Зошто атеистите се толку опседнати со Бог и религијата?

Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.545
Припадник сум на христијанството, да речеме. Доброто е што христијанството и неговите храмови заедно со библијата ми даваат мир и спокојство во моментите кога го немам. Едноставно, на ниту едно друго место не можам да ја почувствувам таа енергија, освен кога ќе запалам свеќа во црква и додека го слушам тивкото црковно пеење.

Зошто, немам поим, претпоставувам дека е исто како и „напредните атеисти“ - поклониците на Ѓаволот, припадници на разни секти, поклоници на филозофии кои веруваат во натприродни сили, вештерки, вештици и магови коишто им требаат посебни услови и моите влакна, слики, прљави маички за да се концентрираат на нив и да прават злобни работи врз некој друг или да се прочистуваат духовно себе.
Секој со своето, целта иста. Ти како атеист сакаш да најдеш духовен мир преку тоа што прифаќаш дека Господ не постои и го бараш мирот апстрактно, ние се фаќаме за други работи пошто ни помагаат.
Апсолутно се согласувам. Православните храмови, мирисот на темјан и црковната музика, особено византиската, грузиската и руската, го имаат истиот ефект кај мене. Не гледам потреба некому да ја објаснувам или оправдувам сопствената потребата од ваквото мистичкото искуство и спиритуалниот ефект.
 
Член од
31 јануари 2011
Мислења
779
Поени од реакции
382
Затоа што сметаат дека треба да им ги отворат очите на останатите а не сфаќаат дека секој си жевее во своја реалност која ја креира зависно од своите желби и потреби.
 
Член од
1 јули 2009
Мислења
299
Поени од реакции
343
Стар Почетник напиша:
Припадник сум на христијанството, да речеме. Доброто е што христијанството и неговите храмови заедно со библијата ми даваат мир и спокојство во моментите кога го немам. Едноставно, на ниту едно друго место не можам да ја почувствувам таа енергија, освен кога ќе запалам свеќа во црква и додека го слушам тивкото црковно пеење.

Зошто, немам поим, претпоставувам дека е исто како и „напредните атеисти“ - поклониците на Ѓаволот, припадници на разни секти, поклоници на филозофии кои веруваат во натприродни сили, вештерки, вештици и магови коишто им требаат посебни услови и моите влакна, слики, прљави маички за да се концентрираат на нив и да прават злобни работи врз некој друг или да се прочистуваат духовно себе.
Секој со своето, целта иста. Ти како атеист сакаш да најдеш духовен мир преку тоа што прифаќаш дека Господ не постои и го бараш мирот апстрактно, ние се фаќаме за други работи пошто ни помагаат.​
Апсолутно се согласувам. Православните храмови, мирисот на темјан и црковната музика, особено византиската, грузиската и руската, го имаат истиот ефект кај мене. Не гледам потреба некому да ја објаснувам или оправдувам сопствената потребата од ваквото мистичкото искуство и спиритуалниот ефект.

Вие браќа, се немате упукано хорс директно во вена, па да видите тоа енергија, мистични искуства, спиритуални ефекти, цги ефекти, метаноји и еуфории. Додека не ја опнете иглата нема созерцување на бога.
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.545
Вие браќа, се немате упукано хорс директно во вена, па да видите тоа енергија, мистични искуства, спиритуални ефекти, цги ефекти, метаноји и еуфории. Додека не ја опнете иглата нема созерцување на бога.
Се немам упукано, Шабане, признавам. Пиши што сум пропуштил, ако не ти се гади. Знам дека и за созерцание си експерт, па дај објасни, онака успутно. И, лепоте ти, напрај малце ред на форумов. Ти си овде једини који то може и који тајну зна.

Унапред фала,

 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
1. Автомобилски мотор.
А издувните гасој, кај одат? :rolleyes:
--- надополнето: Sep 17, 2011 9:03 AM ---
2. Плаенетата земја.
Да беше Земјата целосно отворен систем, до сега ќе се распаднеше низ/во својата околина...:rolleyes:
--- надополнето: Sep 17, 2011 9:04 AM ---
Додека не ја опнете иглата нема созерцување на бога.
Ја више сум на игла, ја имам на грамофонот.
--- надополнето: Sep 17, 2011 9:10 AM ---
Те молам, Мики1, барем еднаш во твоето форумско битисување (духовно или рационално, сеедно) дрзни се и признај дека си пишал глупост.
Важи, штом видам некоја своја глупост, веднага ќе Те обавестам.

А што се однесува до разгледувањето на дејството од вториот закон само во изолирани системи, тоа е само делумно точно, затоа што само така (на конкретен изолиран/затворен систем) и може да се разгледа и воочи/измери дејството од тој закон, кој (закон) практично делува на сите нивои: од атом до Вселена, а не само на изолирани/затворени системи, кои практично не постојат, оти секој разгледуван/набљудувам систем е под-систем од систем од повисоко ниво.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
1. Wtf?!
2. Wtf?!
3. Mutaciite postojano sozdavaat novi informacii, ova e mnogupati zabelezano i vo laboratorija. http://www.talkorigins.org/indexcc/CB/CB102.html
4. Wtf?!
5. Wtf?!
Тоа е само Мики, игнорирај го и ќе ти биде симпатичен...
--- надополнето: Sep 17, 2011 9:31 AM ---
Вториот пасус, јас ќе се произнесам за верник за да можам да одговорам.

Припадник сум на христијанството, да речеме. Доброто е што христијанството и неговите храмови заедно со библијата ми даваат мир и спокојство во моментите кога го немам. Едноставно, на ниту едно друго место не можам да ја почувствувам таа енергија, освен кога ќе запалам свеќа во црква и додека го слушам тивкото црковно пеење.

Зошто, немам поим, претпоставувам дека е исто како и „напредните атеисти“ - поклониците на Ѓаволот, припадници на разни секти, поклоници на филозофии кои веруваат во натприродни сили, вештерки, вештици и магови коишто им требаат посебни услови и моите влакна, слики, прљави маички за да се концентрираат на нив и да прават злобни работи врз некој друг или да се прочистуваат духовно себе.
Секој со своето, целта иста. Ти како атеист сакаш да најдеш духовен мир преку тоа што прифаќаш дека Господ не постои и го бараш мирот апстрактно, ние се фаќаме за други работи пошто ни помагаат.
А кој ти брани да се чуствуваш како сакаш во црква, и кој спори со твојата ирационалност? Јас можам во моментот да најдам 3-4 хемиско биолошки објаснувања за тоа зошто црквите и темјанот имаат таков ефект на тебе, само не гледам никаква причина за тоа. Убаво се чуствуваш таму, одлично за тебе.

Атеистите не спорат со чуствата и ирационалното на верниците, тие спорат со обидот на верниците да ја рационализираат верата. Кога некој ми објаснува за тоа дека е извонредно логично, да не речам очигледно Бог да биде закован на крст и во шизофреничен напад да си се обраќа самиот на себе, и кога некој ми објаснува дека е сосем нормално семоќниот Бод прво да ја направи светлината а потоа Сонцето, и така ad infinitum, тешко е да не го исмејувам.

Зошто да не ја исмејувам и жигосам елементарната глупост?

Возрасен човек, на 40 години, солидно образуван, тврди дека е логично, пази ЛОГИЧНО, едно да е три, и три едно.

Види, не е логично, БЕСКРАЈНО глупо е. За моја жал, никогаш не научив да ја игнорирам глупоста.
 
B

Black Guard

Гостин
А издувните гасој, кај одат? :rolleyes:
--- надополнето: Sep 17, 2011 9:03 AM ---
.
Издувните гасој ти го оштетиле кортексот најверојатно:)

Да беше Земјата целосно отворен систем, до сега ќе се распаднеше низ/во својата околина...:rolleyes:


Ти Имаш проблеми.


Важи, штом видам некоја своја глупост, веднага ќе Те обавестам
Преку центар за справување со Кризи.





А што се однесува до разгледувањето на дејството од вториот закон само во изолирани системи, тоа е само делумно точно, затоа што само така (на конкретен изолиран/затворен систем) и може да се разгледа и воочи/измери дејството од тој закон, кој (закон) практично делува на сите нивои: од атом до Вселена, а не само на изолирани/затворени системи, кои практично не постојат, оти секој разгледуван/набљудувам систем е под-систем од систем од повисоко ниво
Тешко некако со Теоријата на системи ама истата дава аргумент против религијата,ако секој систем набљудуван е подсистем од некој друг тогаш ние сме подсистем на Бог(ангели,божји синови) а знаеме дека нема идеален систем што е еднакво на НЕМА БОГ.
 
Член од
12 април 2010
Мислења
10.061
Поени од реакции
15.032
најверојтано зашто Тој е причината затоа што тие постојат :)
 
S

smexy

Гостин
Мики не знам од кај ти е травата, али ти ја прскаат со нешо.
Затворен систем значи дека тој термодинамички систем нема релација со надворешни термодинамички системи.
Секојдневно Земјата е бомбардирана со метеори, радијација од вселената и други срања кои ни влијаат а за возврат и Земјата пљука ствари во вселената.
Така да...
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Не сум знаел дека земјата има душа.
И ја исто...:cool:.
--- надополнето: Sep 17, 2011 10:33 AM ---
Мики не знам од кај ти е травата, али ти ја прскаат со нешо.
.
Да, ја набављам на ангро и ми даваат попуст. :icon_mrgr:
--- надополнето: Sep 17, 2011 10:34 AM ---
Затворен систем значи дека тој термодинамички систем нема релација со надворешни термодинамички системи.
Начелно точно, но само условно, само кога се испитува системот, ради максимално поедноставување на почетните улови и инпути при набљудувањето на системот, за полесен увид во настаните од тој систем.
--- надополнето: Sep 17, 2011 10:35 AM ---
Секојдневно Земјата е бомбардирана со метеори, радијација од вселената и други срања кои ни влијаат а за возврат и Земјата пљука ствари во вселената.
.
И ја така би кажал, а не знам што пљука Земјава во Вселената за возврат, освен рефлектирана сончева светлина и ладење на земјината атмосфера.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Мики не знам од кај ти е травата, али ти ја прскаат со нешо.
Затворен систем значи дека тој термодинамички систем нема релација со надворешни термодинамички системи.
Секојдневно Земјата е бомбардирана со метеори, радијација од вселената и други срања кои ни влијаат а за возврат и Земјата пљука ствари во вселената.
Така да...
Мики побркал брзини, најверојатно се префрлил на перпетум мобиле. :)
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.666
Поени од реакции
59.764
И ја така би кажал, а не знам што пљука Земјава во Вселената за возврат, освен рефлектирана сончева светлина и ладење на земјината атмосфера.
Земјата е отворен систем зошто во неа влегува материја од надвор.
Твојата глава е затворен систем.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.319
Поени од реакции
12.334
Начелно точно, но само условно, само кога се испитува системот, ради максимално поедноставување на почетните улови и инпути при набљудувањето на системот, за полесен увид во настаните од тој систем.
И ја така би кажал, а не знам што пљука Земјава во Вселената за возврат, освен рефлектирана сончева светлина и ладење на земјината атмосфера.
Ќе напишеш на google.com Physics ebook torrent, ќе си симнеш книги и ќе учеш :)
И нормално ќе знаеш, а и нема да изгледаш како некој религиозен фанатик кој што физички закони решава преку религиозни еврејски сказни :)
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Тоа е се убаво Петар, но конкретно во Македонија не постои толеранција и слобода на говор, изразување и вероисповед. Зошто го воведоа само христијанското и муслиманското учење во училиштата, зошто ако сме толку толерантни не направат изборен предмет за сите религии (иако сум против учење религија во училиште сепак го земам како пример дека во Македонија сме ограничени). Јас сега каде што живеам, живееле дечко и девојка вахабисти, барем така кажуваат комшиите. За десет дена петиција потпишале сите комшии во зградава до газдите за да ги избркаат од станот, и ги избркаа. Зошто? Зошто слушале чудна музика и се облекувале чудно. Секој е толерантен спрема неговата религија или „нерелигија“. Ако збориме за толерантност мислам дека неможеме да ја ограничиме на атеисти и теисти. Секој од нас Македонците е толерантен до некој степен, а кон се што е несватливо за него и различно е нетолерантен.
Ама тоа е причината зошто лично јас ги изедначувам атеистите со дрворед. Глупави се како и сите други, никаква разлика.

Конкретно во овој случај, ти изедначуваш група на луѓе со религија. Човечката глупост е универзална, без разлика дали си ја ставил во генерализаторскиот кош на религијата, нацијата или расата. Луѓето се глупави, тоа ни е на сите јасно. А во случајов, вахабистите не се избркани зашто се друга вера, туку зашто се едноставно различни и во моментот неподобни за таа заедница.

Ставрогин напиша:
А кој ти брани да се чуствуваш како сакаш во црква, и кој спори со твојата ирационалност? Јас можам во моментот да најдам 3-4 хемиско биолошки објаснувања за тоа зошто црквите и темјанот имаат таков ефект на тебе, само не гледам никаква причина за тоа. Убаво се чуствуваш таму, одлично за тебе.

Атеистите не спорат со чуствата и ирационалното на верниците, тие спорат со обидот на верниците да ја рационализираат верата. Кога некој ми објаснува за тоа дека е извонредно логично, да не речам очигледно Бог да биде закован на крст и во шизофреничен напад да си се обраќа самиот на себе, и кога некој ми објаснува дека е сосем нормално семоќниот Бод прво да ја направи светлината а потоа Сонцето, и така ad infinitum, тешко е да не го исмејувам.

Зошто да не ја исмејувам и жигосам елементарната глупост?

Возрасен човек, на 40 години, солидно образуван, тврди дека е логично, пази ЛОГИЧНО, едно да е три, и три едно.

Види, не е логично, БЕСКРАЈНО глупо е. За моја жал, никогаш не научив да ја игнорирам глупоста.
Како што напишав и на Алкарин, како тоа глупоста ја изедначуваш со вера, со религија, со духовност?!

Инаку, едно да е три и три да е едно, ако не го разбираш како идеја, онда не се верниците глупи, него ти.
Христијанството не се обидува ирационалното да го направи рационално, од едноставна причина што за сите луѓе, многу е рационално кога се во нужда да ја бараат секоја помош на којашто можат да се сетат. Твоите 3-4 хемиско биолошки објаснувања, апсолутно ништо неможат да сторат во моменти кога Грујо решил да не даде субвенции (пример од рукав). Во нашата земја особено, а и во светот само Господ може да помогне, зашто тоа е едино рационално срање што може еден тажен човек да го смисли, освен, ако не е одлучен да ризикува живот и да купи динамит во Кондово и да го помине животот во затвор за фрлање бомба во влада.

Не знам како луѓето не можат да сфатат дека не се сите поклоници на глупата идеја „Бог не постои јас сам ќе си помогнам“?! Некои луѓе сакаат да веруваат во моќта на Господ, она коешто твоите супстанции не можат да го објаснат, како примерите каде што луѓе доживуваат клиничка смрт и се враќаат назад меѓу живите, не 3-4, 300-400 хемиски објаснувања дај ми, ниедно нема да биде точно, едино што можеш да кажеш е... таква му била среќата, епа иди поврзи ми ја среќата, коинциденцијата и случајноста со наука и ќе те пукам у колено. Таа среќа луѓето ја викаат Господ и се клањаат на истата, зашто во универзумот сè е поставено во совршен ред, а тој совршен ред некој мора да го поставил. Твојата факинг наука и хемиски реакции, не дале објаснување како е направен тој ред, ние го викаме Бог, и тоа не е ништо ирационално, тоа е БОГ.

Елементарната глупост исмејувај ја, носи си ја дома ако сакаш :) и глупите луѓе исмејувај ги, твој проблем. Ама ако ги вреѓаш на база на тоа што вервуваат во Господ, е исто како да ги вреѓаш затоа што се црнци, албанци, ниски, дебели, монголоидни, неинтелигентни... ствари за коишто е глупо да нападнеш човек.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom