Од брак се плашат т.е. го одбегнуваат и изоставаат за подоцна подеднакво и машките и женските !
На женските им е страв да не завршат со некој лудак, пијаница, пропалица, утепан-сиромав, сељак, мрзло, коцкар, курвар и.т.н. (оправдано)
Од друга страна на машките исто така им е страв незнаат на што чудо ќе налетаат(оправдано), но најголем е стравот за финансиската состојба ........... по која логика некој(маж) да сака да влезе во брак кога не исполнува ниту еден услов за такво нешто ......... нерешено станбено прашање(во едно собче 3 на 3 не се чува фамилија односно маж, жена и дете/деца), потоа немањето работа/приходи или пак нестабилна работа, работа со мизерна плата... овие проблеми се рак рана на нашево општество .......... а без кров над глава и без пари денеска не се живее и во такви услови невозможно е да функционира еден нормален брак и нормален живот !
Некои бракови се распаѓаат и поради проблеми од неекономски карактер и тоа добар дел од браковите, но сепак поголемиот број на растурени бракови(преку 50%) се поради лошата економска состојба .......... не сме ние богатата Скандинавија па да се споредуваме со нив, сепак сме гол Балкан !
Незнам за другите како размислуваат по ваквите прашања, но јас додека немам сопствен кров над глава(мој) и додека не се обезбедам финансиски и тоа солидно воопшто не ни помислувам на брак !
Така да сума сумарум младите генерации(и машките и женските) бегаат од брак како од ѓавол и поентата на темава е промашена бидејќи исто како ’’модерната‘‘ жена исто така и ’’модерниот‘‘ маж се плаши од брак !