Зошто атеистите му се лутат на Бог

Член од
28 март 2006
Мислења
17.665
Поени од реакции
12.061
Така си е пишано во книгичето. Јас не морам да го замислувам.

П.С. Дали е човечка особина, говорот?
Всушност не би требало ниту да се замараш/замарате...пошто за тебе, за вас не постои, нели? Ако според вас не постои, зашто ги барате Неговите атрибути, зашто ви е потребен доказ за Неговото постоење...

Едно место...Апостол Павле...

О длабочино на богатството, премудроста и Божјото знаење! Колку се недостижни Неговите судови и неиспитливи Неговите патишта! Зашто кој ја запознал Господовата мисла? Или кој Му бил советник?
Или кој Му дал нешто однапред, за да му биде вратено?”
Зашто сè е од Него, преку Него и за Него. Нему слава во векови. Амин!


Јас сум Господ, Бог ваш“ 2 Книга Мојсеева (Излез) 16:12. И навистина, Тој е со секој кој ќе одлучи да го прославува, да го почитува, да му припаѓа и да го љуби со цело срце, душа и сила, зашто
Тој е „штедар и милостив Бог 2 Книга Мојсеева (Излез) 34:6 и Господ, твојот Бог, е Бог благ и милосрден“ 5 Книга Мојсеева (Повторен закон) 4:31.
Бог е Дух Евангелие според Јован 4:24. Ние не можеме ова целосно да го разбереме со нашето човечко размислување, знаење, образование или искуство. Тоа е “…над секое наше разбирањеЈов 36:26;„...што надвишува секој ум...“ Филипјаните 4:7

За божјите атрибути мислам дека се многупати досега разговарани...како и други прашања. Впрочем Мики, чорбаџи и во поново време Јоан до скоро ги објаснуваа.

Ова е маглина
Но како ти си го претставуваш нејзиното движење, постоење, нејзиниот развој, постојаност, непостојаност...кои и се атрибутите...и така натаму. Како изгледа одблизу, ако си до/во неа...Отприлика се имаат ваљда сознанија, но суштината голем дел се претпоставува. Се останува пак на претпоставки за тие и такви величини непојмливи за нас. Исто е и со поимот Бог, божјо...со таа разлика што Бог е духовност, за некои утеха, надеж, вистина, животен пат...зависи кој како ја поима верата.
Инаку таа сликата е уметничка експресија на нејзиниот автор колку што гледам?
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.920
Попрво човекот има боженствени својства/особини. Оти Бог го создал човекот по свој образ, му дал од своите особини. Не може Бог да има човечки особини, кога Он го создал човекот.
Сеедно кој кому дал, особините се тие.
Значи еден народ си измислил приказна за потоп на целата земја
Токму така

и од тој еден народ истата приказна ја зеле сите останати народи, цел свет?
Токму така

--- надополнето ---

Но како ти си го претставуваш нејзиното движење, постоење, нејзиниот развој, постојаност, непостојаност...кои и се атрибутите...и така натаму. Како изгледа одблизу, ако си до/во неа...Отприлика се имаат ваљда сознанија, но суштината голем дел се претпоставува. Се останува пак на претпоставки за тие и такви величини непојмливи за нас. ....
А зошто ти пак со тоа се замараш ако (според тебе) не е вистинито?
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.665
Поени од реакции
12.061
Сеедно кој кому дал, особините се тие.

Токму така


Токму така

--- надополнето ---


А зошто ти пак со тоа се замараш ако (според тебе) не е вистинито?
Појасни ако сакаш...со кое?
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.665
Поени од реакции
12.061
Па прочитај го тој дел што го цитирав.
мислиш на галаксии, небули, антиматерии? Верувам дека постојат и верувам во повеќето информации од надлежните. Но ако забележиш неколку моменти....
Прв момент е што у подфорумот наука не ги негирам (со 1 исклучок за скепсата на успесите во Церн) информациите и новостите. Второ би било што ниту сум рекол дека не верувам од неколку причини, а главна е затоа што истото не се коси многу (маглини, ѕвезди...) со моите сфаќања и прифаќања на Бог, духовност...

Битно е, јас не ги негирам тие појави...кои немаат баш некои допирни точки со духовноста.
 
Член од
15 октомври 2010
Мислења
835
Поени од реакции
155
Дибек, претходно убаво ти појаснив дека зборувам за Бог Таткото, убаво ти напишав дека не зборам за Исус. Ама ти онака читаш, само за да одиш контра, никако да размислиш малку за напишаното. Тоа што има икони или статуи кои го претставуваат Исус е едно, оти Исус бил овде на земјава и луѓето го виделе, така да може да се претстави. Господ Таткото, пак никој не го видел, и затоа никаде го нема на икона, ако некој го наслика тогаш тој прави ерес.

Исто гледам ми постира и уметнички слики од Микеланџело. Па секој може да си нацрта шо сака, ама работата е дали тоа ќе се прифати? Никој православен не ги зема сериозно ваквите слики, оти знаеме што пишува во Библијата, дека никој не го видел Бог, и никој не знае каков изглед има.

--- надополнето ---

Токму така


Токму така


Дај објасни подобро што сакаше да кажеш, да не се избрзам со коментар предвреме.
 
Член од
17 февруари 2011
Мислења
775
Поени од реакции
33
Ное е крадена приказна и нема никаква врска со евреите. Не си учел. То ти је.

Не мораш да ја прераскажуваш Библијата. На овој подфорум сите ја знаеме ТАА приказна.

Штета што вие верниците не си ги знаете корените, па да дознаете и од чиј народен фолклор ви се крадени приказните.

Христијанството ти е само една од мноштвото митологии. Ништо посебно - ништо волшебно - ништо вистинито.

--- надополнето ---



Пак не разбираш. И самиот си кажуваш и пак не си се разбираш!

Ти ги негираш сите 9.999 Богови освен еден. Ти си, Боби, 9.999 пати АТЕИСТ. Јас сум 10.000 пати атеист. Ти не си ама баш ништо поверник од мене.

Време е да се простиш и од последната приказна за мали деца и да почнеш да живееш во реалниот, рационален свет. Кај 9999, таму и уште еден.
Зошто упорно проповедаш глупости? Зарем веќе не виде дека борбата против Бога те доведува до лудило? Не продолжувај да се спротиставуваш на Бог. И престани еднаш да се лутиш, како мало дете си.
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.920
Дај објасни подобро што сакаше да кажеш, да не се избрзам со коментар предвреме.
Само се сложив со твоите зборови, дека народот си измислил приказни.
 
Член од
15 октомври 2010
Мислења
835
Поени од реакции
155
Само се сложив со твоите зборови, дека народот си измислил приказни.
Како може стотици различни/оддалечени народи, сите да си измислат приказна за потоп? А? Сите исто да размислуваат?
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.920
Како може стотици различни/оддалечени народи, сите да си измислат приказна за потоп? А? Сите исто да размислуваат?
Па препишувале еден од друг, како тоа не ти е јасно.
 
Член од
15 октомври 2010
Мислења
835
Поени од реакции
155
Па препишувале еден од друг, како тоа не ти е јасно.
Поверојатно ти е дека препишувале еден од друг, отколку стварно да имало пототп? Абе секој народ, до еден има приказна за потоп: Секој да препишал од другите е едноставно невозможно. На ѕирни ја оваа страна да видиш колку приказни за потоп има

http://www.talkorigins.org/faqs/flood-myths.html
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Ајде да одговорам и на ова. Велиш има 10000 различни креатори, секој народ си "измислил" свој. Еден е креаторот, и еве ќе напишам неколку редови. Да почнеме од Ное, одма по потопот (ама нешто слично било и после Адам, до Ное). Вака, Ное имал знаење за Господ. Господ му се јавил и директно му зборувал, така да Ное знаел кој е Господ, и дека тој е единствениот бог и дека тој создал се. Ное имал три сина, и три снаи. Полека почнува да се плоди човештвото одново и да се качува бројот на луѓето. Така Ное и неговите синови го пренесувале знаењето за Бог на нивните потомци. Како што е запишано во Библијата после вавилонската кулаа народот се раширил низ земјата. Полека почнале да се одделуваат, да се групираат, секоја група на различна страна и настануваат различни народи. Епа сега произлегуваат неколку можности зошто произлегле толку богови.

Првата: Бидејки Бог не им се јавувал на сите, кај народите полека почнало да се изменува првобитното знаење за Господ, наследено од Ное и синовите. Знаеме како е со прераскажувањето од колено на колено, некој си додава некој си изменува итн. Ете така кај различни народи се развиле различни измени на знаењето за Бог, та кај секој народ имало различно знаење за Бог. Исто се развиле и разни јазици, па одтука и различните имиња.

Втората: Некому не му се допаѓал единиот Бог, па се решил да му го сврти грбот и да си направи свој бог, различен, во кој што ќе си верува и ќе си тврди дека баш тој го создал светот.

Третата: Како и да е имало народи кај што целосно се изгубило знаењето за Бог Создателот, па си измислиле свој Бог.

Четвртата: Некоја комбинација од претходните три.

Така да тоа што имало еден куп различни богови не мора да е доказ за непостоењето на Господ.

--- надополнето ---

Така било се додека Бог не му се јави на Авраам, та неговото потомство да се исправи, да се здобие со вистинското знаење кој е Бог. До појавувањето на Исус само евреите знаеле кој е едниот и вистинскиот Бог. Со појавувањето на Исус, целиот свет дозна кој е Господ, проблемот е само што некои не го прифатија.

--- надополнето ---



Па човече, во Библијата можеш да најдеш решение за секоја морална дилема, на пример. Можеш да видиш што е добро, а што не. Можеш да видиш како треба еден човек да се однесува. Едно ќе кажам: Ако секој човек на планетава го прифати моралниот код на Исус, денес ќе немаме нити насилство, нити криминал, нити војни. Секој со секого ќе се сака, секој ќе прави добро. Едноставно светот ќе цвета.
Дали ти си го имаш ископано окото поради тоа што си загледал некоја со желба за блудни дејанија, а не ти била сопруга?
Писмото е јасно...

--- надополнето ---

Поверојатно ти е дека препишувале еден од друг, отколку стварно да имало пототп? Абе секој народ, до еден има приказна за потоп: Секој да препишал од другите е едноставно невозможно. На ѕирни ја оваа страна да видиш колку приказни за потоп има

http://www.talkorigins.org/faqs/flood-myths.html
Митовите за потпотот ги има насекаде, тие се колективна траума на човештвото поради пропаста на претходната цивилизација, првата генеза човекова, позната под разни имиња на разни места...
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Зошто упорно проповедаш глупости? Зарем веќе не виде дека борбата против Бога те доведува до лудило? Не продолжувај да се спротиставуваш на Бог. И престани еднаш да се лутиш, како мало дете си.
Те погоди ова последново, а?

Ти пробуричка нешто по тоа малку земна логика што ти просветнува чат-пат у главата...

Кажи како е страшно! Тоа е звукот на распарчување на илузиите.

Поминува после некое време. Од почеток ќе ти биде многу фрка, па ќе се каеш едно недела дена...

Е, после ќе видиш што е светот у ствари. Ќе почнеш да гледаш документарни филмови за народите во светот. Ќе читаш ствари за религиите на другите култури. Така, за едно месец-два, конечно ќе бидеш атеист со мирна душа и очи широко отворени за волшепствата на универзумот и човековата свесност.

Само... прво треба тој трескотот во ушите да го издржиш и да не клекнеш повторно на коленици.

Не е лесно... ама вреди!
 
Член од
15 октомври 2010
Мислења
835
Поени од реакции
155
Ќе почнеш да гледаш документарни филмови за народите во светот. Ќе читаш ствари за религиите на другите култури
Мора да си атеист за да гледаш документарки? Јас како Христијанин не смеам да ги гледам? А она другово што го напиша, ме изнасмеа. Ова како од искуство да пишеш а? Интересно нема што.
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Како може стотици различни/оддалечени народи, сите да си измислат приказна за потоп? А? Сите исто да размислуваат?
Заради тоа што земјотресите, поплавите и пожарите биле најголемите трауми кои примитивниот човек ги трпел. Затоа и ги памти секој народ.

Точно е дека во полно култури има мотив за потоп. Но точно е и дека нема во сите. Народите од австралија и полинезија немаат. Немаат ниту индијанците.

Приказната за големиот потоп (btw украдена од Сумерите) е приказна за поплавувањето на тигар и Еуфрат. Тоа е приказна од Сумерија. Ова е првата вистинска цивилизација на човештвото. Од нив е украдена приказната за Адам и Ева. Од нив е украдена приказната за потопот. Од нив се „украдени“ и сите клучни откритија на човекот: писмо, рало, град, хиерархија, цигла... Само кој да чита, кога една книга му е доста и + му е забрането со пекол да консултира други литератури...

Тоа што има приказни за потоп, сигурно не ја оправдува дебилната приказна за потоп на целата земја! Јас стварно не сфаќам како не можеш да разбереш дека е малоумно некој да тврди дека целата земја се потопила! Едноставно нема никаква логика!!!

Ама и Библијата нема, па еве, пак се караш со мене.

--- надополнето ---

Мора да си атеист за да гледаш документарки? Јас како Христијанин не смеам да ги гледам? А она другово што го напиша, ме изнасмеа. Ова како од искуство да пишеш а? Интересно нема што.
Србите викаат: „Гледа, а не види!“
 

Kajgana Shop

На врв Bottom