Зошто модерната жена се плаши од брак?

Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Од кај да ги знам бате. Така си одлучиле. Можеби има и врска тоа за со развод да не се осиромашат....стварно не знам. Некои па се земени, а сметки во банки посебно си имаат и си одредиле кој кои сметки ќе ги плаќа....тоа е тоа...
Економските последици од разводот колку што знам можат да се регулираат со предбрачен договор. Нема врска, кој како сака нека си го тера магарето, само што мене не ми се допаѓа кога некој нешто изведува...

:)
 
Член од
31 јули 2006
Мислења
2.537
Поени од реакции
702

Така е, можат со предбрачен договор....да, на кој како му одговара. И мене не ми е нешо тоа по мерак, ама секој со своето шо ќе праиш.
 
A

AnFem

Гостин
И што е поентата на тоа?

Мислам, што добиваат од тоа што не се потпишале дека се во брак? Многу тинејџерски фим ми изгледа тоа...

;)
Тинејџерски? Ја имаш истата заедница, само што не ја потпишуваш љубовта на лист, за да ја правдаш пред државата.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Тинејџерски? Ја имаш истата заедница, само што не ја потпишуваш љубовта на лист, за да ја правдаш пред државата.
Е добро де, ама што докажуваш со тоа што не се потпишуваш? Некој модерен јунак стануваш, борец против системот?

Живи смешки...

;)
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
431
Поени од реакции
934

Во нашите мали средини, не се гледа благонаклоно на вонбрачните заедници сеуште. За возрасните и вака и така, ама децата ќе го сносат теретот на тоа да бидат гледани како аутсајдери, бидејќи не се во склоп на уважуваната форма родени и израснати... А децата знаат да бидат прилично сурови едни кон други на извесна возраст...
 
Змејко и

Гледачот Дуле од Велес
Член од
10 април 2005
Мислења
1.103
Поени од реакции
1.419
Нема врска со модерното, бојкотирам државна институција плус.
Два краја има стапот. Институцијата тебе ќе те бојкотира ако дојде до проблеми со здравствено осигурување, наследство, поделба на имот или старателство на деца.
 
Знам. Затоа и избегав од тоа камено време. :) И да бидам таму, децата нема ни да знаат дали сме ние потпишани или не.

Нема. После 3 години заеднички живот, ги имаш истите бенефиции како и во законски склучен брак.
 
white_eagle

: : stuck in void : :
Член од
21 јануари 2008
Мислења
953
Поени од реакции
716
Е добро де, ама што докажуваш со тоа што не се потпишуваш? Некој модерен јунак стануваш, борец против системот?

Живи смешки...

;)
ОК а некој ти дојде дома да ти проповеда да не влегуваш во брак или што толку па со подбив да гледаш на ваквата заедница? Зарем некој мора нешто да ти докаже со некоја негова постапка?

Патем во Америка во некои сојузни држави партнерите што живеат заеднички определено време ги добиваат бенефитите како и оние што се венчани. И што сега?
 
Змејко и

Гледачот Дуле од Велес
Член од
10 април 2005
Мислења
1.103
Поени од реакции
1.419
Нема. После 3 години заеднички живот, ги имаш истите бенефиции како и во законски склучен брак.
Супер тогаш. Кога бараш бенефиции немаш проблем учтиво да го замолиш системот да ти ги даде, а како хоби можеш да се бориш против системот во слободно време.
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
431
Поени од реакции
934
Знам. Затоа и избегав од тоа камено време. :) И да бидам таму, децата нема ни да знаат дали сме ние потпишани или не.
Добрата вест е што не си веќе ваму, а лошата ако веќе беше ваму, децата имаше да дознаат од дежурни душегрижници, кои знаат повеќе за тебе отколку ти самата :D...
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Нема врска со модерното, бојкотирам државна институција плус.
Системот те работи на милион различни начини, а ти му возвраќаш со тоа што нема да се потпишеш за брак?

:icon_lol:

Маме му еба, не ќе знае каде да се заврти системот после овој твој чин на отпор...
 
A

AnFem

Гостин
Супер тогаш. Кога бараш бенефиции немаш проблем учтиво да го замолиш системот да ти ги даде, а како хоби можеш да се бориш против системот во слободно време.
Не барам јас ништо, ама не сакам утре ако цркнеме јас или мојот партнер, куќата, која сме ја граделе јас и тој, да ја наследат трети лица. Баш поради тоа и сум информирана околу тоа.

Системот те работи на милион различни начини, а ти му возвраќаш со тоа што нема да се потпишеш за брак?

:icon_lol:

Маме му еба, не ќе знае каде да се заврти системот после овој твој чин на отпор...
Ставро, пак ли јас на тапет? :icon_lol:
Ај ако така сакате...
Ова не е ни малку отпор, ова е бојкот.

Па ако не сакаш, потпиши се дека си во брак, и готово...

Добро, само мене ми е смешно ова?

:icon_lol:
Абе ти до сабајле смеј се ако сакаш, здраво е.
Погоре пишав, после 3 години соживот, јас немам потреба од потпис пред матично.

Успат, знам човек во Македонија, кој поради проблеми во животот никогаш не успеал да отиде пред матично со жена му, па ене ги, 30 години во брак, не само што имаат деца, имаат и внуци...
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
ОК а некој ти дојде дома да ти проповеда да не влегуваш во брак или што толку па со подбив да гледаш на ваквата заедница? Зарем некој мора нешто да ти докаже со некоја негова постапка?

Патем во Америка во некои сојузни држави партнерите што живеат заеднички определено време ги добиваат бенефитите како и оние што се венчани. И што сега?
Апсолутно ништо. Системот ти покажува дека си патетичен. Тоа што не си потпишал брак не значи АПСОЛУТНО ништо. Повторно си третиран како да си во брак...

Детски работи...
--- надополнето: 20 декември 2012 во 21:07 ---
Не барам јас ништо, ама не сакам утре ако цркнеме јас или мојот партнер, куќата, која сме ја граделе јас и тој, да ја наследат трети лица. Баш поради тоа и сум информирана околу тоа.
Па ако не сакаш, потпиши се дека си во брак, и готово...

Добро, само мене ми е смешно ова?

:icon_lol:
 
Змејко и

Гледачот Дуле од Велес
Член од
10 април 2005
Мислења
1.103
Поени од реакции
1.419
Не барам јас ништо, ама не сакам утре ако цркнеме јас или мојот партнер, куќата, која сме ја граделе јас и тој, да ја наследат трети лица. Баш поради тоа и сум информирана околу тоа.

Ова не е ни малку отпор, ова е бојкот.
Супер, зошто не го бојкотираш и судот што треба да ти ја додели куќата, катастарот што ти диктира услови, нотарите и сите останати државни демони?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom