За филмски ентузијасти

Вештица

love&reason
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
856
Tideland (2005)

Филмов е еден од најзаебаните филмови што сум ги гледала, и јас го ставам овој во ист ранг со A Clockwork Orange по тоа што ќе си легнете со желудник како камен после неговогледање. Тајдленд е психодрама која е навистина тешка за гледање можеби најмногу зошто се работи за мало девојче. Ноа е запоставена од своите родители- наркомани, и од како умира мајка и со татко и се селат во полураспаднатата куќа на баба и. Трите главни ликови имаат слаба, средна и тешка ретардација и психози. Во филмот тоа е претставено како единствен начин на бегство од субстандардните услови на живеење. Филм со многу екстремни критики, и најверојатно или многу ќе ви се допадне или ќе го исклучите на пола. Во Америка е пуштен тек година дена од неговото снимање.
 
џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.392
Поени од реакции
25.200
Chasing Amy (1997)

Филмов го гледав пред околу 2 месеца и од тогаш го гледав околу 5-6 пати. Мислам дека ја одбрав вистинската тема за да го презентирам иако за многумина не е андерграунд филм, а не поготово направен од луѓе за кои првпат слушаме или имаат мал број на обожаватели. Напротив, филмов изобилува со јаки имиња и можеби е нефер да го ставам во оваа тема, ама имам особено важни причини:
1. На форум не сум го видел никогаш, ни во Предлог за филм ни во било која друга тема.
2. Вреди да се гледа барем еднаш.

Зошто?
Како прво, зад филмов стои многу познато име, Kevin Smith (креаторот на Clerks I, II, Dogma, креаторот на едни од најсмешните ликови Џеј и Тивкиот Боб, итн итн...).
Во главната улога е ни помалку ни повеќе туку Бен Афлек. Ако би ја опишал неговата глума како коментар на имдб, би напишал - Ben Affleck meets acting.
Значи, иако не ми е нешто особено добар глумец, во филмов ме изненади многу. Мислам дека ова му е најдобрата улога што некогаш ја имал, а сум гледал многу филмови со него (Daredevil, најлошата од најлошите глуми, во една секунда има леќи, во друга му паднале...).

Некогаш размислувам колку всушност "романтичните" филмови се реални, а од друга страна колку филмови од тој жанр се полни со клишеа. Ако Кевин Смит треба да биде награден поради нешто, мислам дека ова му е животното дело.
Главната женска улога во филмот ја игра неговата (за време на снимањето на филмот) девојка. Ако Кевин Смит неговите размислувања, идеи и факти феноменално ги пресликал во ликот што го игра Бен Афлек, Џејсон Ли и Џои Лорен Адамс, тогаш човекот е генијалец.

На филмов налетав случајно кога го прегледував цело негово творештво.
И плотот на имдб е сам по себе привлечен за оние кои никогаш не помислиле дека ќе видат толку реално прикажана "љубов".
Holden falls for her, but his hopes are crushed when he finds out she's a lesbian.

И тука започнува приказната. Неверојатно реален приказ на животот кој всушност го живееме. За работите кои ги ставаме на пиедестал, за нешто по кое копнееме ние самите, за нешто возвишено кое за другите е само потреба, задоволство, момент. Колку амерички филмови се полни со клишеа, колку Холивуд ја прикажува љубовта на еден бајковиден начин, а колку само
овој филм не е еден од нив. Не е пример за среќен филм, ни за тажен, ни за љубовен, ни за срцепарателна драма, туку е пример на филм кој секој различно го доживува.
Го кажував и препорачував по кој ќе стигнам и една вечер го гледав со друштвото, и колку беше интересно како секој на различен начин го прими во себе филмов. Некој како комедија а некој како трагедија.
]Не се работи за секојдневна приказна. Не се работи за нешто што го има во типичен холивудски филм.

За тие што го гледале, нека се потсетат на сценава
]А за тие кои се двоумат, нека ја погледнат. Содржи премногу спојлери, ама тоа не е важно затоа што мислам дека на добриот филм и кога му го знаеш крајот, пак го доживуваш наново. Затоа имаме потреба да гледаме убави филмови кои сме ги гледале по милион пати.

Еве некои цитати од филмот, и мислам дека пишав доволно....
Banky Edwards: [to Alyssa] Since you like chicks, right, do you just look at yourself naked in the mirror all the time?
Jay: You gotta boil it down to the essentials. It's like Cube says, "Life ain't nothin' but bitches and money."
Holden: You gotta respect that kind of display of affection, you know what I mean? Sure, it's crazy, it's rude, it's self-absorbed, but, uh, you know, it's love.
 
AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.900
Поени од реакции
11.234

Јак филм стварно. Aли предлогот на Бен Афлек беше кома :)))
 
wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.637
Поени од реакции
34.047
Ного јак филм. :)))))) жалам шо го гледав сам, филмот е дефинитивно за друштво! Можеби во таа тема требаше Џими, ама безразлика на имињата, филмот доста непознат па врши работа и овде. Кога го видов постот го ставив само у watchlist, а денес падна муабет за него, рандом онака наидување на истиот, и ми го ставија на уесбе. Значи страшно реална драма/романса. А хуморот, онака индиректен, првиот пола саат се смеев дури на глас. Нема клишеа, глумата солидна, сторија океј, топла препорака и од мене. Убав, длабок и горчливо смешен филм. 10ка.

Не култните 10ки како стар ворс, ама 10ка.
 
Ptolomej

Дрвен адвокат
Член од
7 август 2005
Мислења
1.749
Поени од реакции
1.009
Еве еден предлог од мене за филм кој не е многу познат и не е андерграунд филм , но сепак е прилично добар ... се работи за британска комедија од 2001 година со наслов Mike Bassett: England Manager ... филмот трае само околу 75 минути но е одлична комедија и е без некои познати глумци ( всушност ниеден од актерите не ми е познат ) ... филмот е сатира на англиската фудбалска репрезентација и го препорачувам на сите љубители на добрата комедија ... исто така го препорачувам и филмот Продавница за деликатеси ( Delicatessen ) ,одлична француска постапокалиптична црна комедија од 1991 година ... филмот има одлична камера и монтажа и многу откачено сценарио .
 
џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.392
Поени од реакции
25.200
За луѓето и Боговите (2010)

Со овој филм заврши овогодишениов француски филмски фестивал во Охрид. Покрај другите филмови можам да кажам дека овој се двоеше и тоа бајаги. Доволна причина е тоа што освоил Гран При на фестивалот во Кан, а овде беше надвор од натпреварување. Затоа што ретко во последниве неколку години се направил олку добар француски филм. И французите последниве неколку години талкаат како Холивуд па идеите им се се едни та исти, ама во овој филм не е така.
Пред да почне филмот на бината зборуваше еден од актерите и кажа дека за подготовка на овој филм режисерот ги чувал еден ипол месец во манастир за да се навикнат на атмосферата. Даваше многу пофални зборови за креативноста на режисерот и за тоа колку всушност е длабок и емотивен.
Во филмот на прво место се става вербата и љубовта во Бог така да може да наиде на многу неприфаќања во денешно време. И публиката в кино беше различна за разлика од другите проекции. Можев да избројам барем 2-3 попа во публика кои буквално се соживеаја со филмот.

Како и да е, ако некој сака да го гледа нема да згреши. Само да не бара некој динамичен филм. Ова е бавен филм во кој само пејсажите зборуваат наместо да има некој вистински дијалог. Пола од филмот речиси и нема зборување, само се покажувани слики кои ги прати неверојатна музика и сета таа длабочина е токму тука. Јас кога излегов од салата имав многу измешани емоции и не знаев што гледав дотогаш. И пред да легнам мислев на филмов. И денес цел ден го поминав мислејќи на него и сигурно тоа е тоа што го прави добар, необичен.
Седнете сами, изгледајте го и бидете трпеливи. Она што го носи филмот како порака во својата длабочина ќе го почувствувате многу подоцна од крајот на филмот.

"I have said, Ye are gods; and all of you are children of the most High. But ye shall die like men, and fall like one of the princes."

Must see за филмски ентузијасти. Најдоброто од Франција во последниве 2-3 години.
 
Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Tideland (2005)

Филмов е еден од најзаебаните филмови што сум ги гледала, и јас го ставам овој во ист ранг со A Clockwork Orange по тоа што ќе си легнете со желудник како камен после неговогледање. Тајдленд е психодрама која е навистина тешка за гледање можеби најмногу зошто се работи за мало девојче. Ноа е запоставена од своите родители- наркомани, и од како умира мајка и со татко и се селат во полураспаднатата куќа на баба и. Трите главни ликови имаат слаба, средна и тешка ретардација и психози. Во филмот тоа е претставено како единствен начин на бегство од субстандардните услови на живеење. Филм со многу екстремни критики, и најверојатно или многу ќе ви се допадне или ќе го исклучите на пола. Во Америка е пуштен тек година дена од неговото снимање.
Режисер е Тери од Монти Пајтон, или се работи за друг човек?

Ај да не останам со три збора, и јас ќе предложам филм. и тоа мојот најомилен
Dr. Strangelove or How I Learned to Stop Worrying and Love the Bomb.
Режијата е на Кјубрик додека Питер Селерс е величествен во овој филм. Сатирична црна комедија за состојбата во САД и светот воопшто, мислам дека последната сцена со песната на Вера Лин е една од најдобрите што сум ги погледнал. (Немам прочитано информација, но мислам по мое дека Роџер од Пинк Флојд се има инспирирано за да ја напише Вера)
 
Вештица

love&reason
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
856
Mother Joan of the Angels(1961)

Еден од култните полски филмови, кој мора да се гледа.
Приказната е сместена во 17ти век, во мал полски град, каде еден женски манастир е опседнат од демони. По спалувањето на стариот свештеник, доаѓа нов, кој цел живот го поминал во манастир, и кој е чист затоа што никогаш не се соочил со искушение. Гносеолошко дијалектички филм, кој на фацнинантно добар начин поставува некои прашања.

Man Bites Dog (1992)

Филмска екипа следи сериски убиец, правејќи филм за неговиот живот. Бен е социопат, кој убивањето го смета за професија, и убива за да ги ограби жртвите. Тој е и дружељубив, има смисол за уметност и ред други квалитети уз пат. Во филмот многу убаво се гледа апатијата и неможноста да се разликува добро од лошо однесување кај совиопатите. Како екипата го следи Бен, така и тие прифаќаат го прифаќаат неговото насилно однесување.
Ремек дело на француската авангарда.
 
Член од
23 декември 2011
Мислења
980
Поени од реакции
1.365
The Fall
Ова ми е најомиленото дело од Бетовен, алегрето од 7-та симфонија. Совршено си одговара со сликата од филмот, и затоа наместо трејлер ова го поставувам.

Режиран е од Тарсим Синг, истиот режисер кој претоа го има исто направено и The Cell со поранешната подобра половина на Бен Афлек чија задница е осигурана на милион долари а подоцна го снима и омилениот филм на WOT, Immortals. The Cell беше филм со прекрасна визуелност но многу лошо сценарио при што очекував дека и овој филм ке ја следи истата традиција но бев се излагал. Тарсем има потрошено 30 милиони долари од свој џеб и го снима филмов во 28 земји на светов. На филмов му е пресудено уште пред да излезе. Главните на студијата го мислат филмов како претенциозен а критичарите му даваат лоши оцени уште пред да го видат. И филмов седи две години по подруми a кога конечно ке биде прикажан во кино многу малце луѓе го гледаат.
Дејството е во Холивуд во 20-те години од минатиот век, кога еден каскадер после неуспешен обид завршува повреден во болница. Таму се спријателува со малецко девојче на кое почнува да и раскажува приказни за љубов, за храброст и за пожртвување ама со намера за да ја натера да краде морфиум за него

Не знам што друго да напишам за него, доколку не ве натера видеото погоре да го гледате ке пропуштите многу. Филмов е како филмовите на Гилијам. Како раните филмови на Херцог. Филмов е басна, басна за возрасни. Басна со темни елементи во неа но и басна со смеа. Филмов има заслужено да биде гледан од ваша страна.
 
VLJ

Член од
14 ноември 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
4.314
Добра тема, една од подобрите на подфорумов. Повеќето филмови овде ги немам гледано, што значи со новиот месец, новиот 100-гигабајтен трансфер („фала“ Телекабел) ќе треба да се утепам од симнување. Енивеј, темата е малку деликатна, бидејќи малку е релативно што е познато, а што андерграунд. Она што не е релативно е личниот вкус, па така ќе набројам филмови кои јас ги сметам за „ентузијастични“. Планирав да набројам повеќе, ама еве сонцето веќе изгреа, па сега-засега од мене ова...

Amores Perros

Првиот и најнепознатиот филм од трилогијата на смртта од Алехандро Гонзалес Инариту. Другите два, Babel и 21 Grams се далеку попознати, со попознати актери и номинации за Оскар, ама за мене Amores е најдобар од трите. Филмот е триптих, односно е составен од три приказни. Различни, а сепак поврзани. Секоја приказна се занимава со односот помеѓу луѓето, нивните мрачни и тешки животи. Темата на филмот е лојалноста, како што и самиот наслов укажува. Нели, кучето е најдобриот пријател на човекот. Друга тема на филмот е љубовта. Повторно да се осврнам на насловот, бидејќи напишан како Amor es Perros се добива шпански идиом, кој на англиски се преведува како Love's a bitch.

Прво, Amores ми остави впечаток поради начинот на кој е раскажан и поради константното движење на приказната. Од сегашност во минато и обратно, од една приказна во друга. Приказните се судруваат на прекрасен начин, притоа оставајќи му на гледачот да ги поврзе деловите. Потоа ми се допадна што секоја посебна приказна ги покажува видовите на чувства помеѓу ликовите. Love vs. hate. Во филмот гледаме колку понекогаш е сурова љубовта и како таа може да се претвори во омраза, но и омразата да се претвори во љубов. Понекогаш Amores е брутален филм, но токму тоа го прави реален, бидејќи бруталноста е насекаде околу нас. Аналогно на она things aren't always black and white, така и во филмот нема херои, но нема ни негативци. Сите ликови имаат и доблести и маани. Инариту го разбира животот на своите ликови и ситуациите во кои се наоѓаат. Затоа и не ги осудува, туку ни остава нам да одлучиме на кој лик ќе се наклониме, најверојатно во зависност од нашите морални вредности.

Друга работа, Amores ја разгледува познатата клиширана фраза: Can money buy happiness. Конкретно, една од приказните го симболизира големиот апсурд на општеството во кое живееме денес - материјалното богатство станува најголемата вредност кај човекот, на сметка на онаа друга вредност - карактерот. Темата во оваа приказна покажува како лажните норми раководат со животот на човекот и како од нив настанува хаос. На крај, јасно е дека ако ја нема онаа вистинската поврзаност помеѓу луѓето, нивната врска ќе ја снема тогаш кога ќе ги снема парите.

Зошто одлучив да го ставам филмот во оваа тема. Пред се' бидејќи кога прв пат го гледав филмот бев фасциниран како вниманието и еуфоријата траеше од почетокот до крајот од филмот. Во тие два часа и половина не стигнав ни една цигара да запалам, што за мене кажува многу. Исто, бидејќи сметам дека е релативно непознат филм. Барем јас не познавав некој што го знае филмот, додека јас не им го препорачав. Друга работа, обожавам филмови каде што насилството служи како алатка за добивање на нешто многу поголемо и помоќно. Има многу насилство во Amores Perros, физичко, и она полошото, психичкото. И секако, овој филм е од оние кои ги нарекувам home-alone-movies, бидејќи бара внимание поради структурата и времетраењето.

Толку од мене сега, нареден филм во оваа тема најверојатно ќе ми биде Dancer in the Dark. Ако сметате дека не му е овде местото, кажувајте на време.
 
bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.884
Поени од реакции
6.950
Има некој заинтересиран да напишам за корејските филмови? :)
 
RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Има некој заинтересиран да напишам за корејските филмови? :)
Боби да не беше ти, тешко дека некој ќе не информираше подобро за филмскава индустрија во Кореја. Ич не прашувај, што мислиш дека треба да се препорача, препорачај си го.:)
 
bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.884
Поени од реакции
6.950
А така, ми се допаѓа што пројавивте интерес. Ќе започнам со цитирање на воведот од една документарна за Јужна Кореја што ја гледав скоро, од History Channel:

"...and they are creating world class art, cinema and music..." (y)

И во другите теми имам постирано за некои филмови, кој ме прати знае. Ќе ви ја раскажам мојата приказна како се заљубив не само во филмската индустрија на оваа земја туку и на целата држава и култура воопшто. Се започна со филмот Sex is zero кој ми беше препорачан како сличен на American Pie ама со појаки сцени :) Го изгледав и останав :eek:. Се зачудив како може ова?! Почнува како American Pie, завршува како нешто сосема друго...филмот имаше смисла, приказна, порака...нешто што те остава буквално со отворена уста како сликичата погоре. Потоа приказната продолжи со Sex is zero 2 кој секако не беше на рамниште на првиот дел али беше ок. Сепак изненадувањето од првиот дел ми беше мотив да истражувам на интернет за корејското кино, кои им се најпознати филмови, актери, актерки :love:, режисери....После овие две тинејџерски комедии се нафрлив на романтичните драми...;)
My sassy girl, The Classic, Windstruck, Daddy long legs, Daisy, A moment to remember, BA:BO Miracle of giving fool, Innocent steps и уште некои други се MUST WATCH за тие што сакаат да подзаплачат на филм, како мене :X3:. Филмови со јаки сценарија, приказни, најприродна што може, глума и тн. Од акционите ги издвојувам страшните воени драми: Taegukgi (The brotherhood of war), Joint Security Area и 71: Into the fire, крими-трилерот The Man from nowhere и супер-чудните психолошки драми како 3-Iron, Spring, Summer, autumn, winter...and spring, кои јас не ги обожавам многу ама знам дека на форумов има луѓе кои сакаат такви филмови :)

Изгледав и по некој јапонски: (Ichi, прекрасна самурајска драма со слепа девојка, Cyborg girl, btw истата глумица од Ichi, The professor and his beloved equation)....
кинески: Ip Man (и двата дела се прејако нешто) и тајландски: (Chocolate, A little thing called love).

А посебна приказна се корејските серии :) Оооо човече, немам зборови. Фан сум и на амерички серии како повеќето од вас ама корејскиве човече :eek:. Досега изгледав две: романтичната комедија/драма My princess и историската драма The Story of the first king's four gods, за која имате тема тука. Посебно оваа вторава е, барем за мене, ТОП, нај нај, ми ги задоволи сите вкусови и ми беше жал што заврши. А сега ја гледам Beethoven virus, серија со класична музика, досега 8 еп. гледани.... impressed (y).

Информации црпам од www.asianmediawiki (сајт сличен на имдб), форумот на бугарската страна www.easternspirit.org, кој ја третира источно-азиската култура и на кој сум бескрајно благодарен за стотиците преводи и торенти од овие филмови и серии, без кои сигурно немаше да се изнагледам толку филмови и серии.

Уште попосебна приказна е k-pop, али тоа во друга прилика и тема....:pipi:

P.S. (побарајте на google: snsd или girls' generation and you'll know what i mean)
 
RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Не памтам кога последен пат ме трогнал филм, па дури и направил да се расплачам како мало дете. Ама ова што го видов, може и потешко ќе го опишам со зборови.
Како стигнав до насловов? Преку Бенедикт Кумбербат, ѕвездата на серијалот Шерлок. Гледајќи го во серијата ме импресионира, а имам навика кога ќе откријам некој актер да му прочепкам во биографија. И така кога отворив кај него, гледам дека човеков има завидна филмска биографија и вистинска штета е што не сум го забележала порано. Наидов на овој наслов:
И си најдов актерско ремек дело. Буквално. Ова е ТВ филм, направен без некој голем буџет. Всушност станува збор за адаптација на книга.​
Александар ( Бенедикт Кумбербат) е писател кој стекнува невообичаено пријателство со бездомник по има Стјуарт ( Том Харди). Тој добива идеја да напише книга за животот на Стјуарт, која по сугестија на самиот Стјуарт ја пишува хронолошки наназад, се со цел да не биде здодевна приказната. Малку по малку, клопчето се одмотува и Александар ја открива приказната за еден тажен, уништен живот. Ова е приказна со која ги плашите вашите деца - така се изразува Стјуарт за својот живот пред аудиториумот кој слуша. Тој е наркоман, алкохоличар, помалку луд, многу насилен, но нема да можете да го мразите со сигурност. Зашто Стјуарт е во суштина човек без лоши намери, но со многу демони од минатото.​
Ако некогаш овие од Академија се чудат каде го заборавиле критериумот за доделување награди за актерска глума, можат слободно да го изгледаат филмов и да видат што направил Том Харди. Ова е генијална глума, која вади од петици. Говорот, движењето, гримасите. Секоја му чест. Одамна не сум видела толку добро портретирање на лик. Сега тој ќе ме принуди да му симнувам филмска биографија, доста го гледав во американски блокбастерчиња, човекот е талент. Заедно со Бенедикт прават прекрасен тандем, кој се надополнува. При крајот на филмот кога после се на Бенедикт му се насолзуваат очите, јас ронев солзи од тага. Филмов ќе ви предизвика бес, тага, чувство на нихилизам, а на неколку пати ќе ве насмее квалитетно. Сè на сè коктел емоции.​
И тоа е тоа народе, огромна препорака да го погледнете.​
 
Kajgana Shop

На врв Bottom