Зошто атеистите немаат одговор на следниве прашања.

MEDDLE

уставен кривичар
Член од
19 февруари 2008
Мислења
1.995
Поени од реакции
1.406
Моќта на Дарвинизмот:

Неколку евреи, пред и по „природната селекција“ на Хитлер:

Чорбаџи, јаваш ага! (полека малце)..... Ова не е моќта на дарвинизмот. - да ова е моќта на религијата, како што кажува ИМЕ, но ова е исто така и демонстрација на моќ на МОЌТА! Те молам, вмимавај со термините.
А кога сме веќе кај религијата, да не говорам за Шпанската инквизиција, за покољот на шпанците во Мексико - истребиле цела раса - ацтеките, во име на христијанството. Така да, „Бог“ е селективен овде некако..

Бај, Д веј. мислам дека забегавте малку од темата... сосема друг е топикот овде, ако не се лажам....
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
Моќта на Дарвинизмот:

Неколку евреи, пред и по „природната селекција“ на Хитлер:

Викаш природна селекција? Слабо стоиш со еволуцискиве термини очигледно....
Како и да е, колку што има Божјата институција убиено за овие 2000 години постоење, Хитлер би паднал во очај.
 
F

Frankie Yale

Гостин
Мене највеќе ме иритира кога некој ќе каже Сталин и Пол Пот биле атеисти па види ги што направиле, демек заради атеизмот убиле милиони луѓе. Ајде уште еднаш ќе глумам овде captain Obvious и ќе го потенцирам очигледното.

Сталин ги убил сите тие луѓе заради контрола и моќ, атеизмот немал никаква врска со тоа, тој не убивал во име на атеизмот затоа атеизмот не смее да се обвини во овој случај. Исто како, хипотетичка ситуација некоја будала влезе во супермаркет и масакрира 20-30 души зошто жена му го оставила или го отпуштиле од работа, а по религија бил христијанин. Ех, христијанството да не е виновно или одговорно во овој случај? Не е... Исто како што Сталин не убивал во име на атеизмот, не знам ни дали е возможно да се изврши таква акција. Додека тогашните инквизиции, крстоносни војни, бомбашките напади денес се извршени во име на религијата и затоа religion must be held accountable што би рекол еден познат атеист.

Сакам да кажам, престанете со Сталин и Хитлер (без разлика што сите го тупат дека бил атеист, не бил)...
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
Кога веќе креационистичкиот табор ја чепна расистичката тематика, ќе одиме подлабоко офтопик.
Сите го знаеме дедо Ное. Тој имал син по име Хам. Следува еден цитат од Библијата:
Битие (Генезис):

9:20 А Ное почна да ја обработува земјата и посади лозје.
21 Се напи вино и се испијани, па се разголи во својот шатор.
22 Хам, прататкото на Ханаанците, го виде разголениот татко и им го кажа тоа на своите двајца браќа надвор.
23 А Сим и Јафет зедоа наметка, па ја префрлија преку своите раменици и одејќи назадечки ја покрија со неа, татковата голота. Лицата им беа свртени на другата страна, така што не го видоа татка си гол.
24 Кога Ное се отрезни од виното и дозна што му направи најмладиот син,
25 рече: „Проклет да е Ханаан, и да им биде слуга на своите браќа!
26 Тогаш продолжи: „Благословен да е Господ, Симовиот Бог, а Ханаан ќе му биде слуга!
27 Бог нека го рашири Јафета, аа да живее во Симовите шатори, Ханаан нека му е слуга!
28 А по потопот Ное поживеа триста и педесет години.
29 Ное живееше вкупно девет стотини и педесет години; и почина.

На следнава карта е прикажана распределбата на Хамитскиот народ во Африка (луѓе кои припѓаат на хамитско - семитската јазична група)


Хам е предок на црнците како раса, а според Библијата, благодарение на Ное, може Црквата комплетно да го оправда присилното ропство кое е извршено врз црнците на Американскиот континент по колонизацијата, па се до неодамна. Католичката црква го сметала ова за целосно оправдано и ги храбрела освојувачите на новиот контитент да ги присилуваат на тешка физичка работа црнците бидејќи истите не се заслужни за живот, се поради тоа што Хам го видел голиот газ на својот татко.

Црквата, водена по Светото Писмо е најголмиот крвник во историјата на човештвото.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Хам е предок на црнците како раса, а според Библијата, благодарение на Ное, може Црквата комплетно да го оправда присилното ропство кое е извршено врз црнците на Американскиот континент по колонизацијата, па се до неодамна.
1. Од каде ти е податокот дека Хам е предок на црнците?

2. Мартин Лутер Кинг, реформаторот кој својот живот го посветил на борбата за правата на црнците и на крајот успеал да се изброи за нивната рамноправност, по вероисповед бил баптист т.е. протестантски христијанин.

Луѓето што ги измачувале црнците биле атеисти во религиозни одора.
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
1. Од каде ти е податокот дека Хам е предок на црнците?

2. Мартин Лутер Кинг, реформаторот кој својот живот го посветил на борбата за правата на црнците и на крајот успеал да се изброи за нивната рамноправност, по вероисповед бил баптист т.е. протестантски христијанин.

Луѓето што ги измачувале црнците биле атеисти во религиозни одора.
1. На картата имаш распоред на Хамитските народи кои според Библијата живееле во тие делови на Африка (милам дека за тоа пишува во Библијата во делот на Хамовото потомство). Денесна, а и во времето на колонизацијта, во тие предели живее/ла црнечката раса.
2. Па, Лутер Кинг јуниор бил ЦРНЕЦ, зар не?

за третото немам коментар бидејќи ако коментирам би ја ублажил глупоста која ја пиша.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
1. На картата имаш распоред на Хамитските народи кои според Библијата живееле во тие делови на Африка (милам дека за тоа пишува во Библијата во делот на Хамовото потомство).
Дали е одлика на сите атеисти да велат „според Библијата е вака“ или „во Библијата пишува вака“ без да покажат каде точно во Библијата го пишува тоа? Ајде како и на сите атеисти и тебе ќе ти го поставам реторичкиот предизвик: Покажи каде во Библијата го пишува тоа? Велам реторички, затоа што никој не одговорил на овој предизвик, па претпоставувам дека и со тебе ќе биде така.

Ханаанците живееле во земјата Ханаанска, а таа се простирала во денешен Израел, дел од Палестина, Либан и во западниот дел од Јордан.
Нема потреба да ти постирам слики и мапи, само напиши на гугл: "canaanites map" или "Canaan" и ќе видиш што ќе ти даде :)

2. Па, Лутер Кинг јуниор бил ЦРНЕЦ, зар не?
Па што ако бил црнец? Имало и многу други црнци атеисти, па сепак никој од нив се покренал да го направи тоа што овој протестантски христијанин го направил и чија почит му ја должи секој слободен црнец денес. Значи христијанин се избори за правата на црнците, а не атеист, и знаејќи го тоа, смешно е ти како атеист да трескаш зелени дека Библијата повикува на расизам кон црнците.

Во Христовата парабола за добриот самарјанин, самарјанинот е оној кој му бил ближен на претепаниот евреин. Тоа не биле ниту свештеникот, ниту фарисејот, туку самарјанинот - националност што во тоа време евреите ги мразеле и со кои имале стар политички спор (нешто слично како денес Исус да збори дека нам грците ни се ближни, па дури и тоа не е соодветен пример )
за третото немам коментар бидејќи ако коментирам би ја ублажил глупоста која ја пиша.
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.920
Како и секогаш, еднаш едно, еднаш друго кажуваш.
Ти гарантирам дека ти имаш 5 пати повеќе цитирано библиски цитати од мене на темава.
Дали е одлика на сите атеисти да велат „според Библијата е вака“ или „во Библијата пишува вака“ без да покажат каде точно во Библијата го пишува тоа?
Одлучи се, цитираме или не цитираме?
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
Дали е одлика на сите атеисти да велат „според Библијата е вака“ или „во Библијата пишува вака“ без да покажат каде точно во Библијата го пишува тоа? Ајде како и на сите атеисти и тебе ќе ти го поставам реторичкиот предизвик: Покажи каде во Библијата го пишува тоа? Велам реторички, затоа што никој не одговорил на овој предизвик, па претпоставувам дека и со тебе ќе биде така.

Ханаанците живееле во земјата Ханаанска, а таа се простирала во денешен Израел, дел од Палестина, Либан и во западниот дел од Јордан.

Нема потреба да ти постирам слики и мапи, само напиши на гугл: "canaanites map" или "Canaan" и ќе видиш што ќе ти даде :)

Па што ако бил црнец? Имало и многу други црнци атеисти, па сепак никој од нив се покренал да го направи тоа што овој протестантски христијанин го направил и чија почит му ја должи секој слободен црнец денес. Значи христијанин се избори за правата на црнците, а не атеист, и знаејќи го тоа, смешно е ти како атеист да трескаш зелени дека Библијата повикува на расизам кон црнците.
Цитати му се потрбни на оној кој за единствена вистина во животот ја смета онаа што ја пишува во Библијата, од А до Ш. Тука така нема да играме. Знаеме како идат родословијата на самиот почеток, има кратки инфомации кој - каде се населил, па со мало научно истражување (географија и историја) може да се направи реконструкција на тоа каде на самиот (Библиски) почеток луѓето се населиле. Сметајќи дека повеќето учени хритијани од минатото своите заклучоци ги црпеле единствено преку Библијата, од нив заклучуваме дека Хам е предок на црнците. Никаде во Библијата нема да најдеш дел каде пишува „Да, чорбачи, Хам бил црнец“, туку тоа ќе го најдеш кај толкувчите на Библијата во кои 2000 години се крстите и поради кои се правело ршум низ Европа и Амрика. Истите тие кои ти ги нарекуваш атеисти во свештенички мантил и истите тие во кои сите вие христијани слепо верувате.

Ок, Хамово родословие: (акординг ту д Бајбл):
Синови:

Хус - поврзан со Каситите, населени во Месопотамија, кај сумерскиот град Киш. Негови деца:Себа/Сева - предок на народот од Јемен и Етиопија.
  • Евила - предок на луѓето кои се населиле во близина на Црвеното море, на Арапскиот полуостров. Генезис 25:18 Неговите потомци [Исмаил] се населија од Евил [Eвилови потомци] до Сур, што е на исток од Египет, кога се оди кон Асирија.
  • Савта - источен Јемен.
  • Рам - Арапски полуостров. Негов син: Шева - Јемен, Јужна Арабија, Еритреја, Етиопија и Сомалија
  • Савтека - предок на народот кој живее во Еритреја.
  • Нимрод - Асирија
Мизраим - воедно и името на горен и долен Египет. Негови синови:Лудим - источна Либија
  • Анамим - поврзан со народот нселен во Кирена, Либија, подоцна Грчка провинција. За ова има и пишани сведоштва од асирискиот крал Саргон II
  • Левиам - Либија
  • Нафтухим - поврзан со Египетскиот рад Мемфис
  • Патрусим - јужен Египет
  • Каслухим - од кого произлегле Филистинците
Фут - уште во античко време се сметало дека е директен предок н денешните Либијци.

Ханаан - чие потомство е поврзано со денешен Израел, Либија и Сирија.

Од Хам води потекло целиот Афрички народ. Ханаан не треба директно да се поврзува само со Израел, бидејќи првенствено неговото потомство било населено во северна Африка. Со оглед на тоа дека Ное индиректно го проколнал својот син преку неговиот внук Ханаан, целиот Афрички народ е проколнат. Во талмудот е запишано дека Ханаановото потомство во Африка е обележано од Бог за да се разликува од другите народи со тоа што неговат кожа е поинаква и црна. Дури и самиот збор Хам е египетски и ознчува `црно`. Може и од тука христијнските учители го извлекле тоа за црнечката раса.

Јероним Стридонски (331 - 420), еден од првите преведувачи на стариот Завед од хебрејски на грчки, пишал дека Хамовото потомтво е црно и во душата како што е црно на кожата.

Уште еднаш, бидејќи вашите религиозни учители ги црпат своите заклучоци врз онова на Светото писмо, ние што сме пасивни набљудувачи на христијнската глупост можеме слободно да кажеме дека СЕ, апсолутно СЕ, што важело или важи како хритијанско учење, води потекло од Библијата, директно или индиректно.

Свесни за неморалниот и ѕверски чин на загрозување на животот н црнците, освојувачите н новиот континент наоѓале поткрепа во христијнското учење на инфериорност на таа раса. Одобрувањето од свештеничката фела кое го добивале, било како одобрување од Бога за малтретирање на нвиниот народ. Може на сличен начин функционирал и умот на Хитлер, само наместо на хамитските народи, тој им се пуштил на семитските...

Ако гледаме низ призната на христијнтвото, тогаш Кинг е очигледен пример за рушење на режимот кој го поставила институцијта на која и самиот припаѓал.

Како баптист, да беа други околностите, ќе плукавте по него, но бидејќи човекот имал храброст да се спротивстваи на целиот режим, вие не го величите неговиот лик, туку неговата религиозна определба. Ганди не бил христијнин, но сепак е број еден човек кој се борел за мир во целиот свет. Штета, навистина штета што не бил христијанин. И ова Чорбаџи е многу сурово од твоја страна... Тие што ти одговараат се пожртвувани христијани кои се борат за доброто низ светот, а сите останати, кои се монструми а и припаѓаат на црквата, се атеисти во свештенички мантил.

Секој нормален човек кој знае за морал е свесен за грешните постапки на расизмот. Дури атеистите се потолерантни во однос на расистичката тема, бидејќи немаат проблем со докажување на то чиј Бог е помоќен. Атеизмот е полесно да се огради од севкупниот масакр низ историјата кој е предизвикан токму од конфликтот меѓу религиите. Драго ми е што не можам да се вбројам меѓу луѓето кои (не)свесно и служат на машинеријата веќе 2000 години.
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.320
Gospod previse dopusta za da se kaze deka postoi!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom