"Заборавени" екипи

Dave

subcomandante
Член од
15 февруари 2008
Мислења
1.663
Поени од реакции
2.949

Daniel.

Juventino per sempre
Член од
18 август 2009
Мислења
620
Поени од реакции
356
Не видов некој да ги спомна - Rangers F.C.



Беа главни во Шкотска, заедно со Селтик, а сега играат во Шкотска 3 (мислам дека имаа проблеми со финансиите па затоа играат во толку низок ранг сега). Како и да е, далеку се под некогашното ниво.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Не видов некој да ги спомна - Rangers F.C.



Беа главни во Шкотска, заедно со Селтик, а сега играат во Шкотска 3 (мислам дека имаа проблеми со финансиите па затоа играат во толку низок ранг сега). Како и да е, далеку се под некогашното ниво.
Па добро, беа во четврта лани, сега се трета, 20 бода разлика од вториот, сигурно влагаат во втора.. Да им дадеме време да се вратат назад, се рестартираа, можеби за две години ќе се назад во СПЛ. Сакам да кажам, се` уште не се заборавени како М`Боро и Чарлтон што одамна ги нема во прв ранг.
 

Uli Hoeneß

Präsident
Член од
6 август 2010
Мислења
13.966
Поени од реакции
25.279
Тимови што ми оставиле впечаток, а спаѓаат во заборавени екипи се Ленс, 1860 Минхен (ми недостигаат тие натпревари со Баерн), Ханза, Лидс, Блекбурн, Мидлзброу и тимови кои сепак не се толку заборавени, испаѓаат и се враќаат се Кајзерслаутерн, Келн и Депортиво.
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.232
Ги спомнавте Вимблдон. Фрката е што сопствениците на клубот, по падот од Премиер Лига, во 2003 решаваат да го преселат цел клуб во Milton Keynes, населба во Лондон и го прекрстуваат Milton Keynes Dons. По ова, фановите на Вимблдон, решаваат да формираат свој клуб, наречен AFC Wimbledon, сместен во нивната населба Вимблдон. Моментално тој клуб се наоѓа во Лига 2, четврта лига по ранг во Англија.
 

MiaSanMia

Chipolopolo
Член од
7 април 2012
Мислења
9.974
Поени од реакции
8.682
Repost pravis za Wimbledon,objasni Dave mislam na prethodnite strani.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.451
Поени од реакции
68.695
Кој бе Депортиво заборавен тим :icon_mrgr:
Па цела тема имате на форумов која редовно ја апдејтирам :icon_mrgr:
http://forum.kajgana.com/threads/Фан-Клуб-Депортиво-Ла-Коруња.14298/page-111
Проблемот се финансиите. Тимот е под стечај, и си работи под надзор на стечаен управник. Имаше период во кој само прашање на часови беше ликвидација на клубот, но спасивме гз.
Вечерва играме, ако сакате стримови слободно побарајте од мене :D
Тим во кој игра Марчена, неможе да е заборавен тим :P

Пишав и во темата за играчи, пред да се отвори оваа тема.
Во глобала да не се повторувам, мислам дека само Компостела не сте ја наброиле.
Компостела се распадна ради финасиски причини.
Тука може да се вброи и Овиедо како тим кој играше во Примера едно време.
Со помош на неколку Европски силни тимови тимот успеа да собере пари за да не биде ликвидиран. Сега се натпреварува во трета лига заедно со Сантандер.
Тука може да се набројат и Албасете (сега трета лига), Нумансија (вторалига), Кадиз (трета лига) и Ксерез (трета лига).

Од Германија, Минхен 1860 и Алеманија Ахен (веќе набројано), во Италија исто сенабројани голем дел од тимовите (Тревизо, Перуџа (која гостуваше и во Скопје, позната беше дека му даваше шанси на синот на Гадафи мислам, еднаш ангажираше женско фудбалер и го отпушти Кореецот Ан кој растураше на СП 2002 затоа што ја елиминира Италија), Пјаченца, Венеција, Виченца, Салернитана, Емполи, Комо, Бреша, Бари, па и Анкона (првиот тим на Пандев. Во напад им играше Ракитиќ и пола сезона немаа победа, прв тепаа 3-2 со некоја екипа и после долги години се откри дека мечот бил наместен)).
Во Франција (Бастија е слаба во последно време, еднаш играше интертото со Македонија ЃП и ги совладаа со 7-0 во Франција), Стразбур, па и Мец како редовен учесник во прва лига.

За Македонија (од прволигашите):
Балкан Чаир - тимот не постои веќе неколку години. Играа во трета лига до 2004-5, после се претопија во втор тим на Слога, па со тек на време иво четврта лига престанаа да играат.

Саса М.Каменица и Рудар Пробиштип - Некогаш редовни учесници во прва лига (особено Саса), сега само живуркаат во трета лига исток.

Осогово и Беласица - Осогово редовен учесник во прва лига до пред некое време, Беласица со одлични години во првата лига, но сега и двете екипи се во трета лига. И двете екипи повремено влегуваат во втора лига, но бргу испаѓаат.

Борец Велес и Маџари Солидарност - Борец истотака порано редовно играше во прва лига, но имаше огромен пад, па едно време не играше никаде, за лани после долги сезони да влезат во втора лига, но одново ќе отпаднат. Маџари слична ситуација, само што они покасно прогресираа во првата лига, па дури и играа финале на куп, кое мораа да го загубат од Башкими. Во моментов се држат во втора лига, колку да не отпаднат. И они имаа неколку години поминати во трет лига.

Куманово - Некогашен прволигаш. Како отпаднаа од прва лига, така паѓаа и понатаму па до 2004-5 играа во трета лига север, за потоа да се распаднат. Во моментов само фигурираат во четврта лига ОФС Куманово.

Караорман Струга и Охрид - Карароман никако да влезе во погорни лиги. Едно време влегоа во втора, но напразно. Постојано испаѓаат и во моментов си се редовни третолигаши. Охрид преклани се вратија во прва лига, но експресно испаднаа иако едно време беа при врвот на табелата... И во втора лига служеа како топовско месо, за на крај да се распаднат...

Тиквеш Кавадарци - Некогаш редовен прволигаш, потоа варираше меѓу втора и трета лига, за годинава да се распадне. Имаше неколку повици за спас од Лозари, но не успеаа во борбата со газдата на клубот...

Цементарница Кисела Вода - Некогаш јак прволигаш, со освоено куп титула и куп финале. Падна во втора лига, па во трета, за на крај да испадне во ОФС КиселаВода, четврра лига. Лани завршија втори, годинава се послаби и дури мислам дека ќе се отјажат од натпреварувањето. Играат со младинските категории и во сениорскат лига. Со младински категории мислам дека сеуште добро си работат.

Љуботен Тетово и Вардарски Богданци - Љуботен, најстариот Македонски тим имаше неколку влезови во втора лига во изминативе 10-тина години ако не грешам (еден бараж го загубија од Кожуф). Последниве госдини неколку пати водеше долга битка за влез од трета лига запад во втора лига, но постојано ја губеа битката во крајните кола. Годинава незадоволни од тоа што во трета лига запад за другите клубови не важеа истите правила како и за Љуботен, ја напуштија лигата. Вардарски константно играа во трета лига југ, но пред некое време отпаднаа и не сум ни сигурен дали постојат уште...

Брегалница Делчево - Успесите ги доживеаа во времето на Миленко, но истиот и ја закопа екипата. Од прва лига, испаднаа во најдолните лиги поради финансиски колапс. Пред некоја година успеаа да влезат во втора лига, но на крајот му го дадоа местото на Баби од Штип. Годинава одново играат во трета лига исток под име Брегалница Голак.

Влазрими Кичево, Башкими и Милано- Влазрими и Башкими се во трета лига. Башкими лани за малку не влезе во втора, а и годинава истото ќе ги снајде. Милано не постојат иако до пред некоја година играа во ОФС Куманово, четврта лига.

Некои второлигаши од поодамна :)
Вардар Брвеница - Стандардно играа во втора лига, но потоа испаднаа за време на војната. Едно време се реоформија и како единствен Македонски тим во трета лига запад им беше вршен голем притисок па го напуштија натпреварувањето.

Ударник Пирава, Јака Радовиш и Малеш Берово- екипата од селото на Гошев :D Долги сезони беа во втора лига, потоа испаднаа во трета лига југ, за сега да играат во четврта лига ОФС Валандово. Пред некое време имаше повик за донации за нив. Јака Радовиш во ист период играше во втора лига со Ударник. Они после играа во трета лиг исток, а мислам дека името го сменија во Плачковица и сеуште се во истата лига. Малеш Берово од втора лига падна во трета исток и никогаш не успшеа да се врати. Пред некоја година се распаднаа ако не се лажам. Овој регион порано имаше многу второлигаши, но финансиите ги пресекоа...


Дојранско Езеро Дојран - Во минатото играа во втора лига, па испаѓаа во трета југ, за во моментов не знам ни дали постојат. Едно време водеа битка за втора лига, Истатов ги имаше фатено и судиите, ама изгубија на крај,но не сум сигурен од кого.

Вардар Неготино и Кожуф - Стандардни второлигаши. Имаа проблеми со финансии па сега се заглавени во трета југ. Годинава имаат амбиции за влез во втора лига, но осдново имаат финансиски проблеми, па иако се први на табела, не се знае што ќе биде со нив. Кожуф мислам имаат и во прва лига играно, но не сум сигурен. Исто варираа меѓу прва и втора лига, за годинава да играат во трета југ и да имаат големи проблеми да опстанат. Ги избркаа од стадионот во Гевгелија, но мислам дека го средија тој проблем на крај.

Алумина Карпош - порано беа редовен декор од втора лига. Неколку години падна во трета, па пак се вратија во втора лига, за псоледните неколку години одново да играат во трета север. Годинава се откажаа пред дапочне првенството, па или играат во некоја општинска лига на Скопје, или не играат никаде.

Слога Виница и Победа Валандово - Некогаш познати екипи, сега Слога Виница се бори после долги години за влез во втора лига, но ќе ја изгуби битката со Беласица, додека Победа Валандово иако лани изборија влез во трета лига југ, сепак се откажаа и госдинава одново играат во ОФС Валандово, четврта лига.

Воска Охрид - Екипава играше во втора лига во минатото. После падна во трета лига југозапад, и потоа се закопа во четвртите лиги, во ОФС Охрид. Долги години играат таму и мислам дека сеуште се во истава лига.

Едно време имаше една екипа со име Индустрија Мак Месо или нешто слично. Играа во трета исток, па некоја година играа во втора лига. Не сум сигурен, можно е да се работи за Овче Поле од Свети Николе, тим кој истотака иако живуркаше во трета лига исток, во моментов не постои.
 

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
да не го цитирам сабја, лани победа не изборија, удово завршија први, имаше мучки нешто дека ќе влезат но ништо, Младост Удово си терат во трета па здравје годинава ако некој не ги преебе во баражот победа ќе игра во трета лига
 

Kajgana Shop

На врв Bottom