Зонско-револтирани граѓани (ваши искуства со Зонското паркирање)

S

Stef Bachatero

Гостин
Практиката во другите земји е да се ослободат сите коли што емитираат под 100 грама CO2 на км.Но кај нас се е да се прво земе пари па последа се спроведат добрите закони.Никогаш не се истражува и никогаш не се прашува мислење на граѓаните.Треба да се воведе паркинг но треба да знаеш дека тоа место тебе ти следува без разлика на што и сигурноста е обезбедена.Кај нас ништо од тоа само плати и они да земаат пари.Нека постават камери ако веќе е така и нека следат.Не треба многу само така нема да можат пари да исперат нели.Убавината на перењето пари хихи :)
 
аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522
денеска правев муабет со едни од градски паркинг... за сечење/уништување на тие канџите вкупна казна комплет е околу 800 евра.. се товари граѓанинот за уништување на државен имот, казна за ова казна за она.. дрн дрн дрн - 800 евра ОМГ
 
Член од
25 февруари 2010
Мислења
1.158
Поени од реакции
879
таа канџа е ставена на ТВОЈ ИМОТ и никој НОРМАЛЕН суд нема да те осуди за сечење на истата.
 
Torte Mobile

Модератор
Член од
29 ноември 2007
Мислења
7.099
Поени од реакции
1.885
таа канџа е ставена на ТВОЈ ИМОТ и никој НОРМАЛЕН суд нема да те осуди за сечење на истата.
А пошто кај се е ненормално и тотална власт имаат над СЕ ќе те утепаат од казни уште и кривична пријава ќе ти стегнат :mad:
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Нивно е да тврдат дека туриле, мое е да тврдам дека немаше ништо на возилото. Кој е во право?

Него, како шо разбрав ново е дека ќе се наплаќа за мотор. Дечките од мотори.ком.мк имаат намера да се организираат и да ги блокираат паркинзите, така да ако начекате мотор паркиран насредина на паркинг и држи место за кола + ги има повеќе на паркинзите... То е то, протестот :) поддржете ги!
 
Ја сликаат колата :P

да да се плаќа 15 денари од час за моторцикли ... е уште тоа фалеше, мада тоа е сигурно ако го паркираш "како кола" на местата за кола кај што треба да се паркира
јас така никогаш не сум го оставил
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Ја сликаат колата :P
Ако се сликам до Ферари, то значи дека мое е?

да да се плаќа 15 денари од час за моторцикли ... е уште тоа фалеше, мада тоа е сигурно ако го паркираш "како кола" на местата за кола кај што треба да се паркира
јас така никогаш не сум го оставил
Да, ама таму кај шо го оставаш (претпоставувам некаде околу Бисер) ако најдиш канџа... ќе прајме муабет :)
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
денеска правев муабет со едни од градски паркинг... за сечење/уништување на тие канџите вкупна казна комплет е околу 800 евра.. се товари граѓанинот за уништување на државен имот, казна за ова казна за она.. дрн дрн дрн - 800 евра ОМГ
Убаво си нашол кого да прашаш.... Зонашите лажат... сушат..
Тие никого немаат тужено на суд....
Овој твојов покачил... Порано заплашуваа 33000 ќе платиш на суд ако веднаш не им платиш 1100... сега „ покачиле “.
 
аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522
Убаво си нашол кого да прашаш.... Зонашите лажат... сушат..
Тие никого немаат тужено на суд....
Овој твојов покачил... Порано заплашуваа 33000 ќе платиш на суд ако веднаш не им платиш 1100... сега „ покачиле “.
друже а ти од кај си толку сигурен дека нема да те опнат по џеб??? ја сум скоро 99% сигурен затоа што тоа е под државна капа.. а чешма од државна вода не се пие и сам знаеш нели... ти мене ми гарантираш ако исечам таква канџа дека нема да ме виикнат на суд и да ме казнат? ако се деси тоа ке дојдеш да ми ја платиш казната ?
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
друже а ти од кај си толку сигурен дека нема да те опнат по џеб??? ја сум скоро 99% сигурен затоа што тоа е под државна капа.. а чешма од државна вода не се пие и сам знаеш нели... ти мене ми гарантираш ако исечам таква канџа дека нема да ме виикнат на суд и да ме казнат? ако се деси тоа ке дојдеш да ми ја платиш казната ?
Сум ги молел да ме тужат и земат 33 000, наместо 1100.
Им реков ...еве запишете број на возило, сликајте и супер ќе ме тужите и на суд ќе си земете не 1100, туку 33000... Нејќат да чујат...
Пробај некогаш... речи им нејќам да платам... тужете ме.. да видиш што ќе ти кажат.
Инаку не е под државна капа.. И Државата нема никаква врска со ова. Се работи за група директори и вработени во Секторот за сообраќај на Град Скопје кој нашле начин како да директоруваат.
Штом добијеш тужба од суд, јави ми да поднесеме против тужба.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Здружението на моторџиите ќе ги блокира паркинзите на Општина Центар - пишува Вечер
Мој коментар е - штета што нема здружение на автомобилисте, па да се асчисти Скопје од зони и пајак-возила
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=A1C1B7EB3A18344C9AFB0B182AB68DF4
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
после ова сигурно им е у план и за велосипеди.. (y) какви говеда еј само да сечат...
Што можат друго да бидат тие што ставаат рампи, прават зони, дигаат коли со пајаци, стават столпчиња, незаконски казнуват, прават дискриминација од - стока и говеда. Можеби е подобро да се наречат - свињи.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom