Втора победа по ред на Ла Коруњски Депортиво

Депортиво-Сабадел 2-1!
Меч во кој дебитираа Рабело и Точе, додека за прв пат во стартерите беше и повратникот Диего Саломао.
Видовме сосема нова напаѓачка линија на Депор. Со Саломао на десно крило, Луисињо на лево, Рабело како полушпиц и Борха Бастон во нападот.
Одма се виде подобра игра во нападот и подобри акции.
Ќе видиме кој напаѓач ќебиде избор број еден. Луис Фернандез е повреден, Бастон некако премногу статичен, а Точе имаше добро деби.
Се очекува откако Сисоко ќе влезе во ритам, тој да стартува како десно крило, Саломао на лево, додека Луисињо да се врати нанеговата лева бековска позиција.
Денес левбек ни играше Сеоане и одлично си ја заврши работата. Искрено би ми било криво ако го седнат на клупа. Добро игра во последно време и заслужува да биде во составот.
Сега Хуан Васкез ќе има слатки маки да ги одбере стартерите

Одамна не сме имале волкав избор на играчи.
Марчена еповреден на пократок период, а денес ни Лопо не беше во составот, но набрзо ќе биде.
Сепак неговото враќање во Ла Коруња не беше баш најдобро пречекано од најверните фанови на Депортиво, Риазор Блуз.
Напротив беше исвиркан па дури и се скандираше Умри Лопо

Не му забораваат што го напушти тимот првиот пат кога испаднавме од Примера...
На штоперска позиција Инсуа си беше одличен, друштво му правеше средњакот Бергантињос, а во второ полувреме влезе и младиот Уксио кој ги изигра последните 20-тина минути.
Сега имаме еден куп штопери и мислам дека Лопо можеби е вишок со оглед на тоа што најверојатно ќе сизамине во јуни, и само би го сопрел развојот на Инсуа. И онака со Инсуа и Марчена имаме одлична одбрана за Сегунда.
Во прво полувреме имавме доминација, но немавме некои којзнае какви шанси.
Рабело се трудеше многу, сакаше уште од прв ден сда стане херој

Имавме неколку добри акции но без завршница. По асистенција на Луисињо до Саломао, а овој до Борха, имавме добра шанса, но Борха премногу чекаше и го блокираа.
Во вториот дел се разигравме особено откако Сабадел добија црвен картон.
Луисињо е убедливо најдобриот играч на Депортиво на последните мечеви.
Што сака си прави во лигава

После еден негов изнуден слободен, Саломао одбиената топка ја смести во голот за 1-0.
Потоа Саломао имаше одличен соло продор, но гостинскиот голман одбрани во последен момент.
Па имавме добар удар преку Хуан Домингез, но голманот на Сабадел одби над гол.
Сабадел ја превзема иницијативата, но Фабрицио одлично го заменуваше Лукс.
Во текот на нивната иницијатива добивме чуден црвен картон, и тоа за приговор на Хуан Домингез

Васкез направи неколку замени па во игра влезе Точе. Истиот после неколку минути доби топка во празно од Лауре ако не се лажам и погоди за 2-0.
Набрзо гостите после еден корнер погодија за 2-1. Стандардно примени голови после прекини... Уште немаме лек за тоа.
Имавме нова шанса откако нововлезениот Сисоко изби од косо пред голот, додаде до Точе, овој успеа да го погоди само голманот, а Луисињо одбиената топка ја шутна крај стативата

На крај сепак заслужено се радувавме на новите три бода.
Очекувам да се задржи добрата игра, да градиме тим за следна година и заслужена да се пласираме во Примера
Во последниот ден од трансфер сезоната, Депортиво даде на позајмица два играчи. Руди го позајмивме во Белененсес, а младиот Телес ќе игра за Расинг Ферол. Сите очекуваме да добие минутажа, па ќе видиме што ќе испадне од него.
Истотака најверојатно капитенот на младинците на Хајдук дојде на позајмица во Депор Б. Се работи за Тончи Мујан кој наводно привлекувал интерес и од големите тимови од Англија...