Зошто модерната жена се плаши од брак?

white_eagle

: : stuck in void : :
Член од
21 јануари 2008
Мислења
953
Поени од реакции
716
Апсолутно ништо. Системот ти покажува дека си патетичен. Тоа што не си потпишал брак не значи АПСОЛУТНО ништо. Повторно си третиран како да си во брак...

Детски работи...
А од друга страна нели еквивалентно на ова е дека тоа што СИ ПОТПИШАЛ брак не значи апсолутно ништо.

Епа зошто да потпишуваш ако е така? Нели ако нешто ти доаѓа по автоматизам немора да го силиш и да „трошиш“ време да го правиш.

Тоа значи дека докажуваш нешто АКО ПОТПИШЕШ а не ако не потпишеш, во случајов докажуваш дека посветеноста кон твојот партнер сакаш да ја верификува државата.

Ај кажи ми како што докажуваш ако си седиш на газот и не правиш ништо? :гик:
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Ставро, пак ли јас на тапет? :icon_lol:
Ај ако така сакате...
Ова не е ни малку отпор, ова е бојкот.
Не си на тапет, немој да бидеш толку дефанзивна...

:P

Да ти кажам, ако сакаш да го бојкотираш системот, немој да одиш на работа, опљачкај некоја банка, такви работи. Ти си во целост роб на системот, како сите ние, но му покажа заби со тоа што нема да се потпишеш за брак. Единствените кои ќе страдаат од овој твој бојкот се твоите или неговите родители, кои иако можеби ќе ти одобруваат преку воља, сепак ќе сакаат ти да имаш официјално склопен брак.

Толку е дометот на твојот бојкот...

;)
 
A

AnFem

Гостин
Супер, зошто не го бојкотираш и судот што треба да ти ја додели куќата, катастарот што ти диктира услови, нотарите и сите останати државни демони?
Моја работа е што јас бојкотирам, а што не. Сигурно нема јавно на форум да изнесам за сите мои активности. Темата е за стравот од стапување на брак кај модерните жени, а не за мојот личен живот и моите одлуки. Нема потреба од повеќе муабет, продолжете си на темата.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
А од друга страна нели еквивалентно на ова е дека тоа што СИ ПОТПИШАЛ брак не значи апсолутно ништо.

Епа зошто да потпишуваш ако е така? Нели ако нешто ти доаѓа по автоматизам немора да го силиш и да „трошиш“ време да го правиш.

Тоа значи дека докажуваш нешто АКО ПОТПИШЕШ а не ако не потпишеш, во случајов докажуваш дека посветеноста кон твојот партнер сакаш да ја верификува државата.

Ај кажи ми како што докажуваш ако си седиш на газот и не правиш ништо? :гик:
А ха, значи твоето одобрување на непотпишувањето брак не се должи на никакви идеолошки позиции, туку мислиш дека тоа не треба да се прави бидејќи е многу напорно?

:confused:
 
Змејко и

Гледачот Дуле од Велес
Член од
10 април 2005
Мислења
1.103
Поени од реакции
1.419
Моја работа е што јас бојкотирам, а што не. Сигурно нема јавно на форум да изнесам за сите мои активности.
Фер. Ти ми делуваш како сериозен државен непријател и верувам дека работиш на многу нивоа да го урнеш системот. Веројатно и те следат државните служби на формумов, ама тоа е, само храбро!
 
Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.878
Поени од реакции
20.499
Добро, само да прашам, ја пошто не се плашеф од брак, и сеуште сум, не сум модерна жена?
 
A

AnFem

Гостин
Добро, само да прашам, ја пошто не се плашеф од брак, и сеуште сум, не сум модерна жена?
Ќути, трај! Како писнаа со дефиниции за „модерна жена“, верувај ми, не сакаш да бидеш. :icon_mrgr:

Фер. Ти ми делуваш како сериозен државен непријател и верувам дека работиш на многу нивоа да го урнеш системот. Веројатно и те следат државните служби на формумов, ама тоа е, само храбро!
Сарказам на ниво! Јајнициве ми се стресоа.
 
Змејко и

Гледачот Дуле од Велес
Член од
10 април 2005
Мислења
1.103
Поени од реакции
1.419
Луси ти си закон,слушаш Rammstein мене доволно ми е тоа,тој што те зел многу се усреќил така да му кажеш.

:D
Сигурно Ду хаст и ја рецитирал на венчавката љубениот.
 
Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.878
Поени од реакции
20.499
Ќути, трај! Како писнаа со дефиниции за „модерна жена“, верувај ми, не сакаш да бидеш. :icon_mrgr:

Абе ем сакаат жена за сва времена, арно ама да е домаќинка а не параспурка, плус да има добро тело и цицки, ај сеа кај е крајот...:cenzura:
--- надополнето: 20 декември 2012 во 21:35 ---
Сигурно Ду хаст и ја рецитирал на венчавката љубениот.
Ду хаст, строго коа праиме утринска рутина;)
 
white_eagle

: : stuck in void : :
Член од
21 јануари 2008
Мислења
953
Поени од реакции
716
А ха, значи твоето одобрување на непотпишувањето брак не се должи на никакви идеолошки позиции, туку мислиш дека тоа не треба да се прави бидејќи е многу напорно?

:confused:
А твоето неодобрување на непотпишувањето на брак се должи на тоа што мислиш дека некој со тоа си го изразува своето мислење? Јас мислам дека тоа е многу поапсурдно. Барем за себеси мислам дека не сум должен да одобрувам или не нечија постапка што ама апсолутно никакво негативно влијание нема врз мојот живот. Напротив, утре ако стане општо прифатено живеењето во вонбрачна заедница а некој пар не сака да се венча, ќе си поминат полесно со нивните родители кои што нема да ги приморуваат на брак, затоа што и самите не гледаат некаква разлика во тоа.

Значи нашироко кажано не ја разбирам причината зошто сечија некаква акција мора да помине нечиј филтер на одобрување или неодобрување па дури и подбивање оти со тоа изразувале некоја идеологија која што тие ја поддржувале или не. Секако дека е во ред да имате мислење за некого или нешто, ама не е фер таквото мислење да го наметнувате како општествена норма. Исто пример, кога Ставре ќе дознае дека и на 5мината негови другари им е смешно (како што викаш ти) што Петко живее неженет со деца, неговите смешки можат да станат повокални и на Петко утре ќе биде изложен на подбив на некое јавно место.
 
Чекај, полека, да ги поедноставиме работите. Значи се раѓаш, растеш, и доаѓаш во период кога наоѓаш некого за кого мислиш дека е добра идеја да останеш со него до крајот на животот, и да имаш потомство. Откриваш дека таква форма на заедница постои, и се вика брак. Значи, форма на заедница која многу долго одолеала на предизвиците на времето.

Сега, објасни ми кои се твоите аргументи против стапувањето во таа заедница? Единствено што до сега кажа е дека е напорно да го направиш тоа...

:cautious:
 
Чекај, зошто прави толкава разлика еден документ, кога таа заедница постои секако?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom