Зошто модерната жена се плаши од брак?

Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
И јас се согласувам многу со тебе. Мене ми е доволно да не е некој што спиел со секоја втора во Скопје. Па и една девојка, да спиела со толку мажи, тоа лесно се дознава во ова мало место... Но дали биле 4, или 40, не е така лесно да се дознае :) А искрено, јас не мислам да лажам никого, само за да ме земе за жена. Од проста причина, што мислам дека искреноста е столб на секоја врска, па ако некому му пречи каков сексуален живот сум имала, подобро да прекинеме пред да биде ептен сериозно, зар не? И јас очекувам таква искреност, секако дека не ми се потребни датумите и имињата на жените, но доволно е да знам одприлика како тоа се се случувало... а за тоа и не треба некоја посебна дискусија, во принцип, ретко кој денес си го крие сексуалниот живот како змија нозете....
Се согласувам со тебе но мислам дека генерално сме сеуште многу далеку од тотална искреност за бројот на сексуални партнери. Општеството ни е доста табуизирано по таа тема и не верувам бргу нешто ќе се промени.

Да замислиме дека девојката решила да биде искрена и му кажува на типот, маче сум имала секс со 15 души претходно (што е респектабилна бројка би рекол :giggle:). Од каде ќе знае дека нема овој да и припадне или го мавне срце :giggle:? Освен тоа ризикува да ја остави на место прво од страв дека нема да може да ја задоволи чим има толкаво искуство а второ ќе си рече од каде да знам дека со мене ќе биде верна чим имала толкава сексуална желба претходно. Дури и да проголата кнедла (а гарант ќе му се направи кнедла) секогаш ќе му остане едно трнче (јанѕа) кое ќе го јаде долго време па може и цел живот.

Заради тоа најголем број девојки бројката ако треба и драстично ќе ја смалат во некои според општеството разумни граници на 4-5 сексуални партнери, па ем тој среќен ем она со мирна душа :).

Кај мажите е пак обратен случај. Ние обавезно наголемуваме бројка и тоа често за неколку пати :giggle:.

Така да прилагодувајќи се на општествените норми и морални очекувања во нашава мала државичка девојката ќе го смали бројот на сексуални партнери, дечкото ќе го зголеми и двајцата среќно и весело ќе продолжат да живеат со слатката лага која им обезбедува мирна совест и евентуален хармоничен брак :).
 
Член од
13 мај 2010
Мислења
569
Поени од реакции
437
На темава разбравме дека жени па и девојки од 16-20 години глетоваат,цепат дрва и штемоваат.
Уште неколку страни на темава и ќе установиме дека Павел Корчагин уствари бил - жена...
Кога жените можат(кога е неопходно, нели?) да ги прават сите горенаведени т.н. машки работи, тогаш и на мажите нема да им се „скрши бисерот“ ако зготват, исперат или направат ручек(кога е неопходно)
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.146
Поени од реакции
21.786
подобро ова да ми свари кафе на сабајле

отколку оваа да ми цепи дрва

мала шега се разбира, ама дали стварно сакате со машките работи да се зафатите ??
 
Член од
5 септември 2009
Мислења
3.528
Поени од реакции
619
Кога жените можат(кога е неопходно, нели?) да ги прават сите горенаведени т.н. машки работи, тогаш и на мажите нема да им се „скрши бисерот“ ако зготват, исперат или направат ручек(кога е неопходно)
Па не е тоа проблем воопшто ако треба по некад, a и кафе во сабота и недела ќе однесам тоа не е проблем ама ич ;)
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Види јас пишав она што они декларативно сакаат, а НАВИСТИНА што сакаат и женска психа е тема која ја избегнувам како ѓаоло крстот и светата вода.
Да земам да лупам глава од ѕид за да разберам што им се случува во тоа главичката кога ни они самите не се разбираат и сваќаат. Не фала .

Знам јас што сакам :
- секс
- сендвич
- мир и тишина
--- надополнето: Jun 2, 2011 4:39 AM ---

Некој од помладава генерација знае да цепи дрва , глетова, штемова и закова шајка?!
Општо?!

:LOL:
Како се вика некој кој не може да владее со мислите во сопствната глава..?..:ROFLMAO:
И како такво створење да се третира како рамноправно?
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.113
Поени од реакции
8.222
Се согласувам со тебе но мислам дека генерално сме сеуште многу далеку од тотална искреност за бројот на сексуални партнери. Општеството ни е доста табуизирано по таа тема и не верувам бргу нешто ќе се промени.

Да замислиме дека девојката решила да биде искрена и му кажува на типот, маче сум имала секс со 15 души претходно (што е респектабилна бројка би рекол :giggle:). Од каде ќе знае дека нема овој да и припадне или го мавне срце :giggle:? Освен тоа ризикува да ја остави на место прво од страв дека нема да може да ја задоволи чим има толкаво искуство а второ ќе си рече од каде да знам дека со мене ќе биде верна чим имала толкава сексуална желба претходно. Дури и да проголата кнедла (а гарант ќе му се направи кнедла) секогаш ќе му остане едно трнче (јанѕа) кое ќе го јаде долго време па може и цел живот.

Заради тоа најголем број девојки бројката ако треба и драстично ќе ја смалат во некои според општеството разумни граници на 4-5 сексуални партнери, па ем тој среќен ем она со мирна душа :).

Кај мажите е пак обратен случај. Ние обавезно наголемуваме бројка и тоа често за неколку пати :giggle:.

Така да прилагодувајќи се на општествените норми и морални очекувања во нашава мала државичка девојката ќе го смали бројот на сексуални партнери, дечкото ќе го зголеми и двајцата среќно и весело ќе продолжат да живеат со слатката лага која им обезбедува мирна совест и евентуален хармоничен брак :).
О, па секако дека е така :) Меѓутоа, поентата ми е да не глуми оваа ,,срце втор си ми,, (мн честа појава) а после испаѓа дека како од порнич излезена е :) :) :) А тој па, е*ачиште на векот, па ништо да не знае :)
 
Филозофка

Amelie Poulain
Член од
21 јануари 2009
Мислења
1.680
Поени од реакции
524
Јас искрено ич нејкам да бидам модерна жена, сакам да си бидам домаќинка по старински,да не работам, да готвам ручече да си подзачистувам по дома и да си ги гледам дечињата, а мажот ми да ме финансира тоа би било многу добро за мене, на кој му испотребала таа модерност, бегај таму да си бутам трн во здрава нога, само да го знаевме ова порано немаше до ова дереџе да стасаме жените, чуму ни беше таа рамноправност??? за да работиме дупло?!?! на две работни места- ем дома ем на работа, си ја баравме бељата туку ај.
 
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.824
Поени од реакции
6.093
Како се вика некој кој не може да владее со мислите во сопствната глава..?..:ROFLMAO:
И како такво створење да се третира како рамноправно?
Ааааа, го претеравте сеа, као демек ние сме понизок вид, нерамноправни створења (n)
Знам дека дел од постов ти е саркастичен, ама и покрај тоа е навредлив.
Инаку рамноправност не подразбира исто се' да правиме, тоа не е ни природно, едноставно станува збор за рамноправност на обврските во бракот, едниот чисти, другиот готви (како веќе што беше кажано неколку пати низ темава).
Абе што би правеле без нас бе? :p Јас мислам во рок од 24 часа ќе се испоубиете...
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.113
Поени од реакции
8.222
значи ивака. кога било кој човек се одлучува на брак бдејки е тоа голем чекор напред тој го прави тоа свесно и разумно. лицето со кое стапува во брак претходно сигурно добро го познава знае каков тип на човек е што сака што несака каков карактер има и така натака да не ги набројувам сега сите особини. и многу е логично да стапат во брак под услов да си ги задоволуваат потребите еден према друг. човекот всушност стапува во брак за да си ги задоволи потребите и за да си го олесни животот понатака бидејки кога двајца функционираат заедно работите се полесни не се толку комлицирани. нема логика јас или ти или било кој да стапи во брак со цел да се измени или да ја измени спротивната страна - затоа всушност и луѓето бираат со кого ке го склучат бракот. а ако веќе дошло до тој степен да едниот партнер биде изменет од страна на другиот ( не по негова желба ) тогаш значи дека не го одбрал соодветното нешто што ке му одговара понатака во живото. ми ја сваќаш поентата така?
Јас сосема добро ја сфаќам поентата. Но, најголем дел од денешните мажи, на возраст од 24-30 години (значи овие што завршија факс, сеа треба работа да најдат/имаат и полека да почнат да бараат партнерка) имаат еден синдром, или имале веќе долга врска, па уште страдаат и го живеат тоа што го пропуштиле како студенти, или пак, на 10 состанок сака да те запознае со мајка му, или почнува да се глупира и кажува што како треба ти да правиш. Ова ми е симптоматично, оти повеќе пати се случи на целиот женски род што го познавам од 23-24 нагоре. А има такви, што се како кутриња, што ние народски си ги кажуваме ,,папучари,, та, моево куче име поголемо его и повеќе свое ,јас, од нив.
Секоја чест на исклучоци, што добро знаат кои се тие, знаат дека не се деца и по можност живеат сами, па не се оптеретени дека мама треба за нив да се грижи на 30 години.
Бидејќи ние жените, очигледно полесно прифаќаме сами за себе да се грижиме, бараме и такви партнери спроти нас, а такви партнери потешко се наоѓаат.
Тоа е мојата констатација, околу прашањето - зошто денешниве жени не со толку елан чекаат некој да ги запроси.
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Ааааа, го претеравте сеа, као демек ние сме понизок вид, нерамноправни створења (n)
Знам дека дел од постов ти е саркастичен, ама и покрај тоа е навредлив.
Инаку рамноправност не подразбира исто се' да правиме, тоа не е ни природно, едноставно станува збор за рамноправност на обврските во бракот, едниот чисти, другиот готви (како веќе што беше кажано неколку пати низ темава).
Абе што би правеле без нас бе? :p Јас мислам во рок од 24 часа ќе се испоубиете...
Well...и јас сум за рамноправност...:eek:
Терминолошки ќе да е проблемот...:D
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.113
Поени од реакции
8.222
Well...и јас сум за рамноправност...:eek:
Терминолошки ќе да е проблемот...:D
Па каде, жити мене, прочита дека дека на една жена сон и е она да ги направи децата, а маж и да ги носи во стомак 9 месеци?
Па мн јасно сите кажавме дека поентата е во поделба на секојдневните обврски, а никаде дека ние сега, сакаме да станеме мажи како нашите дедовци и прадедовци, или да си го смениме од ,,тато носи, мама меси,, во ,,мама носи, тато меси,,. Никаде не кажаме дека сакаме да диктираме, ами да се договараме и да не ни биде нешто наметнувано!
--- надополнето: Jun 2, 2011 11:00 AM ---
Па не е тоа проблем воопшто ако треба по некад, a и кафе во сабота и недела ќе однесам тоа не е проблем ама ич ;)
Малку обврски се прават секој ден - готвење и пишување домашно со деца, едино ако имаш куче негово шетање, носење деца по карате/балет итн...
Овие обврски се делат секој ден, а чистење, перење, пеглање, косење трева и одење во банка да се платат сметки, се прави понекогаш.
Па и ние не викаме ,,сега мажу, ти мене секој ден манџа ќе ми правиш!,, Јас не познавам некој што баш секој ден прави ручеци не знам какви. А варење макарони, или пржење јајаца, баш и не спаѓа во ,,готвење,,. Така да, дури и ручекот е дискутабилен колку често спаѓа под ,,готвење,,.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.113
Поени од реакции
8.222
Ете, колку да се пофалам, денес е мојот понекогаш ден - денес јас правам ручек! :)
 
NaughtyByNature

Y Child
Член од
1 декември 2010
Мислења
423
Поени од реакции
427
Абе што би правеле без нас бе? :p Јас мислам во рок од 24 часа ќе се испоубиете...
Да остане светов без жени, нема да чекам 24 саата. 24 минути, најмногу. :)
Well...и јас сум за рамноправност...:eek:
Терминолошки ќе да е проблемот...:D
Излегува сите сме за рамноправност, ама сите си имаме своја дефиниција за истата и за тоа што е фер а што не. Колку сме објективни, друга приказна. :unsure:
Ете, колку да се пофалам, денес е мојот понекогаш ден - денес јас правам ручек! :)
Ех ова мора да се види! Директен пренос ќе има? :LOL: Шала, колку да смириме страсти.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.113
Поени од реакции
8.222
Да остане светов без жени, нема да чекам 24 саата. 24 минути, најмногу. :)

Ех ова мора да се види! Директен пренос ќе има? :LOL: Шала, колку да смириме страсти.
Јас многу ги сакам мажите. Со сите нивни маани, пак ги сакам. И мислам дека карактерно, имаат подобра душа од жените. Сега, зборувам против својот сопствен род, ама така е. Истово го имам кажано и на друга тема, зошто сакам да сум жена :)

Е сега, околу дирекниот пренос, нема, ама да ти кажам, испадна супер јадењево (мој вегетеријански вид на болоњезе) ама затоа после морав да мијам тањири два пати повеќе него секој нормален готвач, си го сецнав малце палецот, и уште ме печат очите од кромидот. Кога некој не е роден за до шпорет, не е.... ама ајде, колку да не биде без ич, па и вие да викате дека не знам да готвам :)
 
Никој не рече дека незнаеш да готвиш не лажи сеа :LOL:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom