Законот за лустрација, го подржувате или не?

Дали го поддржувате законот за лустрација?

  • Да

    Гласови: 71 93,4%
  • Не

    Гласови: 3 3,9%
  • Немам мислење

    Гласови: 2 2,6%

  • Вкупно гласачи
    76
Член од
29 јуни 2005
Мислења
1.284
Поени од реакции
14
Воајери на транзицијата



Се прашувам колку е потребно во Република Македонија за некој да се сети дека во неа безочно се крши приватноста на нејзините граѓани и се поткопуваат темелните вредности на кои почива нејзиниот демократски поредок



Пишува: Проф. д-р Звонимир ЈАНКУЛОСКИ



Уште колку документи од тајните архиви на македонската полиција треба да се обелоденат, на уште колку човечки страдања треба да бидеме сведоци, за некој во оваа држава да се сети дека зад листовите хартија, зад тајно подготвуваните досиеја стојат луѓе со имиња и презимиња, луѓе кои наредувале и ги користеле информациите за, според нивните критериуми, непријателите на државата. Тоа се истите оние чувари на идеалот за едно минато кое беше сè, но најмалку беше демократско, а кои свесно го опструираат процесот на лустрација. Чуварите на социјалистичката револуција, а особено на придобивките од неа, знаеја како да ги детектираат непријателите на системот, дури и во транзицијата, чепкајќи по нивното минато и моделирајќи ја нивната сегашност.

Човечки судбини сведени на листови хартија, видео и звучни записи, на кои се градеа кариери, се освојуваше и задржуваше власта. Модерни воајери за кои не постои ништо свето, како што се домот, семејството, вашиот приватен живот. Еден коментар во врска со јавно објавеното тајно полициско досие на г. Јордан Петровски во Време најдобро го отсликува разочарувањето и “вербата” во она што го градиме во транзицијата и кое треба да го носи предзнакот демократско општество: “Го читам секој ден интервјуто со овој господин и косата ми се дига. Како е возможно сето ова во една демократска држава? Како се чувствуваат луѓето кои ги споменува, а кои денес се на позиција? Зарем остануваат рамнодушни на тоа што го направиле?”

Прашања кои со години ги поставувате, со години ги отворате, а наидувате на молк. Молк од државата, молк од судот, молк од интелектуалната елита. Молк кај политичарите. Медиумски молк. И ви останува само едно обично, но застрашувачко објаснување за ова. Македонија е контролирана држава. Контролирана од невидливи центри на моќ кои се хранети со информации за своите “поданици” од истите оние што го хранеа репресивниот апарат на минатиот режим. Слугите на тоталитаризмот ги ставија своите услуги на новите господари на транзицијата. Слуги еднаш, слуги засекогаш.

Следењето, надгледувањето на граѓаните е синдром на општество кое е сериозно заболено. Општество кое инклинира кон тоталитаризам.

Во Република Македонија не е отидено предалеку. Се зајде во следењето на неистомислениците, прислушувањето на нивните разговори и какви сè не мерки на контрола на нивната приватна сфера. Секоја нормална демократска држава после толку обелоденети случаи на прислушување од страна на тајната полиција (последниот од воената служба за безбедност и разузнавање) и кој сè не, ќе ги активираше механизмите на самоодржување и ќе се обидеше да го репарира заболеното ткиво кое го метастазира организмот. Велам, секоја нормална демократска држава, освен нашата.

Пенетрацијата во нашата приватност за која има премногу сведоштва и премногу обелоденети скандали го отвора и прашањето дали вистински сакаме да живееме во слободно општество или сакаме да живееме во општество со самонаметната форма на тоталитаризам. Општество во кое граѓаните се маргинализирани, нивните животи и кариера диригирани и контролирани од тајните структури на полицијата. Општество кое почива на страв.
Изгледа вирусот на слободата ги одмина граѓаните на оваа држава, а посебно нејзината “политичка елита”.
Какви легитимни цели ќе најдете во досието на Јордан Петровски и на уште многу како него, кои би ја оправдале пенетрацијата на државата во неговата приватност и неговиот личен и семеен живот. За оние кои го правеле тоа не бил важен квалитетот на информацијата која требало да се прибави. Важна била контролата. И само контролата. На секој оној што можел да го загрози нивниот травестираниот модел на владеење.
Затоа, ми е смачено кога упорно се обидуваат да ве убедат дека државата треба да се штити по секоја цена, па макар тоа било за сметка на правата и слободите на нејзините граѓани. Сиве години се обидувам да разберам од кого нè штитат нашите тајни служби. Од оние кои не размислуваат како нивните наредбодавци? Од оние кои не се дел од нивното “семејство”? Затоа и продирањето во приватноста на “останатите” граѓани не се доживува како непочитување на нивната личност, нивното достоинство и желбата слободно да изберат под кои услови и до кои граници ќе ги изложат својата посебност, своите ставови и своето однесување кон останатите во заедницата. Ваквиот малигнен човечки материјал може да опстане само во контролирано општество, какво што е нашето.
Се лаже оној што мисли дека нашето општество е нападнато од некој нов вирус Монтесинос. Зашто, ние го наследивме изворниот вирус на тоталитаризмот. Зашто, имавме луѓе и служби кои знаеја како да го одржат и аплицираат во современо демократско општество кое се обидовме да го градиме во Македонија. Затоа се прашувам кој сè се шета во државава со вашите животи преточени во листови хартија, видео и звучни записи? Се прашувам кому сè му одговара во оваа држава да остане нереформиран стариот систем на државна контрола и после шеснаесет години транзиција.


http://www.forum.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=7&tabid=172&EditionID=159&ArticleID=4942&Page=1


ovaa "dilema" na gospodinot Проф. д-р Звонимир ЈАНКУЛОСКИ ke ja izdvojam kako moe praashanje do.....

"Се прашувам кому сè му одговара во оваа држава да остане нереформиран стариот систем на државна контрола и после шеснаесет години транзиција."
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
A sto ima da se prasuvas......od avion....more od Mesecinata se gleda :)
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Oвој закон за лустрација изгледа ќе се имплементира само во делот каде сите ќе треба да се стрижат "лустер".:)
 

moira

...The Goddess...
Член од
29 октомври 2007
Мислења
113
Поени од реакции
2
Site molcat, lustracijata nikogo ne go interesira, ne e dobro da se provetrime, ocigledno se plasime da ne nastineme:vozbud: :nesum:
 
Член од
29 јуни 2005
Мислења
1.284
Поени од реакции
14
Site molcat, lustracijata nikogo ne go interesira, ne e dobro da se provetrime, ocigledno se plasime da ne nastineme:vozbud: :nesum:
Nastinkata elesna bolest,mnogumina se plashat od vospalenie na "drobovite" -KARIERITE.
Eden mnogu ubav tekst mozebi ke pomigne da pochneme da gi prepoznavame idnite "bolesnici".

Операција „пуштај вода“
Пишува: Цветин Чилиманов

Нема добра шпионска приказна без штосно шифрирано име. Во случајов, во Бугарија во тек е акцијата „пуштај вода“, во која Ефтим Костадинов, директор на Комисијата за тајните архиви на нивната комунистичка Државна сигурност, ги објави имињата на 139 поранешни и сегашни пратеници кои биле кодоши на службата.
Тоа што во списокот би требало особено да не интересира е што на него се собрале и најголемите бугарски националисти, како на нас добро познатиот Красимир Каракачанов од бугарското ВМРО и низа пратеници од ултра-националистичката Атака, но и водачот на бугарските Турци Ахмед Доган и луѓе од неговата партија. Едниве големи Бугари, другите борци за права и слободи, а сите заедно работат за ист газда кој им ги навива механизмите, по потреба да креваат врева, а по потреба да молчат. На чело, претседателот Георги Прванов, кој учествувал во политизирањето на односите меѓу Бугарија и Македонија, за потребите на Службата.
Ако со списокот на Костадинов се објаснува мешањето на Службата во бугарско-турските кавги, не се разјаснува до крај за нас многу поинтересната редовна македонско-бугарска кавга. Секогаш кога треба нешто да се покрие, заташка или треба некој да се распне, се вадат од архива дневниците на Мисирков и песните на Миладинови, а нациите се расправаат за многу важните прашања околу тоа кој го убил Прелиќ, кој го предал Гоце и кој го кажал бројот на мобилниот на Мијалков. Колку е забегана работава покажува фактот дека весник во Македонија може да добие 2-3 интернет-коментари од читателите за прашање од врвно секојдневно значење, на пример реформите во здравството, но 200-300 коментари ако објави каков било текст на банална тема поврзана со Бугарија.
Јасно е дека оваа игра на бугарските служби би станала здодевна многу бргу, кога не би имало одговор од другата страна. Никој не плаќа да гледа танго за еден. Списокот на Костадинов покажува зошто се едни те исти бугарски политичари се редовни по „македонското прашање“. Но, на нив им возвраќаат се едни те исти новинари, политичари и историчари од македонската страна (истите оние кои што, патем, се на браникот на борбата против лустрацијата, односно пуштањето вода и во Македонија). За конечно да се запре оваа одвратна кавга од типот „вие нам Татари, ние вам Титовисти“, лустрацијата мора што поскоро да се изврши и кај нас. Да се види дека најзапалените Македонци, Албанци, србомани и бугараши во Македонија всушност работат за истата Служба и се „најдобри непријатели“.
Со лустрацијата ќе се урне лагата дека, демек, стариот систем бил наднационален, додека овие националистиве, кои заслужено беа држени по Идризово и Забели, го пуштија вирусот на омразата од шишето. Полека станува јасно дека токму Службата, што божем требало да ги држи националистите подалеку од нормалните луѓе, всушност многу повеќе го негувала, чувала овој ебола-вирус на полицијата, и дека на сигнал режирано го пушта меѓу луѓето.


http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1200&ArticleID=77233
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Глобално гледано ниту една поважна политичка личност не е случајно или по заслуга дојдена на место за кое народот одлучил дека треба да го добие.
Вклучуваќи ги сите политички партии во Македонија имаме практичен пример за инфилтрирање на кодошите во централните комитети на сите тие позначајни политички фактори,без разлика на нивната декларативна определба пред јавноста.Со тоа станува повеќе од јасно зошто законот за лустрација нема да помине толку брзо посебно во Македонија кога се знае дека е погубно,а сепак наивно и како по закон се верува дека одредени полициско-политички структури кој и ден денес се во власта работеле за Македонија.
 

Il Fenomeno

non mollare mai
Член од
14 март 2007
Мислења
3.226
Поени од реакции
707
Јас мислам дека најголемите шпиони тие што имале најголема корис од тоа шпионство кои профитирале од тоа кои биле политичари академици итн нема никогаш да ги дознаеме бидејки од дамна тие си имат средено нивните досиеа да бидат уништени
 
Член од
29 јуни 2005
Мислења
1.284
Поени од реакции
14
Владиката Кирил се изјасни против лустрација.

- Тоа што било поминало. Треба да гледаме во иднината, во НАТО, во Европската Унија. Црквата треба да ја гледа својата света просветителска мисија. Јас никогаш не сум се интересирал за тајните досиеја, дури и своето досие не сум го побарал – вели владиката.

A eve zoshto:

- Кирил, се запознал со Трајковски додека служел во САД, а во октомври 1985 година бил замолен од страна на Трајковски да се заложи пред властите во Скопје за пуштање од затвор на лидерот на ДООМ Драган Богдановски. Трајковски на Кирил му предал и писмо со повик за ослободување на Богдановски, кое замолил да го предаде во Собранието на Македонија.

Во документите кои се обелоденети во досието на Трајковски, пишува дека владиката Кирил побарал средба со полицијата при што на агентите на Службата за државна безбедност им го предал писмото. Потоа, пишува дека владиката ја информирал полицијата за активностите на Трајковски и други иселеници во САД, а на крајот почнал да зборува против владиката Петар.

Во досието има белешка на петтиот сектор на Службата за државна безбедност од 23 октомври 1985 година, насловена „Предмет г.г. Кирил“ во која пишува дека Трајковски му го предал писмото на Кирил.

- Во писмото, Трајко го замолува г.г. Кирил разговорот што го воделе меѓусебе, и како што се договориле, разговорот да го спроведат во дело, во врска со пуштањето од затвор на Драган Богдановски - пишува во оваа белешка.

По неа следи белешка од 11 декември 1985 година, од разговор со доушник чие им е пречкртано со црн фломастер, но јасно е дека станува збор за владиката Кирил и за истото писмо. Документот е насловен „Предмет - извршен разговор со ПРЕЧКРТАНО по негова иницијатива“, а пишува: „Извршен е разговор со ПРЕЧКРТАНО во негова канцеларија и по негова иницијатива. На самиот почеток ПРЕЧКРТАНО го предаде писмото што го добил од Трајко Траковски од Гери - САД (претходно информираше за ова писмо)“. Во текот на разговорот владиката опишува како и во чија куќа во Гери дошло до средбата со Трајковски, дава лично мислење за Трајковски,и за тоа како „сите позитивни иселеници го одбегнувале“. Во продолжение владиката Кирил на полицијата и зборува за состојбата во црковните општини, за штетното влијание на грчката, бугарската пропаганда, и како што е наведено „домашниот фактор."

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&ArticleID=84022&EditionID=1305
 
Член од
14 јануари 2008
Мислења
134
Поени од реакции
0
Абе сите вапсаана
на островот во Преспанско езеро голем град
 
Член од
8 декември 2007
Мислења
309
Поени од реакции
0
Kako ke se napravi lustracija vo Makedonija koga site vazhni dosieta sa vo Belgrad ? :toe:
 
Член од
18 јануари 2008
Мислења
260
Поени од реакции
7
Да дефинитивно лустрација,и сите што биле кодоши,но и оние кои наредувале јавно да се обелоденат нивните имиња.Пред некој ден партиите ги пеглале разликите,но од КПМ никој недошол,ова е малку симптоматично.Дали се плашат од лустрација.:salut:
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
133
Поени од реакции
0
Трјабва закон за отварјане на досиетата и за лустрација - 2 в 1.

Ние направихме грешката да пуснем комунисти да ни управлјават без да отварјаме досиета, а те като се качиха на власт си отмениха и лустрацијата и сега си патим от това. :kesa:
 
Член од
23 јануари 2008
Мислења
3
Поени од реакции
0
Apslutno deka go podrzuvam se nadevam ke izleze na videlina koj go zatvori i koj go macese mojot dedo Metodija Andonov Cento i zasto mu bea skrateni negovite osnovni covekovi slobodi i parva i koj go izmontira negoviot sudski proces??
seto toa se prasanja sto gi cekame cel zivot pa vreme e da se doznae ne samo za nas kako familija tuka da doznae cela makedonska javnost zatoa sto toj bese pretsedatel na site....Slava mu
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.507
Поени од реакции
14.693
Законот за лустрација е изгласан

Отворен патот за лов на кодошите. Парламентот едногласно го донесе законот за лустрација. И покрај консензусот за законското решение, сепак, од собраниската говорница не изостанаа меѓупартиските препукувања и сомнежи – како ќе се спроведува лустрацијата. Претседателот на собранието, пак, со сведоштво за личност која била ликвидирана зашто не сакала да соработува со тајните служби.

Лустрацијата ќе ги опфати поткажувачите од 1944–та до денот на стапувањето на сила на законот. Списокот на оние кои треба да достават писмена изјава до верификациска комисија дека не соработувале со тајните служби е долг – претседател, премиер, министри, пратеници, градоначалници или практично сите избрани и изменувани функционери. МАНУ и високо–образовните установи пак треба да предвидат дополнителен услов зашто во кариерите напредувале со научни трудови. Нема да се објавуваат имињата на кодошите се до правосилност на судската одлука ако има доволно докази за поведување постапка. Комисијата која ќе ги собира материјалите и ќе му ги доставува на судот ќе се избира во собранието со двотретинско мнозинство, а ако тоа не успее, ќе се повтори изборната постапка – во тој случај опозицијата ќе предложи претседател и составот ќе се избира со 61 глас. Формирањето на комисијата за верификација е следното што треба да се направи по донесувањето на законот.
 

efendi

Трпение Спасение
Член од
20 јануари 2008
Мислења
271
Поени од реакции
0
Ја сум за све да се затвори само вмро да остане на власт и некоја ситна партија колку да има опозиција.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom