Зонско-револтирани граѓани (ваши искуства со Зонското паркирање)

Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718
Offf mori majko sto nema da procitam...Ako ne neka mi stavat u registracija uracnato deka ke parkiram 20 saati pa i toa zadolzitelno da go platam. bog da cuva
не се секирај... ке дојде и тоа пиле мое.. ке дојде... обавезна ПАРКИРАЛИНА на годишно ниво, израчуната во регистрацијата, таксарина на градот... 1000-че претпоставувам...
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
На интернет страницата на Уставниот суд, најавено е дека на 09. 05. 2012, Судот како трета точка ќе разгледа:
3. Член 8 во делот: „13. доплатен билет за пречекорување на дозволеното време на паркирање-1.300 денари“ од Ценовникот за услуги кои ги извршува ЈП Градски паркинг Скопје бр.02-211/4 од 25 февруари 2011 година(Реферат У.бр.12/2012)
Ова не е моја иницијатива. Ова иницијатива е поднесена на почетокот на оваа година, а мојата иницијатива која се однесува на ова, но и злоупотребата на пајак-возила е поднесена во јуни 2011 и сеуште не е разгледана.
Во секој случај ќе следиме што ќе се случи.
На интренет страницата на Уставниот суд е објавено Решението во врска со оваа иницијатива. И овој пат Судот одби да поведе постапка, колку што разбрав, поради процесни пречки. Би сакал правниците кои ја посетуваат оваа страница да го прокоментираат оваа Решение. Во моите очи, Уставиот суд може да суди како сака, но ние граѓаните односно јавноста судиме за неговите пресуди. И тука не може да важи, „ одлуките на судот не се коментираат “ Ние три години живееме со дискриминација и незаконско казнување, а зонашите се хранат со тие казни.
Третиот став од Преамбулата на универзалната декларација за правата на човекот на ООН гласи: „ Бидејќи е суштествено човековите права да бидат заштитени со закон, а човекот да не биде принуден последен излез да бара во побуната против тиранијата и угнетувањето;“
Затоа ги молам сите кои го сакаат правото и ја сакаат Македонија, да го прочитаат и коментираат ова Решение.
 

Attachments

S

Stef Bachatero

Гостин
На интренет страницата на Уставниот суд е објавено Решението во врска со оваа иницијатива. И овој пат Судот одби да поведе постапка, колку што разбрав, поради процесни пречки. Би сакал правниците кои ја посетуваат оваа страница да го прокоментираат оваа Решение. Во моите очи, Уставиот суд може да суди како сака, но ние граѓаните односно јавноста судиме за неговите пресуди. И тука не може да важи, „ одлуките на судот не се коментираат “ Ние три години живееме со дискриминација и незаконско казнување, а зонашите се хранат со тие казни.
Третиот став од Преамбулата на универзалната декларација за правата на човекот на ООН гласи: „ Бидејќи е суштествено човековите права да бидат заштитени со закон, а човекот да не биде принуден последен излез да бара во побуната против тиранијата и угнетувањето;“
Затоа ги молам сите кои го сакаат правото и ја сакаат Македонија, да го прочитаат и коментираат ова Решение.
Во Македонија тешко дека нешто ќе профункционира,освен интернетот :)
 
Член од
13 март 2011
Мислења
68
Поени од реакции
12
Ова е тотална глупост.На комшијата пред некој ден му биле ставиле лисици.Ама не знаеле од паркинг со кого си имале работа.На крај му ги беа извадиле откако видоа дека не може да се разберат.Мое мислење е дека ова е чист криминал што го прават.Ама додека си има овци (македонски народ)кои сакаат да ги стрижат ова е малку.Треба многу повеќе.
 
Член од
29 октомври 2011
Мислења
1.712
Поени од реакции
1.152
Мислам дека веќе нема асвалт,каде што може,а да не го направија зонско паркирање.
Оние лезилебовци најдоа начин за лесна заработувачка..
Се додека има овци ќе има и волна.
 

Torte Mobile

Модератор
Член од
29 ноември 2007
Мислења
7.099
Поени од реакции
1.887
Точно така, за мотори 15 денари на час. А на таблите пишува за точаци бесплатно. Кога видов, силно се изнасмеав.
Не пишува, дали и колку ќе наплатуваат за бебешки колички, тротинети, трицикли ....
Замолувам, некој кој може, да ги сними овие табли и да ги стави на странава, да направме мајтап. А би сакал фотографија од овие табли да пратам во Стразбур.
Морам да ви признам, јас немам фотоапарат и не знам како фотографија од мобилен се става на компјутер
Прееска поминав и ја сликав таблата, мада ова сигурно е наменето за паркингот на спрат што е а не за зонското паркирање
Кога сме кај зонското во капиштец СЕ е изцртано, паркинзите меѓу зградите, уличките меѓу зградите од страна итн :mad:

 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Прееска поминав и ја сликав таблата, мада ова сигурно е наменето за паркингот на спрат што е а не за зонското паркирањe
Иста табла е поставена до Автомакедонија.
Што може да се очекува од луѓе кои ставаат рампи по улици?
Благодарам за фотографијата, ќе се обидам да ја зголемам за во Стразбур.
 
Член од
11 февруари 2009
Мислења
1.072
Поени од реакции
1.144
Еве што ни спремаат во блиска иднина:

ЗОНСKИ РЕЖИМ ЗА ПОЛНЕЊЕ НА БУЏЕТОТ
Центар ќе наплаќа и за паркирање на улица

Едната коловозна лента од фреквентни, но исто така и помирни улици, кои се во надлежност на Општината Центар ќе служат за зонско паркирање. Тоа значи дека ако Градот наплаќа за паркирање на тротоари, но и на паркиралишта, Центар планира да зема пари за оставање на возилото на улица. Имајќи предвид дека се работи за прва и втора зона, плаќањето од час се очекува да се движи од 35 до 50 денари.

Бидејќи блокадата на едната страна логично ќе доведе до метеж, па решението за проточност ќе се бара во воведување на еднонасочен сообраќаен режим. Така решиле од јавното претпријатие „Паркинзи“, од каде што лани прикажаа загуба од 100.000 евра, како што неодамна информираше и самиот менаџмент на седница на Советот на Центар.


Теренот веќе се подготвува. Може да се видат работници како наголемо го бојосуваат асфалтот на сервисни сообраќајници во Kапиштец, Буњаковец, Дебар Маало, Центар, дел од Водно. Недостигаат уште знаци и плаќањето може да почне. На улицата Народен фронт пред „Беверли Хилс“ веќе е се завршено, а неофицијално се споменува дека истото ќе се случи и на Ленинова, како и повеќе сервисни во Дебар Маало. На листата ќе се најдат и помали и потесни улички во Kапиштец како Елисие Поповски и Kозара.
Ова е втор ваков обид на „Паркинзи“ да живее и да си ја полни касата од зонско паркирање. Истото го направи и пред некоја година во Дебар Маало, но поради правни пречки тоа никогаш не заживеа.

Oд Градот изјавија дека во секој случај ќе издадат дозвола за нов режим, доколку центарци побараат, а истото е издржано.

- Град Скопје издава решенија за воведување нови сообраќајни режими на општините, меѓу нив и за еднонасочен сообраќај, но откако истите ќе добијат согласност од МВР за проектите. Општина Центар до Министерството во моментов има поднесено повеќе проекти за добивање согласност. Откако ќе ги достават со добиена согласност, Град Скопје ќе почне постапка за издавање решенија - изјавија од одделението за односи со јавност.

Еднонасочно на десет улици во Kарпош
Освен во неколку населби во Центар, изменет сообраќаен режим ќе следува и за неколку улици во Kарпош, информираа од Градот. Локалната власт веќе добила согласност за десетина проекти од Министерството за внатрешни работи, при што веќе се работи на изготвување на решенијата за измена на сообраќајниот режим на исто толку улици. По завршувањето на постапката ќе информираат кои.
Целосниот текст ке го прочитате тука
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Потгледнете што напишал некаков си „ менаџер “ како коментар на тестот кој го постави krkac
menadzer na parkinzi, 25.05.2012 01:51:57
videte lugje , nie sme tuka za profit i ke mora ! da plakjate vie koi so luksuzni sredstva doagjate na rabota, na gosti ili doma.
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.882
Потгледнете што напишал некаков си „ менаџер “ како коментар на тестот кој го постави krkac
menadzer na parkinzi, 25.05.2012 01:51:57
videte lugje , nie sme tuka za profit i ke mora ! da plakjate vie koi so luksuzni sredstva doagjate na rabota, na gosti ili doma.
Е не ке се заебава :pos:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom