Дали е одлика на сите атеисти да велат „според Библијата е вака“ или „во Библијата пишува вака“ без да покажат каде точно во Библијата го пишува тоа? Ајде како и на сите атеисти и тебе ќе ти го поставам реторичкиот предизвик: Покажи каде во Библијата го пишува тоа? Велам реторички, затоа што никој не одговорил на овој предизвик, па претпоставувам дека и со тебе ќе биде така.
Ханаанците живееле во земјата Ханаанска, а таа се простирала во денешен Израел, дел од Палестина, Либан и во западниот дел од Јордан.
Нема потреба да ти постирам слики и мапи, само напиши на гугл: "canaanites map" или "Canaan" и ќе видиш што ќе ти даде
Па што ако бил црнец? Имало и многу други црнци атеисти, па сепак никој од нив се покренал да го направи тоа што овој протестантски христијанин го направил и чија почит му ја должи секој слободен црнец денес. Значи христијанин се избори за правата на црнците, а не атеист, и знаејќи го тоа, смешно е ти како атеист да трескаш зелени дека Библијата повикува на расизам кон црнците.
Цитати му се потрбни на оној кој за единствена вистина во животот ја смета онаа што ја пишува во Библијата, од А до Ш. Тука така нема да играме. Знаеме како идат родословијата на самиот почеток, има кратки инфомации кој - каде се населил, па со мало научно истражување (географија и историја) може да се направи реконструкција на тоа каде на самиот (Библиски) почеток луѓето се населиле. Сметајќи дека повеќето учени хритијани од минатото своите заклучоци ги црпеле единствено преку Библијата, од нив заклучуваме дека Хам е предок на црнците. Никаде во Библијата нема да најдеш дел каде пишува „Да, чорбачи, Хам бил црнец“, туку тоа ќе го најдеш кај толкувчите на Библијата во кои 2000 години се крстите и поради кои се правело ршум низ Европа и Амрика. Истите тие кои ти ги нарекуваш атеисти во свештенички мантил и истите тие во кои сите вие христијани слепо верувате.
Ок, Хамово родословие: (акординг ту д Бајбл):
Синови:
Хус - поврзан со Каситите, населени во Месопотамија, кај сумерскиот град Киш. Негови деца:Себа/Сева - предок на народот од Јемен и Етиопија.
- Евила - предок на луѓето кои се населиле во близина на Црвеното море, на Арапскиот полуостров. Генезис 25:18 Неговите потомци [Исмаил] се населија од Евил [Eвилови потомци] до Сур, што е на исток од Египет, кога се оди кон Асирија.
- Савта - источен Јемен.
- Рам - Арапски полуостров. Негов син: Шева - Јемен, Јужна Арабија, Еритреја, Етиопија и Сомалија
- Савтека - предок на народот кој живее во Еритреја.
- Нимрод - Асирија
Мизраим - воедно и името на горен и долен Египет. Негови синови:Лудим - источна Либија
- Анамим - поврзан со народот нселен во Кирена, Либија, подоцна Грчка провинција. За ова има и пишани сведоштва од асирискиот крал Саргон II
- Левиам - Либија
- Нафтухим - поврзан со Египетскиот рад Мемфис
- Патрусим - јужен Египет
- Каслухим - од кого произлегле Филистинците
Фут - уште во античко време се сметало дека е директен предок н денешните Либијци.
Ханаан - чие потомство е поврзано со денешен Израел, Либија и Сирија.
Од Хам води потекло целиот Афрички народ. Ханаан не треба директно да се поврзува само со Израел, бидејќи првенствено неговото потомство било населено во северна Африка. Со оглед на тоа дека Ное индиректно го проколнал својот син преку неговиот внук Ханаан, целиот Афрички народ е проколнат. Во талмудот е запишано дека Ханаановото потомство во Африка е обележано од Бог за да се разликува од другите народи со тоа што неговат кожа е поинаква и црна. Дури и самиот збор Хам е египетски и ознчува `црно`. Може и од тука христијнските учители го извлекле тоа за црнечката раса.
Јероним Стридонски (331 - 420), еден од првите преведувачи на стариот Завед од хебрејски на грчки, пишал дека Х
амовото потомтво е црно и во душата како што е црно на кожата.
Уште еднаш, бидејќи вашите религиозни учители ги црпат своите заклучоци врз онова на Светото писмо, ние што сме пасивни набљудувачи на христијнската глупост можеме слободно да кажеме дека СЕ, апсолутно СЕ, што важело или важи како хритијанско учење, води потекло од Библијата, директно или индиректно.
Свесни за неморалниот и ѕверски чин на загрозување на животот н црнците, освојувачите н новиот континент наоѓале поткрепа во христијнското учење на инфериорност на таа раса. Одобрувањето од свештеничката фела кое го добивале, било како одобрување од Бога за малтретирање на нвиниот народ. Може на сличен начин функционирал и умот на Хитлер, само наместо на хамитските народи, тој им се пуштил на семитските...
Ако гледаме низ призната на христијнтвото, тогаш Кинг е очигледен пример за рушење на режимот кој го поставила институцијта на која и самиот припаѓал.
Како баптист, да беа други околностите, ќе плукавте по него, но бидејќи човекот имал храброст да се спротивстваи на целиот режим, вие не го величите неговиот лик, туку неговата религиозна определба. Ганди не бил христијнин, но сепак е број еден човек кој се борел за мир во целиот свет. Штета, навистина штета што не бил христијанин. И ова Чорбаџи е многу сурово од твоја страна... Тие што ти одговараат се пожртвувани христијани кои се борат за доброто низ светот, а сите останати, кои се монструми а и припаѓаат на црквата, се атеисти во свештенички мантил.
Секој нормален човек кој знае за морал е свесен за грешните постапки на расизмот. Дури атеистите се потолерантни во однос на расистичката тема, бидејќи немаат проблем со докажување на то чиј Бог е помоќен. Атеизмот е полесно да се огради од севкупниот масакр низ историјата кој е предизвикан токму од конфликтот меѓу религиите. Драго ми е што не можам да се вбројам меѓу луѓето кои (не)свесно и служат на машинеријата веќе 2000 години.