Зошто атеистите му се лутат на Бог

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Абе јас знам дека ти немаш намера да ме читаш, оти во напишаното убаво објаснив ама шо да се прави. Еве и претходниот мој пост изгледа не си го прочитал. А и да го прочиташ нема да го прифатиш.

Него да кажеше зошто секој народ има приказна за потоп? Зошто секој народ си бил религиозен, си верувал во богови.
Дека имале потреба да си ги објаснат ПРИРОДНИТЕ ФЕНОМЕНИ.

Сега тоа го прави науката. Повеќе од 300 години. И многу подобро и' оди отколку на глупите приказни за мали деца!

Порасни!
 
Член од
31 јули 2006
Мислења
2.537
Поени од реакции
700
Друго - какви се сите други богови, зевс, кришна, и сите други, грчки, римски, индиски, мајански итн. Сите се претставени како човек. Така ли е? Сите се во човечки облик, и си имаат луѓето изградено нивни статуи. Некои ги облекувале, им давале храна, ги носеле на грб итн. Господ Создателот, од сите нив е различен. Нема облик(не знаеме каков изглед има) никакви фигури, ни статуи, ни икони нема човекот направено да го претставуваат Господ. Претставен е Исус, синот, но Господ Таткото, Седржителот, никаде не е претставен. Никаква човечка рака го нема направено.
Штооооооо? Библискиот бог не е претставен во човечки облик? Може нема негови статуи, ама бате сите негови особини се човечки. Дури и со самото она што велите дека човекот е створен од него по негов лик покажува дека му давате човечки облик. За еден бог да биде не-хуманоиден, тој/таа/тоа треба да е тотално одвоен од наши афери овде. А како што знаеме, богот од библијата е потполно вмешан исто како Зевс, Хера, Јупитер итн.
 
Член од
15 октомври 2010
Мислења
835
Поени од реакции
155
Прочитај ги убаво двата мои поста, размисли малку, па ќе си видиш.
 
Член од
18 март 2011
Мислења
12
Поени од реакции
1
Да не ви расипувам муабето.. во контекст на темава - да ве развеселам малку :smir:
 
Член од
15 октомври 2010
Мислења
835
Поени од реакции
155
Дека имале потреба да си ги објаснат ПРИРОДНИТЕ ФЕНОМЕНИ.

Сега тоа го прави науката. Повеќе од 300 години. И многу подобро и' оди отколку на глупите приказни за мали деца!

Порасни!
Сите си измислие богови? Како може народи одделени едни од други, да имаат толку слични верувања? Да веруваат во богови, во потопи, во прв човек, во креатор. Ако јас и ти сме биле првите луѓе, едниот во америка, другиот во австралија, која е веројатноста и јас и ти да веруваме во богови, во потоп итн?

--- надополнето ---

Штооооооо? Библискиот бог не е претставен во човечки облик?
Да. Не си знаел? Низ целата Библија се вели дека Бог не е човек.

--- надополнето ---

И не одговори. Оти сите оние богови кои ги споменуваш си имаат статуи и човечки облици, што укажува дека се човечка творба, а само Господ нема нити човечки облик, нити имаме статуи? Како може да биде човечка творба нешто што неможе да се види? За да биде човечка творба треба да се покаже, статуа ли било што и да речеш ете ова е богот кој створи се.
 
Член од
31 јули 2006
Мислења
2.537
Поени од реакции
700
Да. Не си знаел? Низ целата Библија се вели дека Бог не е човек.

И не одговори. Оти сите оние богови кои ги споменуваш си имаат статуи и човечки облици, што укажува дека се човечка творба, а само Господ нема нити човечки облик, нити имаме статуи? Како може да биде човечка творба нешто што неможе да се види? За да биде човечка творба треба да се покаже, статуа ли било што и да речеш ете ова е богот кој створи се.
И ти не одговори. Не мора да има статуа да го репрезентира. Карактерот (под карактер не мислам особина, него лик во едно литературно творештво) на Јахве низ целата библија е човечки - се лути, се смилостува, се меша у наши работи.....исто како Зевс, Тор и сл. Ќе ти повторам пак - за тој твој бог да не биде човечки, не е доволно да пишува негде дека не е. Треба да е и така претставен во литературни дела. Јас можам до утре да ти кажувам дека ти не си човек, ама дали тоа може да е вистина кога доказот е тука?
 
gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.840
Поени од реакции
5.120
За Алах исто така нема статуи и слики, па претпоставувам дека тој е вистинскиот.
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.920
Тоа за Буда (што добро се римува) да не зборите...тој со мешето и обравчињата.
Не. За Јахве мислев

26 Потоа Бог рече: „Да создадеме
човек според Нашиот образ (и) според
Нашето подобие како што сме Ние, кој
ќе биде господар над морските риби,
над небеските птици, (над ѕверовите) и
над добитокот – над целата земја и над
сите гадинки што лазат по земјата!”
27 И Бог го создаде човекот според
образот Свој, според образот Божји го
создаде; машко и женско ги создаде.

И зошто црвените, очигледна множина. Та нели беше еден?
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Сите си измислие богови? Како може народи одделени едни од други, да имаат толку слични верувања? Да веруваат во богови, во потопи, во прв човек, во креатор. Ако јас и ти сме биле првите луѓе, едниот во америка, другиот во австралија, која е веројатноста и јас и ти да веруваме во богови, во потоп итн?

--- надополнето ---

Да. Не си знаел? Низ целата Библија се вели дека Бог не е човек.

--- надополнето ---

И не одговори. Оти сите оние богови кои ги споменуваш си имаат статуи и човечки облици, што укажува дека се човечка творба, а само Господ нема нити човечки облик, нити имаме статуи? Како може да биде човечка творба нешто што неможе да се види? За да биде човечка творба треба да се покаже, статуа ли било што и да речеш ете ова е богот кој створи се.
Тоа се вика меѓукултурно влијание. Ни антропологија не си учел ништо, признај!

Ни историја на религии си читал, ни палеонтологија си ѕирнал, а верувам ни цивилизациска историја немаш пипнато.

Епа како тогаш сакаш да разбереш нешто подалеку од прикаска за мали деца?

Како?

--- надополнето ---

Сите си измислие богови? Како може народи одделени едни од други, да имаат толку слични верувања? Да веруваат во богови, во потопи, во прв човек, во креатор. Ако јас и ти сме биле првите луѓе, едниот во америка, другиот во австралија, која е веројатноста и јас и ти да веруваме во богови, во потоп итн?

--- надополнето ---

Да. Не си знаел? Низ целата Библија се вели дека Бог не е човек.

--- надополнето ---

И не одговори. Оти сите оние богови кои ги споменуваш си имаат статуи и човечки облици, што укажува дека се човечка творба, а само Господ нема нити човечки облик, нити имаме статуи? Како може да биде човечка творба нешто што неможе да се види? За да биде човечка творба треба да се покаже, статуа ли било што и да речеш ете ова е богот кој створи се.
http://www.openculture.com/wp-content/uploads/2010/03/sistine.png

Библијата, особено Стариот Завет, е преполна со директни и посредни описи на Господ.

Трофазниот Бог е АНТРОПОМОРФЕН!!!

Дрво да беше, до сега ќе разбереше што значи овој термин.

Може дефиниција ќе ти помогне.

--- надополнето ---

ниту слики:

...ниту статуи:

Ниту мојата омилена:

Член од
28 март 2006
Мислења
17.693
Поени од реакции
12.100
Не. За Јахве мислев

26 Потоа Бог рече: „Да создадеме
човек според Нашиот образ (и) според
Нашето подобие како што сме Ние, кој
ќе биде господар над морските риби,
над небеските птици, (над ѕверовите) и
над добитокот – над целата земја и над
сите гадинки што лазат по земјата!”
27 И Бог го создаде човекот според
образот Свој, според образот Божји го
создаде; машко и женско ги создаде.

И зошто црвените, очигледна множина. Та нели беше еден?
Образ, лик, нема човечки лик него Човекот го ствара според Образ....
...има толковници во кои е напишано мада и некои овде се разбираат и можи ќе објаснат.
Но зашто да мора да замислиме нешто како изгледа?
Со вакви постови пак се навраќаме (иписимус пак ќе се чудиш на моите репетитивни прашања...а на овие миљон пати поставени?) на теориите за универзумот, изгледот, обликот, развојот... и за тоа како се раѓал истиот во 10-та секунда...кој може точно да ги замисли тие големини и објаснувања -како во Светите Книги така и во Галаксијата. Дали некој од вас замислил маглина и нејзино движење?
 
Ова е маглина
eagle-nebula.jpg
 
Така си е пишано во книгичето. Јас не морам да го замислувам.

П.С. Дали е човечка особина, говорот?
 
Член од
15 октомври 2010
Мислења
835
Поени од реакции
155
Но неколку пати се вели дека има човечки лик и својства.
Попрво човекот има боженствени својства/особини. Оти Бог го создал човекот по свој образ, му дал од своите особини. Не може Бог да има човечки особини, кога Он го создал човекот.

--- надополнето ---

Тоа се вика меѓукултурно влијание.
Значи еден народ си измислил приказна за потоп на целата земја и од тој еден народ истата приказна ја зеле сите останати народи, цел свет?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom