@KralAleks и
@DonExo
Намалетете со навредите, последна опомена...
Tебе ти реков да намалиш со шерифувањето.
Кое шерифување бе човек? Дајте малце реално да гледаме на работите, сакам да помогнам во сето ова, да ја крениме свеста на повеќето, посебно на почетниците во ова, да не си го губат времето во нешто непродуктивно кое 99% не само што нема да им донеси заработка туку ќе го изгубат и она што го вложиле.Тоа што еден-двајца ќе се пофалат со неколку стотина долари за пола година ангажман не значи дека е исплатливо-вистинито-реално. Како може вистински интернет занает (програмер-дизајнер-seo итн) да биде помалку исплатлив од едно обично кликање на реклами, дај ти се молам?
Има многу што на многу паметен начин си заработуваат пари од интернет и тоа сериозни пари со кои гледаат фамилија како што кажа Костур123, само не сакаат тука да се откриваат пошто знаат дека преку 90% од мислењата на темава се за кликање за 0.0001 долар. Едноставно нема со кого да споделат мислења, искуства, да ги поучат останатите. Таквиот начин на работа е она кон што треба да се стремиме сите, а не кликање за некои си 1000 денари месечно кои и прашање е дали воопшто ќе ги добиете в рака.
Ете девојчето погоре праша за фриленсер, колку од овде и одговорија со цитат/приватна порака...никој.