T
theMLS
Гостин
Да,Постои црква Св.Преображение во која влезот на жени им е забранет.Многу поодамна во селската црква Св.Спас несмеело да влегуваат жени,поради иконата која се наоѓала во црквата,се до денот Св.Преображение кога некоја жена влегла.Во тој момент иконата ја снемало,се вдале во потрага под дрво и камен да се најде иконата,жената била протерана од селото(иначе била дојдена на тој ден во селото и незнаела дека не смее да се влегува)После многу долги години иконата ја нашле на карпа каде што ја изградиле црквата Св.Преображение,ден денес таму не смее да влезе жена,и на празникот Св.Преображение во дворот од црквата може да има жени но никоја не смее да влезе.Бев сведок кога една година една жена беше тргната да влезе но одма постарите селани станаа и ја вратија назад и и рекоа ни да помисли да влезе внатре.Од црквата во која несмеат да влегуваат жени
?
Црквата Св.Преображение С.Локов.Во која влезот на жените им е забранет.Карпите позади е местото каде што иконата е најдена после долги години.