Закинтос

Член од
23 октомври 2008
Мислења
19
Поени од реакции
0
Дечки денеска уплатив преку савана во димитрис вилата некои искуство некој што бил таму и дали има превоз до главниот град автобус или слично ??? фала
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.265
Поени од реакции
18.226
океј е одма е до центарот од лаганас и на некој 50 метра од плажата.Имаш превози до главниот град,али зашто би идел таму :icon_lol:
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: JOE
П

Пепси_

Гостин
ako rentate dobro e da se izvozite ama spored mene ne bi odel specijalno da gubam den za tamu
 
Член од
15 ноември 2008
Мислења
5.764
Поени од реакции
11.753
Знае некој каде се наоѓа вила Павлос?
 
Prince

PsyTrance, Musica Psychedelica
Член од
22 јуни 2007
Мислења
1.160
Поени од реакции
2.987
Уплатено Лаганас преку Игуана за 29 Јули :)
другар дај нешто линкче од агенцијата ако можит ? (чисто информативно сакам да разгледам шо е можно појќе понуди) :)
Инаку бев пред 3 год,планирам и оваа година .А за Закинтос само пофални зборој ... се на се = топ
 
Член од
15 јуни 2014
Мислења
314
Поени од реакции
299

Повели:
http://iguana.com.mk/ponuda/leto-2014/ostrovi/zakintos/
 
Член од
3 јануари 2008
Мислења
15
Поени од реакции
1
Дечки денеска уплатив преку савана во димитрис вилата некои искуство некој што бил таму и дали има превоз до главниот град автобус или слично ??? фала
Димитрис е фина вила, лани таму ни беше збирно место пред искачање, газдата на моменти знае да биде терсене ама ништо страшно. На добро место е, морето ти е на минута пешки, центарот (кај шо се сите дикотеки исто така). Заеби лидл за пазарење далеку е од таму, на плажа има маркет такис мислам се викаше, најевтин е од сите продавници што ги сретнавме таму.
Лани имаше автобуси што идеа до Занте (главниот и единствен град таму), беа 3 евра во еден правец, а имаше и вовче како она низ луна парк порано шо беше сеа на плоштад шо го тркалаат (само малце поголемо), тоа беше 6 евра во правец, убаво гратче е Занте, посети го, целото е во италијански стил. Додуша кога ќе стасате со траектот таму се истовара автобусот, така да ќе го видиш и ако ти фати око една туристичка шетња направи.
Мој совет: кога ќе стасате во Лаганас, водичот што е задужен за вас дур сте таму ќе ве собере на состанок, да ви каже што е како е и ок си е, ќе чуете идеи кај да идете и слично. Битниот момент немојте да уплаќате преку него/неа, за крстарењата, има по главната улица у центарот милион агенции што нудат крстарења, што се многу подобри и далеку поефтини. Лани се заебаа тие шо уплатија преку неа. Ги сецна по некои 10 евра, а ние си бевме у своја режија на две крстарења за поевтино со повеќе застанувања по диви плажи, влегување во пештери и пливање внатре, саат време на островчето од карши и слично.
И убаво да си поминеш, морето е преубаво, чисто, мирно а за ноќниот живот си знаеш...
 
Член од
20 април 2014
Мислења
247
Поени од реакции
136
Дечки каде се најубавите места во Закинтос за забави, планираме да идеме со другари. Исто така колку пари за таму се доволни?
Колку е пат (во време)?
 
Член од
15 јуни 2014
Мислења
314
Поени од реакции
299
Дечки каде се најубавите места во Закинтос за забави, планираме да идеме со другари. Исто така колку пари за таму се доволни?
Колку е пат (во време)?
За ноќен живот само Лаганас. Патот е около 15-16 часа. 300 евра би ти биле доволни, со 400 за 10 дена ќе живееш добро. Ако штедиш можеш и со 150-200 да поминеш, 300 е некаде просечен одмор, со крстарење, по некој пијалок во дискотека, кога се плаќа влез да платиш и сл.
 
П

Пепси_

Гостин
Пред да платите за влез зборувајте македонски лани имаше наш на врата се шлепавме без пари кога имаше карти :pos::pos:
 
C

cige

Гостин
другар дај нешто линкче од агенцијата ако можит ? (чисто информативно сакам да разгледам шо е можно појќе понуди) :)
Инаку бев пред 3 год,планирам и оваа година .А за Закинтос само пофални зборој ... се на се = топ
http://www.ajdenaodmor.mk/results/1/letuvanja/?data_od=02-07-2014&data_do=31-07-2014&tip_aranzman=paket&cena_od=0&cena_do=1005&city[]=53&city[]=55&city[]=110&city[]=220
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.151
Поени од реакции
8.946
Како се движат цените таму на островот. За на плажа, храната па и навечер за да се напиеш по некоја пијачка во кафич или клуб.
 
M

macgowan

Гостин
Како се движат цените таму на островот. За на плажа, храната па и навечер за да се напиеш по некоја пијачка во кафич или клуб.
Само едно ќе ти кажам како пример - Закинтос е поефтин од остатокот од јонските острови и Парга од една страна како и од Халкидики од егејска страна. Лично `сетено` минатата година.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom