од италија како попознати ми текнува на Лече,Реџина,Месина.Да не ги набројувам сите, сигурно ќе набројам уште 10 без проблем.Во истава група спаѓа и Асколи.Еве најпресно Катанија ја гонат за местенки и не и е сигурно местото во 2ра лига.
од грција ми текнува на Лариса,а исто мислам имаше и едни Ираклис(можеби грешам),лани испадна и АЕК па незнам каква судбина го снајде понатаму.
од англичаниве прво ми текнува на Лидс па на Чарлтон.Мборо беше стандардна екипа и испадна и не се врати ама искрено ич не мие мака занив, некако ептен гној екипа ми беа,одбивни..
од французиве гледам исчезнаа Ле Ман не дека некое екипиште беа ама се врткаа во прва лига.Стразбур веќе кажавте , да не се повторувам.А стварно голем клуб се.Седан исто да се спомини кој играше во прва лига пред 10години.
исто така голем број на екипи од полска се изгубија поради некој скандал,голем дел од нив беа исврлени во долните лиги.Арка,Полониа Б,Одра,Белчатов испадна пред 1-2 год ....и стварно незнам кај се ама Полониа Варшава беше една од подобрите полски екипи кои беа на горниот дел од табелата.
Шпанците исто како и кај италијанците,еден куп тимови кои веќе ги спомнавте.Сакам да ја спомнам Осасуна,која само една сезона е во втора лига но ЕДВАЈ успеа да се спаси и да не испадни за 3та....Не верувам дека ќе се вратат во прва лига во наредни години.
Од словачка имаше еден тим кој беше шампион и играше во лш,нз дали ќе се сетите на него.Петржалка.
Во моментов други клубови кои ми текнуваат а се од другите лиги се: швајцарски Ксамакс,австриски Пашинг,прилепска Победа.