Законот за лустрација, го подржувате или не?

Дали го поддржувате законот за лустрација?

  • Да

    Гласови: 71 93,4%
  • Не

    Гласови: 3 3,9%
  • Немам мислење

    Гласови: 2 2,6%

  • Вкупно гласачи
    76

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Смејте се, ќе ве сликаат

Бев сосема јасна, а и Итар Пејо дополнително ви разјасни.
Ама, вас од други причини не ви се "разбира"
А темава беше за лустрацијата,кој и како ја поддржува или кој и зошто не ја поддржува,барем во моментов,кога треба да се потпишат некои изјави за после тоа да нема некакви драстични последици или пак репрекусии врз политичкиот живот во земјава,односно да се знае кој им дозволуваше на некои чичковци со скапа опрема од сопствените соби во дворовите на соседите да снимаат “рекламни клипчиња“ во периодот кога не смеевме да кажеме Македонија на Македонците.
П.С.:Можеби традицијата за “рекламни клипчиња“ продолжува и денес но режисерите и сценаристите се исти,само што не сакаат да стават потпис за своите “дела“?:toe:
 

realen_07

Опозиционер
Член од
12 април 2008
Мислења
3.636
Поени од реакции
134
Голема работа што потпишале , што вреди потписот за таква изјава кога 80% од нив нема да влезат во власта .На Столе му требаше да просере нешто на тв одкако никој не сакаше да го дружи за изборите ,Шекерна му рече да смисли нешто , па макар и глупост да е :pos:
Епа сеа коа немаме што да кажеме оти "нашите" немаат м*да да потпишат и да потврдат дали биле шпиони или не, ќе ги напаѓаме оние што се изјасниле. Сега они оти се изјасниле се шпиони, а "нашите" се патриоти.
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Епа сеа коа немаме што да кажеме оти "нашите" немаат м*да да потпишат и да потврдат дали биле шпиони или не, ќе ги напаѓаме оние што се изјасниле. Сега они оти се изјасниле се шпиони, а "нашите" се патриоти.
Оној кој си ја има мувата на капата ќе замавне да си ја избрка.:toe:
 
Член од
29 јуни 2005
Мислења
1.284
Поени од реакции
14
Да дефинитивно лустрација,и сите што биле кодоши,но и оние кои наредувале јавно да се обелоденат нивните имиња.Пред некој ден партиите ги пеглале разликите,но од КПМ никој недошол,ова е малку симптоматично.Дали се плашат од лустрација.:salut:
Eve go odgovorot na tvoeto prashanje:

МАКЕДОНИЈА НЕ ЧЕПКА ВО МИНАТОТО

Масовните гробници погребани во заборав

Околината на затворот „Идризово“ и Зајчев Рид во Скопско, локации во Кумановско и во Ресенско... се само дел од местата за кои постојат сигурни показатели дека таму се погребани неколку стотици егзекутирани без какво и да е судење или пресуда

Најмалку три масовни гробници со стреланите „народни непријатели“ во Македонија во првите години по Втората светска војна се' уште чекаат да бидат откриени за жртвите да добијат достојни почивалишта, укажуваат македонските историчари.Тие посочуваат дека постојат многу сознанија што може да помогнат да се најдат точните локации за да се извршат ископувања со кои би се расветлиле се' уште мистериозните исчезнувања на многу луѓе.

Околината на затворот „Идризово“, подрачјето на Зајчев Рид во Скопско, локации во Кумановско и во Ресенско... се само дел од местата за кои постојат сигурни показатели дека таму се погребани неколку стотици луѓе, најчесто егзекутирани без какво и да е судење или пресуда.Македонски историчар, вработен во Институтот за национална историја, кој сакаше да остане анонимен, вчера изјави дека со сигурност знае каде е една од локациите околу затворот „Идризово“.

- Таа е во самата близина на затворот. Информацијата ја добив од еден поранешен висок офицер на тогашната полициска управа ОЗНА, а наскоро ќе објавам и каде е точно тоа место. Кога разбрав каде е таа, се шокирав од помислата што човечкиот ум може да смисли за да си ги скрие трагите на ликвидацијата - вели историчарот.Тој посочува дека не знае точно колку луѓе таму се погребани, но дека истражувањето сигурно би помогнало за да се дознае дали таму се личности за чија судбина досега ништо не се знае.

КРВАВИ ТРАГИ ОД МИНАТОТО

Неодамна, прво во Словенија, а потоа и во Хрватска, на две локации беа пронајдени масовни гробници со остатоци од повеќе илјади лица застрелани во 1945 година од новиот комунистички режим во тогашната Југославија. Словенечките власти во пештерата Худа Јама, во близина на Љубљана, најдоа мумифицирани остатоци од најмалку триста луѓе, најверојатно убиени со отровен гас. Во близина на граничниот премин Ригонце на хрватско-словенечката граница се најдени остатоци од 4.500 тела на тогашни германски војници, усташи и словенечки бранители. Министерот за внатрешни работи на Хрватска Томислав Карамарко рече дека на територијата на поранешна Југославија има над илјада такви гробници, 600 во Словенија, 840 во Хрватска и 90 во Босна и Херцеговина.

Ѓорѓи Банев-Доцев, поранешен македонски политички затвореник и претседател на Здружението на политички затвореници судени за идеите на ВМРО, истакнува дека наш цивилизациски долг е тие луѓе да се погребат на достоинствен начин.

- Истражувањето на најмалку две локации околу затворот „Идризово“ сигурно ќе покаже дека таму има остатоци од ликвидираните. Треба да се бара на местото каде што се копала земјата за тогашната тулана и на левиот брег на Вардар, на околу 300-400 метри од затворот. Само на тој начин ќе се дојде до повеќе сознанија за луѓето што во темницата на ноќта исчезнуваа од ќелиите, за судбината на еден Ѓорѓи Карев, братот на Никола Карев, Глигор Чулев, Трајко Попов и други - вели Ѓорѓи Банев.

ПОД ПРЕВЕЗОТ НА ТАЈНОСТА

Историчарот Ѓорѓи Малковски, чии сознанија најмногу помогнаа да се најде велешката гробница на педесетина ликвидирани граѓани, вели дека кај нас работите со откривањето на ваквите локации е одамна запрена.

- Останаа уште многу работи што треба да се откријат но, за жал, не се одвојуваат пари за тоа. Сите досегашни истражувања сум ги правел со сопствени пари. Сега имам доволно сознанија за да се откријат две гробници на шеесетина ликвидирани граѓани од Куманово и од Ресен. Таква локација има и кај затворот „Идризово“ - истакнува Малковски.Тој посочува дека дел од луѓето се ликвидирани без каква и да е судска пресуда, а за некои смртните казни ги изрекувал воениот суд по брза постапка затоа што тие лица „соработувале со окупаторот“.

- Најчесто или немаше пресуди или пресудите беа монтирани. Егзекуциите во еден период добија толкави димензии што самиот Јосип Броз Тито мораше да интервенира за да запрат. Благодарение на таа интервенција, шеесетина прилепчани останаа живи откако беше планирано да бидат стрелани. Ликвидациите неретко се правеа и од лични мотиви или од нетрпеливост на поединци од новата власт кон луѓе што биле „од спротивната страна“ - објаснува Малковски. Неодамна и во Делчево беше побарано да се истражи локацијата нарекувана Стар монопол, на само еден километар од градот, поради сознанија дека и таму има масовна гробница на егзекутирани Македонци како жртви на комунистичкиот режим во 1946/47 година.Историчарите укажуваат дека информациите за таквите гробници имаат превез на најголеми тајни поради стравот на наредбодавците за нивната подоцнежна одговорност за извршените убиства.

Прво стрелање, па доказ За тоа по каква постапка се вршеле егзекуциите покажува и еден документ, писмо на функционер на ОЗНА. Тој во писмото ги прекорува подредените полициски функционери затоа што дозволиле луѓето да се стрелаат без судска пресуда и без докази за вина. За да се најде некакво оправдување за егзекуцијата, тој во писмото им порачал „откако ќе ги ликвидираат да најдат докази за нивната вина“, вели Малковски.
ИНФО-Над 1.000 гробници
На територијата на поранешна Југославија има над илјада масовни гробници во кои биле закопани жртвите на комунистичкиот режим. Егзекуциите биле извршувани без судска одлука. Наводи за масовна гробница во близина на затворот „Идризово“.
Бранко Ѓорѓевски

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=ADCF1F9477F40347A734E0BD1426F703
 
Член од
29 декември 2008
Мислења
1.505
Поени од реакции
43
Хелсиншки комитет:
„Во законот за лустрација не се предвидува поведување постапка против лицата кои ги извршиле повредите на човековите права и слободи, било да станува збор за директните актери (оние што осудувале, што прогонувале, што убивале, тепале, малтретирале, односно, постапувале спротивно на националните и меѓународни закони) било да станува збор за оние кои биле на власт (заземале функции на кои се донесувале одлуки, кои можеле или требале да знаат што се случува и кои можеле да го спречат тоа со своето лично делување), туку на оние кои постапувале според законот или пак биле искористувани, употребувани и злоупотребувани од страна на директните и индиректни сторители на повредите на човековите права, или кои биле присилени од спомнатите. Со тоа се амнестираат институциите и носителите на власт на претходниот (и на сегашниот систем), а се казнуваат граѓаните кои биле жртви на тој систем.“

Вашите коментари?

Инаку со овој закон (како што се кажува) се казнуваат поединци и ќе се истакнат во Службен Весник ...и ќе ги покажуваат (демек) со прст!
Лов на вештерки?!
Многу од нив веќе се во длабока старост...или се веќе пепел...и покрај тоа што законот мислам е до 2006? од 1945-2006 така?
Знам дека е од 1945 ама до кога не знам...

И еве ви ситуација...некој граѓанин на МКД изврши предавство во септември 1945 и уште е жив. Човекот го има фатено склероза и нема да му текни...овие во Службен ќе пишуваат за него... :tapp:

Идејата е коректна...ама мириса работава...како некој со сила го протуркува овој закон (од Западот можи?)
Абе која лустрација кои глупости.Јас се чудам како може некој да верува во тие срања.На кого му истекнаја овие глупости не знам.Но поглуп е оној кој ќе поверува дека ќе има такво нешто отколку тој кој го предложи.
 
H

HITCH

Гостин
Да, го поддржувам!!!
Сите оние кои имаат политичко досие и оние кои се прогонувани се предавани од свои луѓе луѓе со кои делеле иста просторија, храна тоа е многу потажно што ги предавале луѓе на кои им подале рака:toe:
Јас искрено се надевам дека јавно ќе се извинат и ќе се покаат за зулумот кој го имаат направено
 
Член од
29 декември 2008
Мислења
1.505
Поени од реакции
43
Да, го поддржувам!!!
Сите оние кои имаат политичко досие и оние кои се прогонувани се предавани од свои луѓе луѓе со кои делеле иста просторија, храна тоа е многу потажно што ги предавале луѓе на кои им подале рака:toe:
Јас искрено се надевам дека јавно ќе се извинат и ќе се покаат за зулумот кој го имаат направено
Да бе ти само надевајсе.Па за околу 60-80 год.ќе ги откриеме ние.Ќе видат тогаш тие.
 
Член од
22 јули 2008
Мислења
819
Поени од реакции
26
I definitivno go podrzuvam ovoj zakon!!!

Vreme e da se vidi koj sto i kako rabotel od denesnive politicari i za koi strukturi i interesi rabotele denesnive golemi demokrati.
Samo po se ke bideme razocarani bidejki takov zakon nema sansi da se izglasa od strana na nasive politicari koi se plasat deka so takov zakon ke izlezat na videlina koj sto i za kogo rabotel i koj kogo kodosel.

Ke vidite dali ke imaat muda da go izglasaat zakonov vo sobranie samo da ne bide posle da se cudite zosto mnozinstvoto ne glasalo za zakonov.
 
Член од
29 јуни 2005
Мислења
1.284
Поени од реакции
14
Македонците не се бореле во втората светска војна за создавање на комунистичко општество, ниту пак имало сталинисти, ниту пак некакви други внатрешно или надворешно непријателски активности. Тој, македонецот, се борел за самостојна држава Македонија, како секогаш. Потоа му се наметнало да се бори за својот гол опстанок, повторно. Да не го апне темнината на кодошлакот на преамбициозните медиокритети кои поврзани со поранешниот окупатор сакаа, при создавањето на новата држава, да застанат на нејзино чело.

Лустрација? ДА!!! Ами како.
Мора да се знае кој што и како уништувал туѓи животи заради својата болна амбициозност. Мора да се дознае кој тоа учествувал во чистката на македонските интелектуалци во тоа време, а ни наметнал лажни.

Уште побитно е да се дознае денес кој е во служба на тие кои свесно одат во кочење на македонскиот прогрес. Кој се тие кои спроведуваат систематска манипулација врз сопственото население заради туѓи интереси или пак интересите на мала, организирана и моќна група која своето богатство го стекнала кога сите бевме (џоа) еднакви.

Треба да се знае кои се тие кои припаѓаат на таа половина на населението кое било и е сеуште ангажирана да ја тепа другата половина. Без ова сознание нема да има напредок за никого, освен за тие, таквите, бидејки вистинска демократичност нема да постои доколку слободно дејствуваат таквите.
Доколку сте задоволни со привид тогаш овој закон не би требало да ве засега!!!

На крај мора да се истакне дека последица на оваа активност мора да биде расформирање на одредени служби за „безбедност“, па потоа реорганизирање и осовременување.


П.С.
Овој афирмативен текст го напишав целосно свесен за злоупотребата која може да се појави, но од некаде мора да се почне.
Ако се сеќавате во едно не толку далечно минато никако не се зборуваше за корупција, а денес се` повеќе. Дури и почетни чекори постојат за доведување во подносливи граници на таа појава.

Лустрацијата на тапет пред уставните судии

Миле А. Ристески
27.05.2009 17:25

По денешната прва расправа одлучено со експерти на подготвителна седница да бидат разрешени дилемите кои сега се наметнале кај судиите за законот, по што Уставниот суд ќе донесе конечна одлука, дали законот за лустрација ги ускратува човековите права и слободи.
Во дилемите: Зошто законот го опфаќа периодот од 44. до јануари 2008. ако се знае дека од 17 ноември 91. Македонија е со нов уставно правен демократски поредок? Зошто комисијата за лустрација мора да ги проверува и кандидатите за функција во невладините организации или верските заедници? Клучната дилема за судиите е дали комисијата за лустрација е вистинскиот орган кој треба да одлучува дали некој смее или не да биде избран за функционер.
„Дали тој орган основан од Собрание на Република Македонија, а кој не е, суд, кој не носи судска одлука, може да доведува до тоа да е јавна функција недостапна на одредени кандидати, односно граѓани, и дали со тоа не се ограничуваат уставно утврдените слободи и права на граѓанинот од оргн кој не е суд“, изјави Југослав Миленковиќ, портпарол на Уставен суд.
Дали и лустрацијата ќе падне на Уставен суд ќе се знае по годишните одмори. Според тврдењата уставните судии не посветиле многу внимание на деталот дека и тие пред да стапат на функција треба да потпишат изјава дека не биле информатори на службите за безбедност. Иницијативата за лустрација е оспорена од три лица и од фондацијата отворено општество.
Дамјан Варошлија - web новинар

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?vestID=109172
 
Член од
29 јуни 2005
Мислења
1.284
Поени од реакции
14
Кој е кодошот во Уставниот суд?




Лустрацијата започна од врвот

Со најавеното преиспитување на Законот за лустрација во Уставниот суд се промовира сериозен собраниско-судски уставен судир во кој некој можен “кодош” меѓу уставобранителите како да си ја ишка мувата не од капата, туку од главата. Но, за тоа го тресе целиот уставен поредок

Пишува: Илија МАКСИМОВСКИ
Фото: Андон ДАВЧЕВ


Дали Законот за лустрација ги скратува човековите права и слободи? Ова е официјалното објаснување на Уставниот суд за да отвори расправа на подготвителна седница, а потоа и да одлучува дали ќе го укине Законот за определување на дополнителен услов за вршење јавна функција.
Но, кога попедантно ќе се погледнат поднесените иницијативи од тројца граѓани (редовни “соработници” на Уставниот суд) и Фондацијата “Сорос” кои во општата декларативност дека се работи за иницијативата за заштита на човековите права, како да се затскрива прашањето: Дали и уставните судии и Претседателот на Републиката треба да бидат подложни на лустрација?
Тоа и се конкретизира со рефератите под број У.бр. 42/2008 и У.бр. 77/2008 кои се однесуваат на член 5 и член 10, токму на делот за Претседателот на Република Македонија во Законот за лустрација.

ИМА ЛИ “КОДОШ” ВО УСТАВНИОТ СУД?


Леснотијата за прифаќањето на иницијативата за уставно преиспитување на Законот за лустрацијата, а со тоа да се отвори можност тој и да биде укинат, отвора едно суштинско прашање: Дали навистина станува збор за заштита на уставноста во делот на човековите права или се работи за манипулација за заштита и воспоставување уставен исклучок кога се однесува за позицијата на само две државни институции? Има и трето: Дали не се работи и за тоа под покритие на нивната заштита да се остави во живот темната страна на македонската политика и држава во злоупотребите на тајните служби од 1944 до 2008 г. направени на штета на граѓанските и политички слободи и права, па дури и за затскривање сериозни кривични дела кои не застаруваат?
Со цела почит кон Уставниот суд како институција и неговите членови, но со прифаќањето на иницијативата се поставуваат неколку суштински дилеми:
1. Дали воопшто уставните судии имаат правна и морална основа да расправаат и одлучуваат за уставност на важечки закон кој самите не го спроведуваат. Имено, Законот за лустрација предвидува и самите уставни судии да бидат подложени на лустрација, односно да дадат изјава дека во периодот кој го опфаќа Законот не биле соработници на тајните служби. Иако Комисијата за верификација на факти не функционира, зошто уставните судии не се дрзнат и постапат како некои пратеници кои пред и по последните парламентарни избори, во времето на нивното кандидирање доставија изјави за лустрација до Државната изборна комисија, како преодна форма до создавање услови за примена на Законот за лустрација.
Овде се наметнува и прашањето за групната просудба на уставните судии, бидејќи нивните засебни биографии со кои и дошле во врвот на македонската правда и држава се движат од интелектуални авторитети до политички скандал-мајстори. Зошто досега ниту еден уставен судија не се појави јавно да ја изнесе својата професионална и лична дилема за лустрацијата која е и законска, но и лична обврска, туку тоа го иницираа личности на кои уставобранителството им е забава и здружение на граѓани (Сорос) кое е длабоко заглавено токму во лустрациониот материјал?
Ова наметнува сериозна и тешка јавна дилема дали и меѓу уставните судии се крие некој “кодош”, односно соработник на тајните полиции.
2. Дали на најавената подготвителна расправа Уставниот суд ќе ги повика истите оние експерти кои впрочем и го напишаа Законот за лустрација? Дали не е премногу наивно да се очекува истите луѓе да застанат против својот труд? Секако, реална е можноста во уставната сала да бидат собрани некои од “кодошите” од интелектуалните средини кои сесрдно се обидуваат лустрацијата да пропадне. Едноставно, луѓето си се штитат себеси за да си ја задржат “работата” и моќта со која располагале последните шеесетина години.

Трета и најголема дилема: Дали уставните судии воопшто го погледнале Законот за лустрација, за да дефинираат дали зборуваат за човековите права на сите граѓани на Македонија, или за “човекови права” на потенцијалните криминалци скриени во безбедносните структури на државата? Македонската лустрација од самиот почеток, сè до сегашната фаза на уставно преиспитување ја следи сенка на погрешна јавна презентација. Во иста категорија се ставаат професионалците кои работеле и соработувале со безбедносните служби кои народно се нарекуваат тајни полиции со поединци кои со злоупотреба создавале лична корист. Најкратко речено, Законот за лустрација се однесува токму на овие вториве.

ИНГИЛИЗОВА КАКО ПРИМЕР

Лилјана Ристова-Ингилизова е особено податна за конкретнава анализа. Од времето кога како претседател на ДИК се прослави со тврдењето “не се важни гласачите, туку се важни бројачите”, до нејзиниот придонес како Претседател на Уставниот суд кој по налог на држалникот Б.Ц. го укина Законот за пратеници со објаснување “не е време”, па сè до присуството за време на запечатувањето на кабинетот на починатиот Претседател на Република Македонија, Борис Трајковски, по авионската несреќа кај Мостар, Ингилизова сосема разбирливо се наметнува како еден од најсилните катализатори на уставната дилема ќе има или не лустрација во Македонија. Ова со цел да бидат изземени од одговорноста за следење, прислушување и кодошење на граѓаните, уставните судии и Претседателот на Републиката, со што влегуваат во категорија граѓани за кои уставната определба дека пред законите сите граѓани на Република Македонија се рамноправни - нема да важи.

УСТАВНО-СОБРАНИСКА КРИЗА!

Со самата најава за можно поништување на Законот за лустрација, без разлика на крајниот резултат, Уставниот суд од пратениците во Собранието на Македонија прави политички дилетанти кои, всушност, и не знаеле што гласаат, туку изгласале антиуставен закон. Но, ако се има предвид дека како во ретко која прилика, ако не и единствена, во Собранието на Македонија за овој закон беше постигнат консензус, прашање е: кој, всушност, е бранител на државата? Овде се наметнува и прашањето за политичкиот опортунитет и политичка зависност на уставните судии од времето на нивното именување, односно кој ги поставил сегашните уставни судии на позицијата на највисока судска власт и дали истите центри на политичка моќ не се надвор од Собранието како најмоќна, иако нелегална власт во државата.
Олеснителната алтернатива на уставното минирање на лустрацијата е еден од последните грчеви на корумпираната бирократија во Македонија како одговор на најавената реформа на македонското судство, каде според сите проценки се наоѓаат како центрите на организиран криминал, така и главните кочници на реформите на државата.


Лустрацијата ќе предизвика земјотрес во судовите
Иако јавната расправа за лустрацијата беше сведена на ниво на маалски муабет, добрите познавачи на лустрациониот материјал очекуваат суштински промени во македонската држава. Со спроведувањето на Законот за лустрација, покрај малите кодошки подлости ќе се отворат и законски постапки за одговорност за македонските историски петна како стрелањето на 52-ца велешани, преспанските и кумановските ликвидации, побуната на штипскиот гарнизон, македонците на Голи Оток, кражбите на денационализациите и сл. Законот за лустрација дава реална основа за отворање судски постапки за кривични дела кои не застаруваат согласно со други закони на Република Македонија.




http://forum.com.mk/#_tools/article/3778/view
 

Kajgana Shop

На врв Bottom