не се секирај... ке дојде и тоа пиле мое.. ке дојде... обавезна ПАРКИРАЛИНА на годишно ниво, израчуната во регистрацијата, таксарина на градот... 1000-че претпоставувам...Offf mori majko sto nema da procitam...Ako ne neka mi stavat u registracija uracnato deka ke parkiram 20 saati pa i toa zadolzitelno da go platam. bog da cuva
На интренет страницата на Уставниот суд е објавено Решението во врска со оваа иницијатива. И овој пат Судот одби да поведе постапка, колку што разбрав, поради процесни пречки. Би сакал правниците кои ја посетуваат оваа страница да го прокоментираат оваа Решение. Во моите очи, Уставиот суд може да суди како сака, но ние граѓаните односно јавноста судиме за неговите пресуди. И тука не може да важи, „ одлуките на судот не се коментираат “ Ние три години живееме со дискриминација и незаконско казнување, а зонашите се хранат со тие казни.На интернет страницата на Уставниот суд, најавено е дека на 09. 05. 2012, Судот како трета точка ќе разгледа:
3. Член 8 во делот: „13. доплатен билет за пречекорување на дозволеното време на паркирање-1.300 денари“ од Ценовникот за услуги кои ги извршува ЈП Градски паркинг Скопје бр.02-211/4 од 25 февруари 2011 година(Реферат У.бр.12/2012)
Ова не е моја иницијатива. Ова иницијатива е поднесена на почетокот на оваа година, а мојата иницијатива која се однесува на ова, но и злоупотребата на пајак-возила е поднесена во јуни 2011 и сеуште не е разгледана.
Во секој случај ќе следиме што ќе се случи.
Во Македонија тешко дека нешто ќе профункционира,освен интернетотНа интренет страницата на Уставниот суд е објавено Решението во врска со оваа иницијатива. И овој пат Судот одби да поведе постапка, колку што разбрав, поради процесни пречки. Би сакал правниците кои ја посетуваат оваа страница да го прокоментираат оваа Решение. Во моите очи, Уставиот суд може да суди како сака, но ние граѓаните односно јавноста судиме за неговите пресуди. И тука не може да важи, „ одлуките на судот не се коментираат “ Ние три години живееме со дискриминација и незаконско казнување, а зонашите се хранат со тие казни.
Третиот став од Преамбулата на универзалната декларација за правата на човекот на ООН гласи: „ Бидејќи е суштествено човековите права да бидат заштитени со закон, а човекот да не биде принуден последен излез да бара во побуната против тиранијата и угнетувањето;“
Затоа ги молам сите кои го сакаат правото и ја сакаат Македонија, да го прочитаат и коментираат ова Решение.
Прееска поминав и ја сликав таблата, мада ова сигурно е наменето за паркингот на спрат што е а не за зонското паркирањеТочно така, за мотори 15 денари на час. А на таблите пишува за точаци бесплатно. Кога видов, силно се изнасмеав.
Не пишува, дали и колку ќе наплатуваат за бебешки колички, тротинети, трицикли ....
Замолувам, некој кој може, да ги сними овие табли и да ги стави на странава, да направме мајтап. А би сакал фотографија од овие табли да пратам во Стразбур.
Морам да ви признам, јас немам фотоапарат и не знам како фотографија од мобилен се става на компјутер
Иста табла е поставена до Автомакедонија.Прееска поминав и ја сликав таблата, мада ова сигурно е наменето за паркингот на спрат што е а не за зонското паркирањe
Целосниот текст ке го прочитате тукаЗОНСKИ РЕЖИМ ЗА ПОЛНЕЊЕ НА БУЏЕТОТ
Центар ќе наплаќа и за паркирање на улица
Едната коловозна лента од фреквентни, но исто така и помирни улици, кои се во надлежност на Општината Центар ќе служат за зонско паркирање. Тоа значи дека ако Градот наплаќа за паркирање на тротоари, но и на паркиралишта, Центар планира да зема пари за оставање на возилото на улица. Имајќи предвид дека се работи за прва и втора зона, плаќањето од час се очекува да се движи од 35 до 50 денари.
Бидејќи блокадата на едната страна логично ќе доведе до метеж, па решението за проточност ќе се бара во воведување на еднонасочен сообраќаен режим. Така решиле од јавното претпријатие „Паркинзи“, од каде што лани прикажаа загуба од 100.000 евра, како што неодамна информираше и самиот менаџмент на седница на Советот на Центар.
Теренот веќе се подготвува. Може да се видат работници како наголемо го бојосуваат асфалтот на сервисни сообраќајници во Kапиштец, Буњаковец, Дебар Маало, Центар, дел од Водно. Недостигаат уште знаци и плаќањето може да почне. На улицата Народен фронт пред „Беверли Хилс“ веќе е се завршено, а неофицијално се споменува дека истото ќе се случи и на Ленинова, како и повеќе сервисни во Дебар Маало. На листата ќе се најдат и помали и потесни улички во Kапиштец како Елисие Поповски и Kозара.
Ова е втор ваков обид на „Паркинзи“ да живее и да си ја полни касата од зонско паркирање. Истото го направи и пред некоја година во Дебар Маало, но поради правни пречки тоа никогаш не заживеа.
Oд Градот изјавија дека во секој случај ќе издадат дозвола за нов режим, доколку центарци побараат, а истото е издржано.
- Град Скопје издава решенија за воведување нови сообраќајни режими на општините, меѓу нив и за еднонасочен сообраќај, но откако истите ќе добијат согласност од МВР за проектите. Општина Центар до Министерството во моментов има поднесено повеќе проекти за добивање согласност. Откако ќе ги достават со добиена согласност, Град Скопје ќе почне постапка за издавање решенија - изјавија од одделението за односи со јавност.
Еднонасочно на десет улици во Kарпош
Освен во неколку населби во Центар, изменет сообраќаен режим ќе следува и за неколку улици во Kарпош, информираа од Градот. Локалната власт веќе добила согласност за десетина проекти од Министерството за внатрешни работи, при што веќе се работи на изготвување на решенијата за измена на сообраќајниот режим на исто толку улици. По завршувањето на постапката ќе информираат кои.
Е не ке се заебаваПотгледнете што напишал некаков си „ менаџер “ како коментар на тестот кој го постави krkac
menadzer na parkinzi, 25.05.2012 01:51:57videte lugje , nie sme tuka za profit i ke mora ! da plakjate vie koi so luksuzni sredstva doagjate na rabota, na gosti ili doma.