"Заборавени" екипи

Член од
22 октомври 2011
Мислења
1.281
Поени од реакции
798
Кој бе Депортиво заборавен тим :icon_mrgr:
Па цела тема имате на форумов која редовно ја апдејтирам :icon_mrgr:
http://forum.kajgana.com/threads/Фан-Клуб-Депортиво-Ла-Коруња.14298/page-111
Проблемот се финансиите. Тимот е под стечај, и си работи под надзор на стечаен управник. Имаше период во кој само прашање на часови беше ликвидација на клубот, но спасивме гз.
Вечерва играме, ако сакате стримови слободно побарајте од мене :D
Тим во кој игра Марчена, неможе да е заборавен тим :P

Пишав и во темата за играчи, пред да се отвори оваа тема.
Во глобала да не се повторувам, мислам дека само Компостела не сте ја наброиле.
Компостела се распадна ради финасиски причини.
Тука може да се вброи и Овиедо како тим кој играше во Примера едно време.
Со помош на неколку Европски силни тимови тимот успеа да собере пари за да не биде ликвидиран. Сега се натпреварува во трета лига заедно со Сантандер.
Тука може да се набројат и Албасете (сега трета лига), Нумансија (вторалига), Кадиз (трета лига) и Ксерез (трета лига).

Од Германија, Минхен 1860 и Алеманија Ахен (веќе набројано), во Италија исто сенабројани голем дел од тимовите (Тревизо, Перуџа (која гостуваше и во Скопје, позната беше дека му даваше шанси на синот на Гадафи мислам, еднаш ангажираше женско фудбалер и го отпушти Кореецот Ан кој растураше на СП 2002 затоа што ја елиминира Италија), Пјаченца, Венеција, Виченца, Салернитана, Емполи, Комо, Бреша, Бари, па и Анкона (првиот тим на Пандев. Во напад им играше Ракитиќ и пола сезона немаа победа, прв тепаа 3-2 со некоја екипа и после долги години се откри дека мечот бил наместен)).
Во Франција (Бастија е слаба во последно време, еднаш играше интертото со Македонија ЃП и ги совладаа со 7-0 во Франција), Стразбур, па и Мец како редовен учесник во прва лига.

За Македонија (од прволигашите):
Балкан Чаир - тимот не постои веќе неколку години. Играа во трета лига до 2004-5, после се претопија во втор тим на Слога, па со тек на време иво четврта лига престанаа да играат.

Саса М.Каменица и Рудар Пробиштип - Некогаш редовни учесници во прва лига (особено Саса), сега само живуркаат во трета лига исток.

Осогово и Беласица - Осогово редовен учесник во прва лига до пред некое време, Беласица со одлични години во првата лига, но сега и двете екипи се во трета лига. И двете екипи повремено влегуваат во втора лига, но бргу испаѓаат.

Борец Велес и Маџари Солидарност - Борец истотака порано редовно играше во прва лига, но имаше огромен пад, па едно време не играше никаде, за лани после долги сезони да влезат во втора лига, но одново ќе отпаднат. Маџари слична ситуација, само што они покасно прогресираа во првата лига, па дури и играа финале на куп, кое мораа да го загубат од Башкими. Во моментов се држат во втора лига, колку да не отпаднат. И они имаа неколку години поминати во трет лига.

Куманово - Некогашен прволигаш. Како отпаднаа од прва лига, така паѓаа и понатаму па до 2004-5 играа во трета лига север, за потоа да се распаднат. Во моментов само фигурираат во четврта лига ОФС Куманово.

Караорман Струга и Охрид - Карароман никако да влезе во погорни лиги. Едно време влегоа во втора, но напразно. Постојано испаѓаат и во моментов си се редовни третолигаши. Охрид преклани се вратија во прва лига, но експресно испаднаа иако едно време беа при врвот на табелата... И во втора лига служеа како топовско месо, за на крај да се распаднат...

Тиквеш Кавадарци - Некогаш редовен прволигаш, потоа варираше меѓу втора и трета лига, за годинава да се распадне. Имаше неколку повици за спас од Лозари, но не успеаа во борбата со газдата на клубот...

Цементарница Кисела Вода - Некогаш јак прволигаш, со освоено куп титула и куп финале. Падна во втора лига, па во трета, за на крај да испадне во ОФС КиселаВода, четврра лига. Лани завршија втори, годинава се послаби и дури мислам дека ќе се отјажат од натпреварувањето. Играат со младинските категории и во сениорскат лига. Со младински категории мислам дека сеуште добро си работат.

Љуботен Тетово и Вардарски Богданци - Љуботен, најстариот Македонски тим имаше неколку влезови во втора лига во изминативе 10-тина години ако не грешам (еден бараж го загубија од Кожуф). Последниве госдини неколку пати водеше долга битка за влез од трета лига запад во втора лига, но постојано ја губеа битката во крајните кола. Годинава незадоволни од тоа што во трета лига запад за другите клубови не важеа истите правила како и за Љуботен, ја напуштија лигата. Вардарски константно играа во трета лига југ, но пред некое време отпаднаа и не сум ни сигурен дали постојат уште...

Брегалница Делчево - Успесите ги доживеаа во времето на Миленко, но истиот и ја закопа екипата. Од прва лига, испаднаа во најдолните лиги поради финансиски колапс. Пред некоја година успеаа да влезат во втора лига, но на крајот му го дадоа местото на Баби од Штип. Годинава одново играат во трета лига исток под име Брегалница Голак.

Влазрими Кичево, Башкими и Милано- Влазрими и Башкими се во трета лига. Башкими лани за малку не влезе во втора, а и годинава истото ќе ги снајде. Милано не постојат иако до пред некоја година играа во ОФС Куманово, четврта лига.

Некои второлигаши од поодамна :)
Вардар Брвеница - Стандардно играа во втора лига, но потоа испаднаа за време на војната. Едно време се реоформија и како единствен Македонски тим во трета лига запад им беше вршен голем притисок па го напуштија натпреварувањето.

Ударник Пирава, Јака Радовиш и Малеш Берово- екипата од селото на Гошев :D Долги сезони беа во втора лига, потоа испаднаа во трета лига југ, за сега да играат во четврта лига ОФС Валандово. Пред некое време имаше повик за донации за нив. Јака Радовиш во ист период играше во втора лига со Ударник. Они после играа во трета лиг исток, а мислам дека името го сменија во Плачковица и сеуште се во истата лига. Малеш Берово од втора лига падна во трета исток и никогаш не успшеа да се врати. Пред некоја година се распаднаа ако не се лажам. Овој регион порано имаше многу второлигаши, но финансиите ги пресекоа...


Дојранско Езеро Дојран - Во минатото играа во втора лига, па испаѓаа во трета југ, за во моментов не знам ни дали постојат. Едно време водеа битка за втора лига, Истатов ги имаше фатено и судиите, ама изгубија на крај,но не сум сигурен од кого.

Вардар Неготино и Кожуф - Стандардни второлигаши. Имаа проблеми со финансии па сега се заглавени во трета југ. Годинава имаат амбиции за влез во втора лига, но осдново имаат финансиски проблеми, па иако се први на табела, не се знае што ќе биде со нив. Кожуф мислам имаат и во прва лига играно, но не сум сигурен. Исто варираа меѓу прва и втора лига, за годинава да играат во трета југ и да имаат големи проблеми да опстанат. Ги избркаа од стадионот во Гевгелија, но мислам дека го средија тој проблем на крај.

Алумина Карпош - порано беа редовен декор од втора лига. Неколку години падна во трета, па пак се вратија во втора лига, за псоледните неколку години одново да играат во трета север. Годинава се откажаа пред дапочне првенството, па или играат во некоја општинска лига на Скопје, или не играат никаде.

Слога Виница и Победа Валандово - Некогаш познати екипи, сега Слога Виница се бори после долги години за влез во втора лига, но ќе ја изгуби битката со Беласица, додека Победа Валандово иако лани изборија влез во трета лига југ, сепак се откажаа и госдинава одново играат во ОФС Валандово, четврта лига.

Воска Охрид - Екипава играше во втора лига во минатото. После падна во трета лига југозапад, и потоа се закопа во четвртите лиги, во ОФС Охрид. Долги години играат таму и мислам дека сеуште се во истава лига.

Едно време имаше една екипа со име Индустрија Мак Месо или нешто слично. Играа во трета исток, па некоја година играа во втора лига. Не сум сигурен, можно е да се работи за Овче Поле од Свети Николе, тим кој истотака иако живуркаше во трета лига исток, во моментов не постои.
Vlatko Gosev e od Vinica :)

Sent from my C2105 using Tapatalk
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.412
Поени од реакции
42.670
Majка ми е од Пирава. :D

Иначе, Победа Валандово има обезбедено пласман во прва лига, ама ги скинале педерски, 95та мислам. :)
 

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
ФК Беласица, фк скопје, дојранско езеро, охрид 2004

Sent from my LG-E400 using Tapatalk 2
 

Незапирливи 1903/87

Изгорен за Вардар
Член од
20 јули 2011
Мислења
3.496
Поени од реакции
9.988
Од постов на Коњаникот, ми текна колку само клубови во државава згаснаа, се повеќе македонски клубови не постојат, а се повеќе албански клубови одат во горните лиги, нормално подржувани и од градочалниците кои си ги добија...Жалосно е што многу македонски клубови веќе не ни постојат, или пак играат во трета/општинска лига... Жално е што градови како Куманово, Прилеп и Струмица немаат прволигашки клуб а дооолги долги години имале стабилни клубови, клубови што биле имиња во мак фудбалот..Пелистер од Битола до пред две години играше во втора лига...Градови како Охрид, и Велес немаат тим во првата лига..Клубови од помали места, кои многу значеа во нашиов фудбал целосно згаснаа, Саса, Осогово, некој не ни знае дека постоеле овие клубови...Маџари Солидарност, Цементара, чаирските Балкан и Слога, Балкан згасна откако од Чаир се иселија Македонците, на Слога маме и ебаа, од бренд од толку трофен клуб, еден од најголемите клубови во државава, дојде на такво ниво да игра во најниските лиги, клубот да се преименува и други клубови да играат на нивниот стадион, а фановиве да ги прават будала демек, еве Слога ви игра, а тоа те Ал Барса, те Дрита, те Корзо...:facepalm: И покрај тоа што ни се големи ривали и толку омразени, :D мене ми е жал што клубот толку ниско падна... Во западна Македонија, Љуботен веќе мислам дека не се ни натпреварува, Кораб веќе не личи на македонски клуб, Гостивар исто, Караорман згаснат...Тетекс е во втората лига, ама затоа Шкендија ќе се бори за влез во ЛШ... :D Не дека тоа не ме радува, да не бидам погрешно разбран, што посилни клубови во лигата, посилна станува и лигата, повеќе конкуренција, поголем квалитет, жалосно е што во државава Македонците ги боли таковото за клубовите кои се синоним на своите градови, ама затоа има се посилни Шкендија, Ренова, Гостивар, Зајас...:D Јбг таква ни е и државата... :D Жалосно е и што во прва лига имаме клубови како Турново и Еуромилк, а ги нема оние кои ги спомнав погоре...Ама тоа е тоа ние од година во година си се надеваме на подобро...:D И извинете што забегав надвор од темава :)
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.451
Поени од реакции
68.693
Во склоп на постов, наскоро и Напредок ќе го бараме во темава за жал...
Скоро цел тим го напушти составот, и веројатно со младинци ќе ја доиграат сезоната (ако воопшто ја доиграат). Очекувам брзо да испопаѓаат во лигиве, па можеби и да се распаднат.
Жалосно за тим кој постојано во просек има над 2000 гледачи...
На сметка на нив општината си го форсира Зајас...
 

Незапирливи 1903/87

Изгорен за Вардар
Член од
20 јули 2011
Мислења
3.496
Поени од реакции
9.988
Во склоп на постов, наскоро и Напредок ќе го бараме во темава за жал...
Скоро цел тим го напушти составот, и веројатно со младинци ќе ја доиграат сезоната (ако воопшто ја доиграат). Очекувам брзо да испопаѓаат во лигиве, па можеби и да се распаднат.
Жалосно за тим кој постојано во просек има над 2000 гледачи...
На сметка на нив општината си го форсира Зајас...

Многу јасно, Кичево си доби Албанец за градоначалник, кај и да е Зајас ќе му го земе местото на Напредок, така е и во сите општини/градови каде што се сменија градочалниците...Баш така, многу убав шмек имаат утакмиците кога гостуваме во Кичево, скоро цел стадион се полни...:)
Не ми се верува на какво ниво ќе ни падне лигава ќе жалиме и за Напредок, кога ќе дојде ред Зајас да игра во прва лига :facepalm:
 

^Exotic^

Wanderstruck
Член од
25 ноември 2007
Мислења
5.969
Поени од реакции
1.059
A?

Sent from my C2105 using Tapatalk
Слабо со интернет манири, а? :)
Дечкото ти замери зошто цитираше толку долг и квалитетен пост за да напишеш една бесмислена и непродуктивна реченица. Во иднина, скрати го цитатот ако веќе планираш да одговараш на долг пост. И не мора да се внесува од кој телефон пишуваш.

Онтопик, срце ме боли за Победа.
Од странските тимови ми недостасуваат Мидлзброу, тим кој редовно беа средно мизерни но знаеја да нанесат штета на големите тимови кога најмалку требаше. Имаа добар состав со Даунинг, Рочембак, Мендиета (се надевам не ги помешаа последниве двајца со некои други играчи).
 
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.498
Поени од реакции
2.779
Во Франција (Бастија е слаба во последно време, еднаш играше интертото со Македонија ЃП и ги совладаа со 7-0 во Франција), Стразбур, па и Мец како редовен учесник во прва лига.
A не кажуваш дека Ѓорче ја плесна Бастија на Градски со евроголот на Тони Наумоски.
Мислам од слободен дека беше. ;) jkl.png
 
Член од
2 јуни 2007
Мислења
5.704
Поени од реакции
3.266
Едно време имаше една екипа со име Индустрија Мак Месо или нешто слично. Играа во трета исток, па некоја година играа во втора лига. Не сум сигурен, можно е да се работи за Овче Поле од Свети Николе, тим кој истотака иако живуркаше во трета лига исток, во моментов не постои.
Месна индустрија му беше име во почетокот на овој век :) Пред тоа Овче Поле беше солидна екипа за втора лига, стално си беа средина на табела, безбедни над зона за испаѓање. А кога биле во Прва Македонска Лига у склоп на СФРЈ, биле доста силна екипа. Играчи на позајмица од Вардар, ОФК Београд имало, имало и еден руснак Хусинов, од СССР, како го довеал ветер кој знае. За делот дека не постои, тоа е минато време. Од оваа година наново се оформија, играат во Општинска лига со селата од околина. Демек властите ќе спонзорираат со 5000 евра годишно, плус спонзори од фирми, колку да го догураат некако бар до втора лига изгледа :) Во моментот нешто го прават теренот, шо како, нова трева ли обнови ли, појма неам.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom