Зонско-револтирани граѓани (ваши искуства со Зонското паркирање)

Член од
12 декември 2010
Мислења
10.433
Поени од реакции
11.351
тоа е тоа од пред 2 дена почнаа со зонска наплата околу цел беверли, и така мене ме упознаа со 40 ден за саат ипол :)
се плашам дека наредната година овие ке имаат многу поголема загуба од лани, абе жал да ти падне
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.113
Зонското на Центар нелегално
Општина Центар наплатува за зонско паркирање нелегално оти нема дозвола од Град Скопје, тврдат од ЈП "Градски паркинг".

http://www.vest.com.mk/?ItemID=FDE3530058892C42947BA1B2BB77A5E6
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Поднесокот број 4 е примен во Судот во Стразбур. Вчера ја добив повратницата. Влезниот печат е од 21. 05.
Предлагајте што да ставиме во следниот поднесок број 5
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Утрински известува дека граѓаните на Центар барале зонското да биде до 23 часот.
Погледајте ги коментарите, меѓу кои е и мојот коментар.
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=D7C2CA3CA9A2934B833BB3CB2BA77E40
Хахахах јас сум сигурен дека граѓаните го барале ова, ако под "граѓани" подразбираме оние кои се на врвот и ги лапаат големите пари од продолженото паркирање.
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
Поднесокот број 4 е примен во Судот во Стразбур. Вчера ја добив повратницата. Влезниот печат е од 21. 05.
Предлагајте што да ставиме во следниот поднесок број 5
Човеку ти си неуморен, ти симнувам капа. Браво
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Последната реченица од написот што го најде zelenoto гласи:
“Општина Центар вршат кражба на граѓаните оти немаат дозвола за воведување зонско
паркирање. Без ваква дозвола не смее претпријатието да почне со наплата”, вели Панче Стојановски, заменикдиректор на ЈП “Градски паркинг”. /крај/еР


Ова мене ми личи на „ Држте лопова... “ Да се надеваме дека општинските и градските зонаши ќе почнат да се тепаат меѓусебно
 

Torte Mobile

Модератор
Член од
29 ноември 2007
Мислења
7.099
Поени од реакции
1.885
Видовте дека имаат нови канџи? округли се кај делот за штрафовите на тркалото да неможеш да го извадиш
ако сакате да ги сликам
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Видовте дека имаат нови канџи? округли се кај делот за штрафовите на тркалото да неможеш да го извадиш
ако сакате да ги сликам
Обавезно фотографирај ги... Ако можеш распрашај се и кај ги набавиле... Такво нешто одамна не се користи во Европските земји..
 

Kajgana Shop

На врв Bottom