Како што можам да приметам, овде на форумот мажите кога ке замислат како им приоѓа жена, веднаш помислуваат на апла приоѓање и наметнување, што не мора да значи.
Ако некоја фина девојка пристојно ве покани да излезете, без наметнување и фолирање не е невкусно, напротив, мислам дека е симпатично.
Мажите премногу се занесуваат со нивната "машкост", кога пристапуваат самоуверено се замишљаваат дека се кој знае какви мажишта, а од друга страна кога жена ке им пријде самоуверено се плашат, нивната машкост во тој момент е загрозена, па мора да ја етикетираат како лесна девојка, чисто колку да се оправдаат пред самите себе.
Од моето лично искуство приметив дека на мажите многу им се разнишува самодовербата кога жена ке им пријде и на почетокот најчесто се двоумат дали да ја прифатат поканата. Прифакаат најмногу поради љубопитност, ако се доволно храбри нели, но поголемиот дел од нив пријатно се изненадуваат кога ке сватат дека девојката која го направила првиот чекор не е некоја ѕверка која може да ги изеде живи, туку само храбра девојка која знае што сака.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom