Зошто атеистите му се лутат на Бог

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.102
Поени од реакции
12.084
...gladniot razmisluva kako da go napolni stomakot,sitiot misli kako da go isprazni pistolot :)
...i taka vo krug,gradime teorii,veruvanja,religii i milion slicni trakatanci za da izlezeme od toj krug
...a sme del od nego
Автоматски споено мислење:


...hipotezi,veruvanja,aspiracii,stravovi...zelba za mok
...staromodni i zakoreni covecki osobini,no seuste prisutni
Затоа старите богови имаат човечки особини... премногу човеколики богови. :)

Исламот малку проба да застрани од тие „адети“....
 
Член од
6 декември 2022
Мислења
960
Поени од реакции
1.463
...gladniot razmisluva kako da go napolni stomakot,sitiot misli kako da go isprazni pistolot :)
...i taka vo krug,gradime teorii,veruvanja,religii i milion slicni trakatanci za da izlezeme od toj krug
...a sme del od nego
Автоматски споено мислење:


...hipotezi,veruvanja,aspiracii,stravovi...zelba za mok
...staromodni i zakoreni covecki osobini,no seuste prisutni
Гледаш шо убаво ги подведе вечните човекови приоритети. Првин јади и биди здрав. Тоа секому е приоритет. Сексот без последици е изум на модерното доба. Во најголемиот дел од човековата историја сексот носел последици: сврхата на сексуалниот чин е зачеток на бебе. Тој потомок некој од некаде треба да го храни. Обезбедување храна била активност што долго време на луѓето им одземала добар дел од нивното секојдневие. Уште една уста за хранење. А сушна година, или земјотрес, војна меѓу благородници... Потоа, за мајката пораѓањето е здравствен ризик: смртноста меѓу родилките е висока во значителен дел од предмодерното доба. Замисли на докторите им текнало дека треба да си ги мијат рацете пред операција или меѓу една и друга операција дури при крајот на 19-тиот век. Оперираат без ракавици.
Тие “тракатанци„ шо ги наведе се природен производ на обидите на човечкото суштество да си го обајсни светот во кој живее. Ако исправно го објасни, ќе може да го контролира и моделира. Што меѓу другото значи постојана исхрана без мака и здравство што лечи сѐ. За некои Бог постои, за некои не. За многумина Бог е науката. За еден круг луѓе кои го киднапираа пристапот до информации и комуникација ни науката нема важност. Тие навистина го интегрирале Бога во себе до степен да самите себе се гледаат како богови. Оттаму бран на нападни тупаџии со “прашања“ оформени како пресуда од висок суд последниве неколку години, како да ги штанца некој на фабричка трака: зошто репрезентацијата на Аргентина немала Црнци играчи во своите редови? Постоеле 30 и кусур полови иако науката недвосмислено вели дека постојат само два. Кој ќе добие владини пари за помош се решава по национален, расен и полов клуч (при 30+ полови). Ама не било тоа расизам и сексизам. Ќе почнеш да ги критикуваш тупаџиите користејќи валидни и потврдени научни аргументи, нивен одоговор е “срам те било“.
Интересна, но доста предвидлива последица од таквата зависност од посед на морална висорамнина е немање одговорност за сопствениот живот, следствено ниту контрола. Бидејќи секогаш некој друг им е крив на имателите на морални висорамнини (како велепоседник на морална висорамнина ти си безгрешен), секогаш некој друг има контрола врз животните настани во нивните животи како сточарот што има апсолутна контрола врз неговот стадо крави/волови/овци. За време ковид дешавката таквите зависници од морална висорамнина беа најсилните поборници за следење правила поставени од владата (без разлика дали тие правила имаат научна издржаност или не) зашто низ следењето правила без поговор тие си го живеат животот, живот без надлежен сточар за нив е непојмливо. Консеквентно, пријатните настани во нивниот живот се туѓо дело. Непријатните настани исто така. Освен родител, кој друг би приредил некој пријатен и убав настан за некого друг до ниво на трогателност? Никој меѓутоа не живее вечно па ни родителите на овие самопрогласени богови.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom