Дечки денеска уплатив преку савана во димитрис вилата некои искуство некој што бил таму и дали има превоз до главниот град автобус или слично ??? фала
Димитрис е фина вила, лани таму ни беше збирно место пред искачање, газдата на моменти знае да биде терсене ама ништо страшно. На добро место е, морето ти е на минута пешки, центарот (кај шо се сите дикотеки исто така). Заеби лидл за пазарење далеку е од таму, на плажа има маркет такис мислам се викаше, најевтин е од сите продавници што ги сретнавме таму.
Лани имаше автобуси што идеа до Занте (главниот и единствен град таму), беа 3 евра во еден правец, а имаше и вовче како она низ луна парк порано шо беше сеа на плоштад шо го тркалаат (само малце поголемо), тоа беше 6 евра во правец, убаво гратче е Занте, посети го, целото е во италијански стил. Додуша кога ќе стасате со траектот таму се истовара автобусот, така да ќе го видиш и ако ти фати око една туристичка шетња направи.
Мој совет: кога ќе стасате во Лаганас, водичот што е задужен за вас дур сте таму ќе ве собере на состанок, да ви каже што е како е и ок си е, ќе чуете идеи кај да идете и слично. Битниот момент немојте да уплаќате преку него/неа, за крстарењата, има по главната улица у центарот милион агенции што нудат крстарења, што се многу подобри и далеку поефтини. Лани се заебаа тие шо уплатија преку неа. Ги сецна по некои 10 евра, а ние си бевме у своја режија на две крстарења за поевтино со повеќе застанувања по диви плажи, влегување во пештери и пливање внатре, саат време на островчето од карши и слично.
И убаво да си поминеш, морето е преубаво, чисто, мирно а за ноќниот живот си знаеш...