И јас се согласувам многу со тебе. Мене ми е доволно да не е некој што спиел со секоја втора во Скопје. Па и една девојка, да спиела со толку мажи, тоа лесно се дознава во ова мало место... Но дали биле 4, или 40, не е така лесно да се дознаеА искрено, јас не мислам да лажам никого, само за да ме земе за жена. Од проста причина, што мислам дека искреноста е столб на секоја врска, па ако некому му пречи каков сексуален живот сум имала, подобро да прекинеме пред да биде ептен сериозно, зар не? И јас очекувам таква искреност, секако дека не ми се потребни датумите и имињата на жените, но доволно е да знам одприлика како тоа се се случувало... а за тоа и не треба некоја посебна дискусија, во принцип, ретко кој денес си го крие сексуалниот живот како змија нозете....
Се согласувам со тебе но мислам дека генерално сме сеуште многу далеку од тотална искреност за бројот на сексуални партнери. Општеството ни е доста табуизирано по таа тема и не верувам бргу нешто ќе се промени.
Да замислиме дека девојката решила да биде искрена и му кажува на типот, маче сум имала секс со 15 души претходно (што е респектабилна бројка би рекол


Заради тоа најголем број девојки бројката ако треба и драстично ќе ја смалат во некои според општеството разумни граници на 4-5 сексуални партнери, па ем тој среќен ем она со мирна душа

Кај мажите е пак обратен случај. Ние обавезно наголемуваме бројка и тоа често за неколку пати

Така да прилагодувајќи се на општествените норми и морални очекувања во нашава мала државичка девојката ќе го смали бројот на сексуални партнери, дечкото ќе го зголеми и двајцата среќно и весело ќе продолжат да живеат со слатката лага која им обезбедува мирна совест и евентуален хармоничен брак
