Зошто атеистите му се лутат на Бог

¯

¯\_(ツ)_/¯

Гостин
Грешиш и тоа многу...
Си прочитал повеќе од 5 мои постови? Ни сум верувал ни верувам. Ниту па имам кому да се лутам. А дека ме навредувале ќе ти наведам барем 10 поста.
Океј, затоа и пишав можеби грешам. А тоа дека те навредувале ти верувам. Ама пак доаѓам на тоа со сефот, остави ги, не знам зошто се мачиш, сигурен сум свесен си дека никого нема да убедиш дека верува во глупости. :)

Каде си видел ти мој пост таков? Најди цитирај. Каде јас сум етикетирал? Освен ако некој претходно не го направил истото за мене.
Не ти викам дека си го рекол тоа, него те прашувам како гледаш на еден верник, сигурно за Да Винчи не го сметаш, па макар и докторат да има за било што :), ова е за првиот дел со прашалниците, вториот дел на реченицата останува ист, не знам од каде ти толку сигурен дека ти си во право. Ако имаш некој доказ покажи го, затни ги муцките на сите кои веруваат, ама просто се сомневам дека имаш.

Ти си одбрал да не веруваш, и тоа многу радикално го правиш, зотшто викам радикално? Да беше некој тинејџер со овој јузер океј, ке го сфатев, ама на 48 години да се регистираш со јузер Атеист, ова покажува дека ти активно не веруваш.
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
да сум имал кога бев мал мислеф дека имаат душа... но послем пораснав и сватив дека немаат.... е сеа што има некој што не пораснале уште не можам да коментирам више никад нема да сватат....
Епа, друже, да си најдеш едно куче... да се потсетиш...
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
Тоа што не сфаќам е да исмејуваш некого заради тоа што верува или не верува.
Трите монотеистички религии се институционализирани системи кој се наметнуваат на цели општества. Едно е лично убедување и верување, а сосема друго религија како христијанството или исламот, каде тоа убедување се наметнува како апсолутна вистина и единствен спас од ужасна казна која те чека ако не ја прифатиш!
Едното е лично убедување, другото е догма! Јас немам ништо против нечиви лични убедувања, се додека тие непочнат да се наметнуваат на останатите.
Човештвото е најмалку 1000 години поназад поради тие палења на вештерки, цензури и закани на научниците и мислителите! Како да не се критикува тоа?
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.920
Ти си одбрал да не веруваш, и тоа многу радикално го правиш, зотшто викам радикално? Да беше некој тинејџер со овој јузер океј, ке го сфатев, ама на 48 години да се регистираш со јузер Атеист, ова покажува дека ти активно не веруваш.
Што врска има мојот ник со моите ставови? Што да речам за тебе според твојот ник? Дека си Американец од Флорида? Не зезај.
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Океј зависи како гледаш на еден верник... За еден момент батали цркви и џамии, батали оџи и попови, заборави на тоа што некои од нив не учат, дека ако не одиш со десна нова ваму, ке го налутиш господ, ако не ги миеш рацете вака многу ке го налутиш господ и лошо среќа ке те прати, заборави на тоа дека човек МОРА да му помогне на некој дека тоа ке му се пише како добро дело во книгата на господ, а ако е муслиман а ти си христијанин не му помагај дека тој е во заблуда ти веруваш во вистинското тој не...

Религијата како таква во оваа време навистина е речиси таква како што ти ја опиша (речиси), сакале ние или не тоа е факт. Не само во оваа време, и во минатото, луге се палеле живи дека биле вештери(знам... ама ајде де), секој научник морал да молчи дека или затвор или го убивале, тоа беше плитката политика на црквата тогаш. Во денешно време, се перат мозоци, се почнуваат војни, се тера човек да се накити како елка со динамити и во името на Алах да убие ХХХ број на невини жртви биле тоа или не вистински муслимани, тоа не е воопшто важно, важно е дека до тој степен ја смениле религијата, што жена ако не носи шамија некаде се убива... Значи заборави го сево ова, ова со господ нема никаква врска, ова повеќе паѓа на политика него на старото значење на зборот религија :), за ова треба нова тема да се отвори, и тоа во подфорумот на политика, затоа што јас и ти сме свесни дека ова нема ни Р од религија, затоа и го повторувам ова заборави, заборави :P

Темава повеќе е (барем јас мислам така) за индивидуално (не)верување. Затоа и пишав дека има 2 типа на атеисти кои му се лутат на господ, едни кои биле/се разочарани и други, кои едноставно мора да солат памет (како и многу верници кои веруваат, онака чисто без некоја причина, и го дрват најмногу од сите). Секој има свое право да верува или не, и секој го нема правото да се меша на друг.

Јас можам да сфатам дека некој е станал атеист зошто загубил некој близок многу, или... има многу причини, премногу дури, разбирам човек да не верува од проста причина што све ова му е смешно да има господ, англеи, рај, пекол, патки со рогови, или пак трета група кои не веруваат дека погрешно го сфаќаат господ, го сфаќаат како некој кој ке те фрли во оган ако крадеш цреши, ЗАСЕКОГАШ!!! :)

Тоа што не сфаќам е да исмејуваш некого заради тоа што верува или не верува.

Да седиме некогаш 5 верници и 5 неверници, ке се зачудиме сите еден од друг зошто веруваме или зошто не веруваме.

Да веруваш во господ, и ова денешно значење на зборот религија не е исто за мене. Религијата пишав погоре што мислам дека е, а верувањето е една од најинтимните работи, зависи од местото каде што живееш/работиш можат и за луд да те прават ако отвориш уста за своите убедувања :) еве тоа и тука се случува, има верници кој ги сметат за глупи атеиститие, и има атеисти кои ги сметат за глупи верниците... Што е најтрагично е дека еден припадник на една религија за повеке глуп го смета еден друг припадник на друга религија (ислам/христијанство) него еден атеист. Се надевам дека ме сфаќаш што сакам да кажам со ова, дека ептен може да се преврти реченицава :)
Писмото е јасно.
Нема што да се мисли и толкува.
Пред и вон брачен секс feat. мастурбација е тежок грев и како таков е пат кон казаните.
За прељуба исто е јасно кажано во писмото...не треба да се чека Бог да суди туку треба да се усмртат грешните.
Ова е само дел од правилата и прописите.
Нема тука “ама јас вака мислев“, “можеби мислеле на нешто друго“ или “чекај нема да ме види Бог“...
Тој гледа се и снима се.
Па на крај, пред страшниот суд...оп! двд-то на плеер со гревови...тој и тој ден си мастурбирал, тој и тој ден си помислил на секс со некоја која не ти била сопруга, тој и тој ден залудно си го изговорил името Негово...

Затоа постои покајанието...
 
¯

¯\_(ツ)_/¯

Гостин
Што врска има мојот ник со моите ставови? Што да речам за тебе според твојот ник? Дека си Американец од Флорида? Не зезај.

Не бе, не е исто, ке беше исто да пишев во некоја тема за некој град, и јас да го фалев Tallahassee, ама ти го знаеш тоа и се обидуваш да бегаш од вистинското прашање, од сите тие прашања на никое не даде одговор се фате за јузерот.

--- надополнето ---

Трите монотеистички религии се институционализирани системи кој се наметнуваат на цели општества. Едно е лично убедување и верување, а сосема друго религија како христијанството или исламот, каде тоа убедување се наметнува како апсолутна вистина и единствен спас од ужасна казна која те чека ако не ја прифатиш!
Едното е лично убедување, другото е догма! Јас немам ништо против нечиви лични убедувања, се додека тие непочнат да се наметнуваат на останатите.
Човештвото е најмалку 1000 години поназад поради тие палења на вештерки, цензури и закани на научниците и мислителите! Како да не се критикува тоа?
Критикувај го тоа бе, и јас ке го критикувам заедно со тебе. Ама да не мешаме баби и жаби.
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.920
Не бе, не е исто, ке беше исто да пишев во некоја тема за некој град, и јас да го фалев Tallahassee, ама ти го знаеш тоа и се обидуваш да бегаш од вистинското прашање, од сите тие прашања на никое не даде одговор се фате за јузерот.Критикувај го тоа бе, и јас ке го критикувам заедно со тебе. Ама да не мешаме баби и жаби.
Ти се фати за јузерот не јас, и тоа поради јузерот сум бил и радикален...... свашта
 
¯

¯\_(ツ)_/¯

Гостин
Писмото е јасно.
Нема што да се мисли и толкува.
Пред и вон брачен секс feat. мастурбација е тежок грев и како таков е пат кон казаните.
За прељуба исто е јасно кажано во писмото...не треба да се чека Бог да суди туку треба да се усмртат грешните.
Ова е само дел од правилата и прописите.
Нема тука “ама јас вака мислев“, “можеби мислеле на нешто друго“ или “чекај нема да ме види Бог“...
Тој гледа се и снима се.
Па на крај, пред страшниот суд...оп! двд-то на плеер со гревови...тој и тој ден си мастурбирал, тој и тој ден си помислил на секс со некоја која не ти била сопруга, тој и тој ден залудно си го изговорил името Негово...

Затоа постои покајанието...
Не те имам прочитано низ темава, па можеби со ова сакаш фраерче да се правиш и иронично ми пишуваш. А и по начинот така ми изгледа. Ако не се согласуваш пиши, ако се согласуваш пиши, ама не се прави курназ. Помина таа финта.

--- надополнето ---

Ти се фати за јузерот не јас, и тоа поради јузерот сум бил и радикален...... свашта

Меѓу другите работи и за јузерот, и тоа баш ти објаснив зошто се фатив за јузерот. Заради години.... уствари ти пишав, знаеш да читаш, читај погоре е пишано. Одговори на све, не дека се некои трик прашања па те фатив на тесно и сеа ти се правам паметен, не воопшто не е така, него најпрости прашања се. Ама ајде де...
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.920
Меѓу другите работи и за јузерот, и тоа баш ти објаснив зошто се фатив за јузерот. Заради години.... уствари ти пишав, знаеш да читаш, читај погоре е пишано. Одговори на све, не дека се некои трик прашања па те фатив на тесно и сеа ти се правам паметен, не воопшто не е така, него најпрости прашања се. Ама ајде де...
Името и моите години пак ти кажувам немаат врска со моите ставови. Име ко име.
А ти пријателче не ме читаш. Ти одговорив веќе. Прочитај некој мој пост и ќе ти биде јасно.
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Не те имам прочитано низ темава, па можеби со ова сакаш фраерче да се правиш и иронично ми пишуваш. А и по начинот така ми изгледа. Ако не се согласуваш пиши, ако се согласуваш пиши, ама не се прави курназ. Помина таа финта.

--- надополнето ---




Меѓу другите работи и за јузерот, и тоа баш ти објаснив зошто се фатив за јузерот. Заради години.... уствари ти пишав, знаеш да читаш, читај погоре е пишано. Одговори на све, не дека се некои трик прашања па те фатив на тесно и сеа ти се правам паметен, не воопшто не е така, него најпрости прашања се. Ама ајде де...
Читај го Писмото. во него е мудроста.
Бидејќи времето е блиску.
А гревовите тежат !

Левит: 20:10
‘Човек кој ќе прељубодејствува со мажена жена; кој ќе изврши прељуба со жената на својот ближен, нека биде казнет со смрт; и прељубникот и прељубницата.

Тит: 1:16
Исповедуваат дека Го познаваат Бога, но Го одречуваат со делата, како одвратни и непослушни и неподобни за какво и да е добро дело.

Евреите: 13:4
Сите да го почитуваат бракот, и брачното легло чисто, зашто Бог ќе им суди на блудниците и прељубниците.

Лука: 16:18
Секој кој ја остава својата жена и се жени со друга, прави прељуба; и кој се жени со оставена - прељубодејствува.”

Матеј: 5:27
”Сте чуле дека им било речено на старите: ‘Не прави прељуба!’

Матеј: 5:28
А Јас ви велам дека секој, кој гледа на жена со желба, веќе извршил прељуба со неа во своето срце.

Марко: 10:11
И Тој им рече: „Кој ќе ја напушти својата жена и се ожени со друга, прави прељуба спрема неа.

10:12
И ако таа го напушти мажот и се омажи за друг, прави прељуба.

10:19
Ги знаеш заповедите: „Не убивај! Не прави прељуба! Не кради! Не сведочи лажно! Не измамувај! Почитувај ги татка си и мајка си!”


Матеј 5-29
Ако твоето десно око те соблазнува, извади го и фрли го од себе; зашто е подобро да ти пропадне еден од членовите, отколку целото твое тело да биде фрлено во пеколот.

Матеј 5-30
И ако твојата десна рака те соблазнува, отсечи ја и фрли ја од себе; зашто ти е подобро да пропадне еден од твоите членови, отколку целото твое тело да отиде во пеколот.


Ако посакаш туѓа жена или жена со која не си во брак...ископај си го веднаш окото бидејќи подобро тоа отколку вечен пекол во адот.
Или ако си во искушение за самоблуд...исечи си ја раката.

Јасно е кажано.
Нема тука јас вака ја сфаќам религијата тој онака, трет поинаку.
 
Член од
15 октомври 2010
Мислења
835
Поени од реакции
155
А, бе, ВЕРНИК, ти тврдиш ли дека не постои Зевс? Тврдиш ли дека не постои Кришна? Маниту? Тор? - ТВРДИШ!!!

Како можеш ти да тврдиш дека овие не постојат?!?! Не ли си размислил малку? Мислиш ли уопште?

Ако ти тврдиш тоа за сите 5000 кои се у тек денес (освен за трофазниот),
Ај да одговорам, да не речете после бегам од прашањата. Јас верувам во Господ. Со самото тоа неможам да верувам во други богови (оти Господ е еден и непостојат други богови освен него). Така ако велаам дека постои Господ тогаш, сите останати богови се лажни, човечка измислица, оти тоа го вели Господ самиот, во кој што верувам. Тоа едно.
Друго - какви се сите други богови, зевс, кришна, и сите други, грчки, римски, индиски, мајански итн. Сите се претставени како човек. Така ли е? Сите се во човечки облик, и си имаат луѓето изградено нивни статуи. Некои ги облекувале, им давале храна, ги носеле на грб итн. Господ Создателот, од сите нив е различен. Нема облик(не знаеме каков изглед има) никакви фигури, ни статуи, ни икони нема човекот направено да го претставуваат Господ. Претставен е Исус, синот, но Господ Таткото, Седржителот, никаде не е претставен. Никаква човечка рака го нема направено. Треба ли да ја анализираме и Библијата, која што и по состав и по содржина е уникатно дело. Како ќе ми ги објасниш ти, сите остваарени пророштва во Библијата? Како може Исаија 700 години пред Исус да зборува за Него. Како може да има текстови многу години пред рушењето на храмот од 587, кои пишуваат за тоа? Како може Исус да го предвидел второто рушење на храмот години пред тоа да се случи. Да бидеме објективни во Библијата има еден куп пророштва кои се оствариле. Па во Библијата ве има и вас кои што денес го оспорувате Господовото постоење.

Глеам како си се тешиш со агностиците
Какво тешење, не се тешам. Јас велам и атеистите и агностиците се грешка. Само реков дека некако агностиците ми стојат поискрени. Тоа.

пошто ного сте малку нешто у последно време на форумов
Па дибек, многу сте нападни, агресивни, вреѓате, затоа губиме желба да спориме со вас. А вие ептен се собравте овде така да веќе и неможе да се отвори тема за било што поврзано со Христијанството, одма вие ќе се соберете таму и ќе ја уништите темата. Ама не е проблем ние имаме каде да се собираме, каде да си правиме муабет, на крајот на краиштата и доволно е да ја отворам Библијата и да си најдам одговор на што било.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195
Ама не е проблем ние имаме каде да се собираме, каде да си правиме муабет, на крајот на краиштата и доволно е да ја отворам Библијата и да си најдам одговор на што било.
Така е пријател, пикни си ја главата во Библијата, таму ќе ги најдеш сите одговори...
 
Член од
15 октомври 2010
Мислења
835
Поени од реакции
155
Во историјата на човештвото постојат повеќе од 10000 РАЗЛИЧНИ КРЕАТОРИ НА СВЕТОТ. Секоја култура си има свој креатор. „Господ Исус Христос“ ниту е прв, ниту е последен, ниту е оригинален, ниту е некако особено посебен од останатите 9.999 креатори измислени од човекот. Ништо посебно!

Ја можам да разберам некој кој ќе каже „Има креатор и најверојатно СИТЕ РЕЛИГИИ се во право“... ама некој ко ќе каже „МОЈОТ Е НАЈГОЛЕМ“ (Бог, нели) е тогаш за него можам да кажам само зборови што ќе вреѓаат.
Ајде да одговорам и на ова. Велиш има 10000 различни креатори, секој народ си "измислил" свој. Еден е креаторот, и еве ќе напишам неколку редови. Да почнеме од Ное, одма по потопот (ама нешто слично било и после Адам, до Ное). Вака, Ное имал знаење за Господ. Господ му се јавил и директно му зборувал, така да Ное знаел кој е Господ, и дека тој е единствениот бог и дека тој создал се. Ное имал три сина, и три снаи. Полека почнува да се плоди човештвото одново и да се качува бројот на луѓето. Така Ное и неговите синови го пренесувале знаењето за Бог на нивните потомци. Како што е запишано во Библијата после вавилонската кулаа народот се раширил низ земјата. Полека почнале да се одделуваат, да се групираат, секоја група на различна страна и настануваат различни народи. Епа сега произлегуваат неколку можности зошто произлегле толку богови.

Првата: Бидејки Бог не им се јавувал на сите, кај народите полека почнало да се изменува првобитното знаење за Господ, наследено од Ное и синовите. Знаеме како е со прераскажувањето од колено на колено, некој си додава некој си изменува итн. Ете така кај различни народи се развиле различни измени на знаењето за Бог, та кај секој народ имало различно знаење за Бог. Исто се развиле и разни јазици, па одтука и различните имиња.

Втората: Некому не му се допаѓал единиот Бог, па се решил да му го сврти грбот и да си направи свој бог, различен, во кој што ќе си верува и ќе си тврди дека баш тој го создал светот.

Третата: Како и да е имало народи кај што целосно се изгубило знаењето за Бог Создателот, па си измислиле свој Бог.

Четвртата: Некоја комбинација од претходните три.

Така да тоа што имало еден куп различни богови не мора да е доказ за непостоењето на Господ.

--- надополнето ---

Така било се додека Бог не му се јави на Авраам, та неговото потомство да се исправи, да се здобие со вистинското знаење кој е Бог. До појавувањето на Исус само евреите знаеле кој е едниот и вистинскиот Бог. Со појавувањето на Исус, целиот свет дозна кој е Господ, проблемот е само што некои не го прифатија.

--- надополнето ---

Така е пријател, пикни си ја главата во Библијата, таму ќе ги најдеш сите одговори...
Па човече, во Библијата можеш да најдеш решение за секоја морална дилема, на пример. Можеш да видиш што е добро, а што не. Можеш да видиш како треба еден човек да се однесува. Едно ќе кажам: Ако секој човек на планетава го прифати моралниот код на Исус, денес ќе немаме нити насилство, нити криминал, нити војни. Секој со секого ќе се сака, секој ќе прави добро. Едноставно светот ќе цвета.
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Ајде да одговорам и на ова. Велиш има 10000 различни креатори, секој народ си "измислил" свој. Еден е креаторот, и еве ќе напишам неколку редови. Да почнеме од Ное, одма по потопот (ама нешто слично било и после Адам, до Ное). Вака, Ное имал знаење за Господ. Господ му се јавил и директно му зборувал, така да Ное знаел кој е Господ, и дека тој е единствениот бог и дека тој создал се. Ное имал три сина, и три снаи. Полека почнува да се плоди човештвото одново и да се качува бројот на луѓето. Така Ное и неговите синови го пренесувале знаењето за Бог на нивните потомци. Како што е запишано во Библијата после вавилонската кулаа народот се раширил низ земјата. Полека почнале да се одделуваат, да се групираат, секоја група на различна страна и настануваат различни народи. Епа сега произлегуваат неколку можности зошто произлегле толку богови.

Првата: Бидејки Бог не им се јавувал на сите, кај народите полека почнало да се изменува првобитното знаење за Господ, наследено од Ное и синовите. Знаеме како е со прераскажувањето од колено на колено, некој си додава некој си изменува итн. Ете така кај различни народи се развиле различни измени на знаењето за Бог, та кај секој народ имало различно знаење за Бог. Исто се развиле и разни јазици, па одтука и различните имиња.

Втората: Некому не му се допаѓал единиот Бог, па се решил да му го сврти грбот и да си направи свој бог, различен, во кој што ќе си верува и ќе си тврди дека баш тој го создал светот.

Третата: Како и да е имало народи кај што целосно се изгубило знаењето за Бог Создателот, па си измислиле свој Бог.

Четвртата: Некоја комбинација од претходните три.

Така да тоа што имало еден куп различни богови не мора да е доказ за непостоењето на Господ.

--- надополнето ---

Така било се додека Бог не му се јави на Авраам, та неговото потомство да се исправи, да се здобие со вистинското знаење кој е Бог. До појавувањето на Исус само евреите знаеле кој е едниот и вистинскиот Бог. Со појавувањето на Исус, целиот свет дозна кој е Господ, проблемот е само што некои не го прифатија.
Ное е крадена приказна и нема никаква врска со евреите. Не си учел. То ти је.

Не мораш да ја прераскажуваш Библијата. На овој подфорум сите ја знаеме ТАА приказна.

Штета што вие верниците не си ги знаете корените, па да дознаете и од чиј народен фолклор ви се крадени приказните.

Христијанството ти е само една од мноштвото митологии. Ништо посебно - ништо волшебно - ништо вистинито.

--- надополнето ---

Ај да одговорам, да не речете после бегам од прашањата. Јас верувам во Господ. Со самото тоа неможам да верувам во други богови (оти Господ е еден и непостојат други богови освен него). Така ако велаам дека постои Господ тогаш, сите останати богови се лажни, човечка измислица, оти тоа го вели Господ самиот, во кој што верувам. Тоа едно.
Друго - какви се сите други богови, зевс, кришна, и сите други, грчки, римски, индиски, мајански итн. Сите се претставени како човек. Така ли е? Сите се во човечки облик, и си имаат луѓето изградено нивни статуи. Некои ги облекувале, им давале храна, ги носеле на грб итн. Господ Создателот, од сите нив е различен. Нема облик(не знаеме каков изглед има) никакви фигури, ни статуи, ни икони нема човекот направено да го претставуваат Господ. Претставен е Исус, синот, но Господ Таткото, Седржителот, никаде не е претставен. Никаква човечка рака го нема направено. Треба ли да ја анализираме и Библијата, која што и по состав и по содржина е уникатно дело. Како ќе ми ги објасниш ти, сите остваарени пророштва во Библијата? Како може Исаија 700 години пред Исус да зборува за Него. Како може да има текстови многу години пред рушењето на храмот од 587, кои пишуваат за тоа? Како може Исус да го предвидел второто рушење на храмот години пред тоа да се случи. Да бидеме објективни во Библијата има еден куп пророштва кои се оствариле. Па во Библијата ве има и вас кои што денес го оспорувате Господовото постоење.



Какво тешење, не се тешам. Јас велам и атеистите и агностиците се грешка. Само реков дека некако агностиците ми стојат поискрени. Тоа.



Па дибек, многу сте нападни, агресивни, вреѓате, затоа губиме желба да спориме со вас. А вие ептен се собравте овде така да веќе и неможе да се отвори тема за било што поврзано со Христијанството, одма вие ќе се соберете таму и ќе ја уништите темата. Ама не е проблем ние имаме каде да се собираме, каде да си правиме муабет, на крајот на краиштата и доволно е да ја отворам Библијата и да си најдам одговор на што било.
Пак не разбираш. И самиот си кажуваш и пак не си се разбираш!

Ти ги негираш сите 9.999 Богови освен еден. Ти си, Боби, 9.999 пати АТЕИСТ. Јас сум 10.000 пати атеист. Ти не си ама баш ништо поверник од мене.

Време е да се простиш и од последната приказна за мали деца и да почнеш да живееш во реалниот, рационален свет. Кај 9999, таму и уште еден.
 
Член од
15 октомври 2010
Мислења
835
Поени од реакции
155
Ное е крадена приказна и нема никаква врска со евреите. Не си учел. То ти је.

Не мораш да ја прераскажуваш Библијата. На овој подфорум сите ја знаеме ТАА приказна.

Штета што вие верниците не си ги знаете корените, па да дознаете и од чиј народен фолклор ви се крадени приказните.

Христијанството ти е само една од мноштвото митологии. Ништо посебно - ништо волшебно - ништо вистинито.
Абе јас знам дека ти немаш намера да ме читаш, оти во напишаното убаво објаснив ама шо да се прави. Еве и претходниот мој пост изгледа не си го прочитал. А и да го прочиташ нема да го прифатиш.

Него да кажеше зошто секој народ има приказна за потоп? Зошто секој народ си бил религиозен, си верувал во богови.

--- надополнето ---

Ти ги негираш сите 9.999 Богови освен еден. Ти си, Боби, 9.999 пати АТЕИСТ. Јас сум 10.000 пати атеист. Ти не си ама баш ништо поверник од мене.
Абе во два поста ти објаснив за другите богови. И за нивното постанување ти објаснив. Еден е Господ. Еден е бог. Оние другите или се изменета слика со текот на времето, или едноставно бунт против Бог, и создавање ракотворен бог.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom